Ми се оди на свадба. Иако нема да ме покани, ќе му одам. Нема поубава глетка од младоженечка пот на чело
1. Да се грижам повеќе за здравјето и телото. 2. Да се научам да раководам со своите емоции ( да најдам начин да ги покажам и искажам во вистинско време, а не пијана да почнам да плачам ради ситница некоја). 3. Да положам се во рок, да учам со ред итн. 4. Да поминувам повеќе време со фамилијата и друштвото. 5. Да прошетам на нови и убави места. 6. Да се заљубам, maybe?
Нај, нај искрено треба? *Да се сите околу мене во фамилијата живи и здрави. * Јунакот мајкин да е здрав како дрен. Како мајка му. * Да имам човек до себе што може да ме истрпи. * Редовен секс. * На професионален план да не оди од ова подолу. * Тој што ке ме истрпи најарно е да е вон државава и ние покрај него. * Поголемо трпение, и да излезам од ова асоцијално лудило. * Реновирање по дома, и фемина потајно ми ја даде таа една соба плус.
• 2019 e моја година, ќе дипломирам на медицина конечно • Да си се преселиме со дечко ми во NL • Некој кг минус • Да почнам со работа во NL • Помалку да се инаетам • Да си го купам BMW-то што го видов.
Во 2019 сакам да сум подобар човек Да почнам да се ценам себеси и другите кои го заслужуваат тоа Да внимавам повеќе на здравјето Да спортувам повеќе
1. Да имам само 9ки и 10ки на факс. 2. Да бидам поблиска со тие што ги сакам. 3. Да не го загубам социјалниот живот. 4. Да не скренам. 5. Да ги догледам сериите што одамна ги почнав. 6. Да прочитам повеќе книги. 7. Да имам позабавен живот со повеќе предизвици.
Конечно да полагам за возачка и да го победам стравот од скопскиов сообраќај! Да симнам барем 10 кг. Да заработам доволно за да одиме на романтично патување сами јас и тој макар на 3 дена ( Париз, Берлин, Амстердам). Се надевам ќе успеам!
1.Да се посветам себеси максимално и да поработам малку и на менталното здравје, кое покрај физичкото кое ми е во топ форма е исто така важно. 2.Малку повеќе бескрупулозна да бидам, доста е веќе осет спрема сите. 3.Да не се заљубам. (Барем не несреќно.) 4.Повеќе успех на професионален план. *И она што е најбитно моите да се живи и здрави и секогаш покрај мене да ми бидат подршка и да бидам опкружена со моите другарки и другари затоа што сè друго пропаѓа во вода ако немате со кого да ја поделите среќата!
1. Да бидам среќна 2. Да бидам здрава 3. Сите мои најблиски да се живи и здрави 4. Да бидам успешна во секое поле од животот 5. Тој што ми ја даде најголемата потпора кога раскинав долгогодишна врска да е цел живот покрај мене и да биде супер како што е до сега
Да ги положам сите испити Да ме примат на специјализација во Русија Болните да оздрават Сиромашните да се збогатат Бездомните животни да си најдат дом и се остало во се најдобро
Да останам бремена и да родам здраво и право бебенце. Да почнеме да ја градиме нашата куќа од соништата и да ја уредиме со сопругот како што сакаме. Да се хранам по здраво и да спотувам повеќе, Ако ми текне уште нешто ке допишам.
1. Сите да се здрави и среќни 2. Да бидам опкружена со вистинските луѓе 3. Почесто да излегувам и да се дружам 4. Да одиме на одмор сите заедно 5. Да читам повеќе 6. Да не забушавам со учење
Кога читам колку добро посакувате наоколу и како посакувате да имаме сите здравје ми се топли душава Дупло со се најубаво да ви се врати на сите
1.Да сум жива,здрава,среќна 2.Уште некое кг минус,повеќе вежбање 3.Да ме примат на факултет во земјата во која сакам. 4.Он да ми ги признае неговите чувства за да можам и јас,и конечно да си фанам дечко. 5.За матура да си најдам тоа што сакам. 6.Да минам матура со 5ка. 7.Летото се да биде супер онаму каде што ќе одам на одмор.