1.Да бидам посреќна во оваа година 2.Да сум жива здрава и моите сакани блиски исто така 3.Колку зависи од мене да го направам светот поубаво место за живеење
1. Да заборавам се ... Спојлер Ех да постоеше бришење на меморија и кај човекот 2. Да го избегнам ср*њето. Спојлер Да избегнам секаков вид на емотивно ср*ње 3. Да не бидам толку наивен. Спојлер Да не верувам на зборовите на луѓето кои си играат к***т со мене 4. Да се грижам повеќе за себе отколку за другите. Спојлер Затоа што сфатив дека мојата грижа за другите може да биде погрешно разбрана. Од сега ќе ме боли к.. за нив, како што ги боли нив за мене и за моите чувства 5. Да не верувам дека на некого му е грижа за мене. Спојлер Оти постојат луѓе кои покажуваат грижа кога си најмногу ранлив се со цел да ти го сј***т уште повеќе животот Спојлер
1.Повеќе време со книга,место со телефон во рака. 2.Нега на духот и телото,во секоја смисла. 3.Да им (по)кажувам почесто на блиските колку ги сакам! 4.Најважното-Бебе во меше,мислам дека заслужив,2020 е добра година за раѓање 5.Нова година да ја дочекам на плажа
Да, сум жива, здрава, заедно со најблиските. Со мажот ми, да си се сакаме како и до сега. И господ да не дарува со едно живо, здраво, бебенце.
1.Да се посветам повеќе на духовното и да поработам на промена на некои особини и навики. 2.Да си воведам поздрав и избалансиран начин на исхрана, да имам редовна физичка активност и да си ја вратам старата тежина. 3.Да се вработам. 4.Да посветам повеќе време на сите хобија и мали нешта кои што ме прават среќна. 5.Неколку кратки викенд патувања и еден убав летен одмор. 6.Да водам грижа повеќе за здравјето и да ги обавам сите потребни прегледи. А нешто најважно што го посакувам за себе и за сите блиски е здравје и душевен мир и спокој.
1. Најважна желба, да бидиме здрави и живи сите дома. 2. Да бидам поуспешна од што сум сега. 3. Да положам за возачка. 4. Да смалам некое кило. 5. Да посетам што можам повеке земји. 6. И она кое што одамна го посакувам, да си најдам некој со кој што ќе бидам среќна.
Да ги положам сите испити Да ја зголемам самодовербата Да бидам здрава, да се здрави и мојата фамилија. Во лето да отидиме на најубавото место на одмор.
Пола остварени, пола на "на пола пат" до остварување на головите, и две половини од две цели непостигнати. Со уште само 3 месеци до крајот на годината. Ама што година ќе беше. Голови до крајот: 1. Посакуваниот просек на факултет 2. Уште 2 пати по толку да отидам надолу со килажата 3.Постојана работа 4. Историската возачка 5. Подобрување на другите 2 јазици кои веќе ги знам 5. Посета на Лондон So far, so good.
1. Да земам диплома; 2. Откако ќе земам диплома, да ја фрлам проклетава "работа" како ѓубре во контејнер; 3. Да најдам работа во странство, таква каква што заслужувам; 4. Да почнам живот странство, бидејќи од сите агли овде немам иднина; 5. Чекор по чекор, оценка по оценка, реченица по реченица на јазикот што го учам, за година две се гледам скоро реализиран.
Од оваа перспектива гледано имам само една цел... ..да ја преживеам 2019.. Пошо се друго отиде во вода..какви цели какви чуда..
Само две работи не сум исполнила од листата, не останале на листата на приоритети кога ќе погледнам. Сепак 2019та ми беше најуспешна година досега. 2020та треба да биде уште повеќе.
1. Повеќе од претходно, но не доволно 2. Исто како 1. 3. Летен семестар да, зимски не баш. 4. Исполнето. 5. Исполнето и ова. 3 патувања надвор од Македонија, неколку низ државата. 6. Не maybe, туку surely исполнета цел. Повеќе од посакуваното. За 2020 се надевам дека од 1-5 ќе бидат исполнети поуспешно од 2019. За 6 се надевам дека ќе трае и дека ќе цвета се повеќе и повеќе.
Да заокружиме,2019 се што имав замислено, остварив дури и повеќе од тоа. Треба да се чувствувам поинаку ради ова сето
Цел живот посакувам да ослабнам Неколкуте што јас ги сакам ме сакаат така да ова ми се признава како остварено. И незнам кај сум брзала што сум пишала штоа наместо што јас.