Ерика додека жали за Чарли: Леле да што убаво ме потсети, песнава ми беше на рипит тие денови кога искочи. Скроз е Мајли 2013, а колку и да се провокативни спотов и песнава не ми се премногу вулгарни без вкус. it's not clocking to you that I'm standing on business. It's not clocking to you bro Лара и КТ од наше поднебје инвазијата на лабубус
@Srckata28 Полека малку, само спомнав во една речница и секако дека нема да влечам со тоа. А, темава е во општи дискусии што значи можеме и да коментираме сериозно и да се насмееме. На факултет учев за разни култури и како размислуваат разни народи. Плус, долги години имам комуникации со Американци и им го знам паметот (или недостаток на истиот). Кај нив и многу зависи која генерација колку години е таму, колку е Американизирана. Нормално дека новодоселени и луѓе кои се само околу 10на или 20на години таму не размислуваат исто со некои чии фамили се таму над 100 години. Првиве и вториве уште ќе гледаат чудно на вакви нешта додека третиве се навикнати (на пример, имаат различни ставови за поседување на огнено оружје). @Аргентина * Јас за Ерика имав прилика да чујам уште пред да стане госпоѓа Кирк. Чарли не беше тој кој ја внесе во политичка активност, само ја направи попозната. Не викам дека нема ништо. Можно е. Само треба да се презентираат цврсти докази. @Angie1432 Тоа да, нема да се откаже од богатење дури и ако стварно жали по него. Амбициозна жена е. Ако од ова не излезе нешто за неа, не би се чудела својата ситуација да ја искористи за поени во политичка кампања доколку ѝ падне на памет да се кандидира за нешто.
Нели цела идеологија и беше SAHM? Бар колку што имам гледано кај сопругот. Што сега дебати, ceo? Нели жената за во кујна беше? Друго што видов последно, за Turning point USA.. немам гуглано уште, немам проверено, ама завидов некаде дека двајцата основачи Кирк и Монтгомери мислам беше, прво ја основаат TPU и се залагаат за про оружје, и редуцирање на ковид мерките, и ironically Монтгомери починува од Ковид, а Кирк, од оружје..
Ријана конечно доби женско бебе. Чудното трчање на Кејти Пери на нејзиниот концерт . Јавното искажување на љубов на Селена Гомез и Бени Бланко за момент беа relationship goals. И општо, оваа година мислам дека Бени ептен си добиваше пофалби од сите страни, особено дека бил продуцент на повеќето поп песни од нашите детски/тинерџерски години. Тејлор Свифт и Тревис Келси исто имаа бум оваа година. Ја критикуваа Тејлор дека подобри албуми правела кога тажела по некој дечко . Ана Винтур повеќе не е главен уредник на Вог. Бијонсе конечно добива „контроверзно“ Греми за албум на годината. Кавгата на Трамп и Илон Маск. П.С. Дали само јас се чувствувам како оваа бременост на Ријана да траеше 3 години ?
Реално, многу ќе ми беше криво ако не добиеше женско, на толку woman power кариера и милијардерски бизнис за everything womanly .
Првото нешто што го помислив. Мисли дека е над обичната жена за која збори дека местото и е дома, ама... заборава дека и она е исто жена, на крајот на денот. Би го спомнала и Џон Хам со мимот кој за мене ја заврши годинава, враќање во едни поубави времиња. Башка Џон Хам.
Скроз. Подржува традиционално, таа е исклучокот на правилото и добива моќ од истата идеологија која и ја одзима на the next woman. Двоен стандард или правилото важи, но не за мене? аМа оНа гО пРоДолЖува неГовОто дЕлО. Нека го продолжи во кујна, и нека остави мажите од "фамилијата" да ја водат ТПС.
Антифеминизам и местото на жената е дома в кујна да си чува деца. Чавко една, ти си водач на политичка организација и идеш на турнеја само поради правата и борбата на феминизмот за твојов успех. Сами се пукаме во колена 90% од времето, и мажите ни се криви одпосле. И не познавам чоек шо ужива да оди на работа, со насмевка, заебанции и пиротехника после смрт на сопруг/а. Чудно е! И плус, Мамдани, нов млад либерален водич на Њујорк. Муслиман што многу вокално беше антизионист и против Израел, али... прва победа и ене го славеше со крзнените капчиња насмеан од 6ка до 6ка. Буквално све е театар. Све. Јоооооој какво шоу на кловнови е ова, сите не онадат психички.
Ако збораме површно дали е популарна - е. Ако збораме реално и детално дека има fatigue од нејзини филмови - има (од страв да не има fatigue од филмови со Марго Роби се повлече после Барби кон режирање повеќе; буквално процес е ако еден актер го гледаш сегде да се презаситиш). Следно, ако прво нешто шо те асоцираат е одредена контроверзија која неќиш да ја коментираш - не е canceling, дааалеку од то, ама те носи да си трендинг неколку дена за таква тема hence .... ✨2025 низ поп култура✨. Буквално темата е да се коментираат такви моменти, а Сидни има такви моменти. Сидни е типичен пример за актер/ка која од нигде никаде од мала улога во која е совршена, излегва во светот и ја има с е к а д е и после светот се презаситва од неа. Имало многу пред неа, ќе има уште многу после неа во иста ситуација. П.С. И сам/а ќе забележиш дека "downfall" е во наводници. Спојлер за "тежината" шо ја има во реченицата.
Феминизмот, но верувам повеќе поради семејното потекло и врските. И таа и Чарли се деца на татковци кои имале моќни контакти. Татко и на Ерика учествувал во изградбата на Железната купола во Израел, а татко му на Чарли бил еден од архитектите на кулата Трамп во Њујорк во 80-те. Чарли беше фактички привилегирано дете кое можело да си дозволи да прекине студии (јер партиски пулен), арно ама испра мозок на еден куп други, збунети деца да се отпишат од факултет или воопшто да не се запишуваат, несвесни дека ги немаат истите можности како него... којзнае колку млади луѓе заглавилe така во животот, ама што има некој да мисли на тоа, дај нека си поплачи рајата уште малку по чарли... Во право си, само и социјалниот статус игра улога. Со многу парички некако полесно е. За Ерика знам дека била мис Аризона во 2012 на избор организиран од Трамп, понатаму снимала музички спотови, фотосесии, учествувала во реалити шоуа... Пред бракот со Чарли се трудела да стане селебрити, но светски позната станува по неговата смрт. Мене ми се смешни оние шпекулации дека таа е мастер-мајнд зад атентатот. Глупости. Единствено е можно таа нешто да знае, па да се прави наудрена, инаку ова е политичка работа, што би било поголемо од Ерика. А нејзиното константно медиумско присуство оттогаш не ми е чудно затоа што знам дека публицитетот носи профит.
Дуа Липа се вери. Мајли Сајрус се вери. Не во 2025, ама тогаш дознавме дека и Зендеја и Том Холанд се верија. Роналдо и Георгина конечно се верија; изгледа Роналдо конечно доживеа "spark", како што велеше дека чека да доживее за да ја запроси . Иконскиот glow up на Крис Џенер, па и Донатела Версаче.
Она од мајка ѝ од мала е учена да се пика кај што може и преку изборчиња да си собира контакти. На многумина им беше чудно оти го зема Чарли, он недоучен, а она преучена. За SAHM она не е премислена, ама демек да не дозволи Turning Point да падне во погрешни раце. Не ѝ е регуларна работа, туку пасија. Кога ја чув бев ко жено, кажи си дека парите ти се слатки или бар вади се на легаси за децата. За атентатот на Чарли, веројатно ми изгледа дека он се премислил за давањето на поддршка на Израел и тоа е причината. Не. Ми изгледаше како да е трудна цела вечност. Секоја вест за неа беше дека е трудна толку и толку време, дека има големо меше и дека конечно даде хинт за полот.