Доаѓа лето и сите кои сме биле помалку дисциплинирани во текот на годината сега бараме брзи и ефикасни начини да дојдеме до посакуваната форма... Некоја од феминките пред некој месец го имаше постирано предизвиков за вежбање кој од некаде го симнала бесплатно (и многу сме и благодарни), па јас решив пред 1 месец да го пробам и морам да признаам дека сум задоволна од резултатите, иако не го завршив цел. Но, бидејќи го правев сама ми беше потешко и понекогаш си забушавав малку, па решив да отворам нова тема околу ова, да започнеме повеќе девојки истовремено и верувам дека со поддршка многу полесно ќе успееме Кој е за, нека се пријави beach body 2017
Вежбиве некако да се пуштат да се гледаат може? Мислам таа како ги прави. Јас ги почнав ама се водев само по сликите. Првиов ден ме умре можам да кажам,ама не се ппредавам
Вежбиве имаат најголем ефект што некогаш сум го имала, лани ја симнав програмава. за три недели стомак бомбаа, со многу водаа и правилна исхрана. Само напред девојкиии*
Обично вежбав наутро, така ми беше најубаво.. Станував и пиев топла вода со лимон и ѓумбир, потоа вежбав, па јадев овошје за доручек или си блендирав овошје со некои житарици со млеко или јогурт обавезно ако не блендирав си пиев по една чаша млеко или јогурт. За ручек дома што имаа готвено, само без леб и многу салатаа ( нормално ке си намалиш порциите не да се прејадеш, ке јадеш колку да се најадеш што се вели Јадеш за да преживееш, не живееш за да јадеш ) И за вечера салати, риба некогаш знаев да јадам, овошје и така некои лесни работи, после 7h никако не јадев, и кога одев на кафе или викенд вода газирана си пиев и некогаш винце пивнував. Се издржува три недели верувајте. И обавезно многуу водааа Се надевам малку ви помогнав.*
Прв ден завршен Балансирана исхрана од денес и многу вода со лимон+вежбиве,мислам дека ќе биде одличен резултатот.