1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

21 дневна диета за детоксикација

Дискусија во 'Диети' започната од AngelOfArh, 6 октомври 2014.

  1. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.646
    Допаѓања:
    95.708
    Пол:
    Женски
    Во оваа диета се работи за прочистување на организмот од отрови кои се создаваат од храната и нередовниот начин на живот, но и од медикаментите кои ги внесуваме во нас а кои многу тешко се исфрлаат. Оваа диета нема денови по кои ќе се раководите, нема ограничен внес на калории или количини на храна. Основното правило е забранет внес на 5 намирници, а тоа се:

    *Кафе
    *Шеќер
    *Алкохол
    *Глутен и
    *Производи од животинско потекло

    Звучи ригорозно, си викаш што ќе јадам, но не е тешко. Мене првиот ден ми поминува, за појадок јадев смуди од круша, аронија, брусница и микс од 4 златни семиња. 4те златни семиња се семки од тиква, сончоглед, ленено семе и интегрален сончоглед, мелени во блендер, додадов доста во смудито, но и по една лажица голема е доволно. За ручек зеленчук, ориз, компир, турлитава, тиква, за вечера овесна каша. Со оваа диета во план ми е покрај средување на здравствениот проблем и да намалам некое килце. Во склоп на оваа диета мене ми е препорачано и детоксикација на дебело црево, се прави 5 последователни дена со конзумација на еден литар топла вода во која ќе растворите една лажица крупна морска сол и сок од 2 лимони, се пие за некои си 10ти на минути. Јас нема да можам да го спроведам тоа во 5 последователни дена, сепак одам на работа, па ќе го споведам во три викенди, од трите недели колку што ја држам диетава.

    Би напоменала повторно, ова не е диета за губење на килограми, ова е диета за чистење на организмот, а килцата си одат самите сакале или не сакале, едноставно се откажувате од голем број на намирници кои ви трупат отрови. После ова планирам да продолжам со сабајле една чаша топла вода со еден исцеден лимон, да избегнувам пилешко, односно да го заменам со мисиркино, така се надевам доживотно. Јас сум голем кафе љубител, многу ќе ми биде тешко, за оние кои не можат без кафе обидете се да најдете бескофеинско на Франк, Бјанка се вика, јас планирам да издржам колку можам па и да го набавам после да не биде во првите неколку дена кога се привикнувам, не сакам од почеток да почнам со исклучоци. Исто многу битно е дека диетава се држи 21 ден, не се дуплира, не се прават неколку серии, само 21 ден, а може неколку пати во годината да се држи, јас планирам на 3-4 месеци да ја држам, за чистење на организмот.
     
    На anuskaNESTLE, simoncelicius, Domakica и 4 други им се допаѓа ова.
  2. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.646
    Допаѓања:
    95.708
    Пол:
    Женски
    Гледам не сте заинтересирани за диетава но морам да ви дадам малку кураж, јас ја држам еве веќе 5 дена, како што напоменав не за да ослабам, туку од здравствени причини, во комбинација со хомеопатија, малку потешко ми оди поднесувањето на утрата без кафе, ама па ми дава надеж тоа што веќе почнав на мене да гледам промени, лицето ми се исчисти, се осеќам многу полесно и многу поубаво.
    Ве охрабрувам сите, првиот ден е тешко, после нема да осетите мака, до 4 овошје, после ќе си припремите некој лесен ручек и не знаете колку ќе се чувстувате сити и ќе сфатите дека јадењето ни е само лоша навика, да јадеме сенешто во секое време, дека всушност воопшто не ни се јаде сето тоа време што го користиме за да внесуваме се и сешто во организмот. Јас заменив многу оброци со чаеви, со овошје, со лесна храна и мислам дека вака можам и до крајот ;)
     
  3. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.307
    Пол:
    Женски
    Вака живеам веќе 6 месеци. Најдобра одлука во животот.
     
    На Ariel и AngelOfArh им се допаѓа ова.
  4. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.484
    Пол:
    Женски
    Одамна барам диета за детоксикација ама се ми се некои сложени. оваа ми изгледа едноставна, колку е за детоксикација не знам, обично детите за детоксикација се поригорозни во изборот на намирници.

    Во секој случај, изгледа едноставно, неопходно е да ја сменам изхранава моја што се состои само од чипс смоки и кубети. За јадење откажување немам мака, и кога постев не јадев се, ама со кафево тешко ке биде :(
     
  5. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.646
    Допаѓања:
    95.708
    Пол:
    Женски
    Кикирикче, диетава ти е препорачана од хомеопат, не е измислена од некој и сама по себе е многу тешка, многу ригорозна, ако ти се гледа како да нема отстапки, јадеш ограничено неколку намирници. Пробај ќе видиш :D Ја препорачуваат и при лечење на тешки болести, односно после хемотерапија, после тешки антибиотици и лекарства. Ја препорачуваат и во лечење на деца од аутизам.

    Инаку јас гледам неверојатни подобрувања, што на лик, што на здравјето, многу убаво се осеќам.
    Првата недела помина, вчера си јадев гравче бело со лукче и кромидче, обилно. Форсирам повеќе на зелка салата, многу ми е убава и ме заситува. Имав неуспешен обид да направам лепче пченкарно, личи на пустината Сахара :lol: Тврдо камен, ама битно меракот ми помина и каснав едно лепче малиџано :D Ај да се фрлам на моите јаболка :D
     
  6. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.484
    Пол:
    Женски
    Еве скоро една недела сум на детоксикацијава, и во пракса се покажа тоа што го пишав дека конечно една диета за детоксикација што е сосем нормална и лесна, што нема големи ограничувања.

    Ај фил мач бетер, ослабнато немам ич, ама многу убаво се чуствувам, ни подуеност, ни мачнини ни тешкотии ни глад, иако работам по цел ден имам енергија. не ни чуствувам дека сум на некој режим или специјална исхрана.

    Е разделбата со кафето тешко ми пага, го гледам тажно цел ден ама како што се навикнав на него така и ке се одвикнам.

    Рано е да зборам за некои големи промени , но сигурна сум дека на подолг период има.

    Тенкју вери мач Ангел :f:
     
    На AngelOfArh му/ѝ се допаѓа ова.
  7. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.646
    Допаѓања:
    95.708
    Пол:
    Женски
    Јас пак ја буткам последната недела, исто ко Кирикава се осеќам фантастично, а богами и ослабев, во фармерките ми влага цела тупаница стисната и за малце на работа ќе ги изгубев. Но ко што кажав, мене не ми е приоритет да ослабам, туку да се исчистам од токсини. Не сакате да ви кажам што се излегува од мене за овие 2 недели и кусур. Ич не ми е мачно, напротив, за овие две недели и неколку кафани, свадба, веридба, се ми помина во најдобар ред. Мада со компирот се здружив максимално, во сите можни облици.

    Со оглед на тоа што ми се ближи крајот морам да си направам план што потоа. Првиот ден ќе бидам на All incluzive, ќе јадам се што ми се јадеше овие 3 недели, но во рамките на млечните производи, значи сирење во изобилие, јогурт во изобилие, а постепено ќе внесам и бело пченично брашно, не нагло, постепено. Лепче веќе решив, ќе си правам сама, со микс од зрна, дома печено, ама ќе внесам јуфки, мајка ми ми ги даде пред да почнам на диета и сакам да ги пробам многу :lol: Од втората недела исто, се што ми е дозволено од јајце обилно ќе го јадам во првиот ден, вклучувајќи и еден сендвич со јајце и сирење кој на работа го јадат :lol: Во овој ден ќе си направам и пица со кашкавал и јајце и мафини со банана и црна чоколада. Третта недела ќе го внесам месото, полека полека, не брзам никаде, првиот ден ќе јадам некој сендивч бесен со пилешко. На почеток пилешко, односно мисиркино, па телешко, па свинско. Во овие 3 недели ќе јадам секој ден кефир со микс од 4те златни семиња и тоа, првата недела една лажица измелени со 100 мл, втората недела 2 лажици со 150 мл и третата недела 3 лажици со 200 мл. На крај ќе се почастам со пица од Доминос и крофни со крем :lol: :P :rofl:

    Ајде жени пожустро малце, што е ова, ајде да не дружите. Не знаете вчера како сме се најале со мм мусака со печурки, ми забрани веќе да правам мусака со месо :D
     
  8. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.337
    Допаѓања:
    83.597
    Пол:
    Женски
    Jaс да се пофалам дека денеска ми е 3ти ден и супер ми оди :)
    Си јадам по цела ден овошје,грозје,јапонски јаболки,мандарини по некоја крушка тоа што има дома :D
    Си варам компир само со сол ,вчера и грашок си сварив еве моментално си праам манџичка со ориз компир суви домати и пиперки :mm:
    Ми одговара и не ми е тешко не ме фанала до сега некоја криза за балго а не и за нешто друго,штом компир може да се јаде не ми треба ништо :lol:
    Несакам да трае 21ден туку сакам да се навикнам да внесувам здрава храна и така да почнам да ја нормализирам тежината.Лесен ми е начинот на исхрана затоа што не сум љубител на месо и не ми недостига во секојдневно мени ,сиренце малку ми недостига но засега не планирам душа да грешам :)
     
    На lalencee и AngelOfArh им се допаѓа ова.
  9. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.646
    Допаѓања:
    95.708
    Пол:
    Женски
    Јас ви имам кажано дека не ја држам диетава за слабеење ама тоа ми дојде итекако добро, сигурно ќе направам слика со пред и потоа да видите, затоа што мојот мешлак веќе го нема, се топи, за уште три недели колку што планирам да се раководам според мојата шема која си ја направив за прилагодување сигурна сум дека ќе го снема скроз. А да напоменам, после Н.Година планирам пак да ја правам детоксикацијава. Дали тоа јас конечно се ослободив од моите досадни масни наслаги се прашувам. Ако е да, мојата хомеопатка ќе ја частам и тоа квалитетно. Кога ќе почнам постепено да внесувам намирници ќе видам од што најмногу ќе стагнирам за да знам за понатака да ги отфрлам тие производи. Леб сеуште се мислам дали да внесувам, искрено не ми фали многу многу, само повремено со ајварче и малиџано :lol: Да видиме последниве 3 дена како ќе поминат :D Вчера како неработен ден супер поминав сабајлечки, а си направив и едни прекрасни колачи без шеќер со костени и кокос, за ручек гравче, за вечера кај другарка безглутенски и вегански салатки, врв на се беше мајонезот од сончоглед, прекрасен празничен ден :rofl:
     
  10. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.484
    Пол:
    Женски
    јас ја утнав работата денес :(

    Од утре почнувам пак ама пак од прв ден ке бројам затоа што обично диетите за детоксикација се тераат од почеток до крај без прекин, ако се прекине мора пак одпочетот. Јас така мислам ако грешам исправете ме.
     
  11. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.337
    Допаѓања:
    83.597
    Пол:
    Женски

    И јас вчера направив грешка каснав лажичка мед и 2-3 велнес колачиња.
    си продолжувам од денес како што треба затоа што не планирам да бројам 21 ден туку ваквото внесување на храна да ми стане навика за во иднина :)
     
  12. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.646
    Допаѓања:
    95.708
    Пол:
    Женски
    Така е Кикирикче, чистењето трае 21 ден, затоа и се зададени толку денови. Не потклекнувајте никако, ако немате идеа што да јадете пишете ми одма ќе ви извадам од ракав рецепти, за благо, солено, кисело, за што сакате ;)

    Еве мала помош ако ви се пријаде нешто блачко:

    Овесни плочки со банана и суво овошје

    *две зрели банани
    *чаша овесни снегулки
    *суво овошје по желба
    *суви свежи урми/непресувани доколку имате потреба од блажина

    Доколку сакате да бидат благи колачите урмите потопете ги во врела вода, ќе набабрат и полесно ќе ги излупите и ќе им ги извадите семките. Ваквите урми ставете ги во блендер заедно со бананите, ако не ви треба благо испасирајте ги во блендер само бананите. Снегулките додајте ги во блендер нека се промешаат со бананите и сувото сецкано овошје исто така. Смесата треба да ви биде густа како меко замесено тесто. Со лажиче ставаме од смесата врз мрсна хартија и развлекуваме во форма на бисквити, печеме во рерна додека да заруменат и потоа ги сушиме надвор на отворено. Превкусни колачи.
     
    На anuskaNESTLE и kikikikirika им се допаѓа ова.
  13. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Несмее мед? :^)
    И да ве израдувам Стоби Флипс се глутен фри :lol:
     
  14. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.484
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека мед смее, а и велнес колачиња сигурно смее. а за стоби флипс , немаат глутен ама шо знам, на диета за детоксикација не би ги користела имаат внатре сигурно некои бои конзерванси и такви чуда.

    ке издржам се, ама кафето и цигарите некако тешко ми пага за нив.

    Инаку една добра информација, диетите за детоксикација се најдобро оружје и во борбата против целулитот. ;)
     
    На anuskaNESTLE, mims-89 и ForeverYoung им се допаѓа ова.
  15. didisi

    didisi Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    1.969
    Допаѓања:
    3.680
    може да ми кажете кои производи се без глутен:?
     
  16. do-re-mi

    do-re-mi Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    1.054
    Допаѓања:
    15.987
    Oриз, просо, пченка, киноа, хељда, овес*, амарант, теф, соја, јајца, путер, млеко, вистинско сирење и кашкавал (непроцесирани), овошје и зеленчук, мешунки, сите видови зачини, јатки (бадеми, лешници, ореви...), месо и морски плодови.

    Е, сега, бидејќи темава е за детоксикација, дел од горенаведените продукти се несоодветни за овој режим (види го првиот пост од темава), но ако сакаш да исфрлиш само глутен од исхрана, тогаш можеш и месо и млечни производи.

    * Овесот, амарантот, киноата ( вклучително снегулките и брашното од нив), сами по себе се без глутен, но многу нутриционисти предупредуваат да се конзумираат исклучиво ако на пакувањето ја има gluten free ознаката. Причината за ова е што многу веројатно е да се контаминирани, ако се пакувани во средина каде што се обработува и пакува пченица на пример.
     
    На didisi му/ѝ се допаѓа ова.
  17. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.646
    Допаѓања:
    95.708
    Пол:
    Женски
    Кикиритче, не смее ни мед ни велнес, поентата не е да направиме замена за шеќер, мед не смее, не смее ни велнес бидејќи содржат и глутен и шеќер. Смоките да немаат глутен, но имаат многу сол, тоа не ти треба во детоксикација.

    Еве ме, завршив и ја буткам неделата, многу внимавам, ако едно каснам, друго не, да не се опуштам, да не ги вратам килограмите, да не се заглавам со токсините пак и да си вратам килограмите и маката со здравјето ;)
     
  18. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.646
    Допаѓања:
    95.708
    Пол:
    Женски
    Тц Тц Тц Тц Тц.... Срам вас било.... Јас да ви се пофалам ослабев 7 кила и се држам убаво, многу убаво. Душата ми сака блачко, ама јадам здрава замена за блачко. Јадам многу овошје, цедам овошје. Лебот да не го видам подобро, ич не сакам леб. Салати многу јадам, дали салата, дали макало од пиперки, патлиџани и модар патлиџан... Осеќам дека кога ќе се прејадам не ми е убаво и прекинувам, моментално прекинав со масна храна, со леб, со месо, не е дека не го јадам ама не ми прави ќеф. Само тоа пусто благо, да не ми го сака душата веќе. Оваа детоксикација е ѓаволски добра работа :)
     
    На anuskaNESTLE, Ariel, danichap и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.337
    Допаѓања:
    83.597
    Пол:
    Женски
    Женаки јас детоксикацијата ја почнав од почеток затоа што минатиот пат ми беше неуспешен.Денеска ми е 6ти ден и не сум направила грешка терам како што треба. Еве моментално печени костени јадам :D
    Вчера јадев соја варена па малку ја пропржив со многу малку сол.Грешка ли е ако се јаде пржена храна ? Знам дека треба да се избегнува дека е калорично но ...
    А добро смоките може да се јадат ? :^)
     
    На AngelOfArh му/ѝ се допаѓа ова.
  20. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.646
    Допаѓања:
    95.708
    Пол:
    Женски
    Браво мила! Ајде една третина помина, имаш уште две. Ќе видиш после дека ќе сакаш пак и пак и пак :D Можеш да јадеш потпржено, ама не во длабоко масло, на малку маслиново потпржи и стави си и зачинче, слободно, само во граници на нормала ;)