1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

21 дневна диета за детоксикација

Дискусија во 'Диети' започната од AngelOfArh, 6 октомври 2014.

  1. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.307
    Пол:
    Женски
    Ова последново важи ако имаш алергија на глутен па и мала количина може да ти направи проблем. Ако немаш, не мора до толку да се ситничари :)
     
  2. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.657
    Допаѓања:
    95.767
    Пол:
    Женски
    Кримсон, диетава е детоксикација, токму од глутен, шеќери и холестерол, така да битно е да се ситничариш ;)
     
  3. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.788
    Допаѓања:
    131.404
    Јас пред некој ден почнав да постам, ама сакав да не биде само обичен пост,туку детоксификација.
    Исхраната ми е многу слична на оваа тука, со еден исклучок - јадам риба. Не знам дали ќе издржам без риба, барем еднаш неделно би ја јадела. А можеби и ќе решам да бидам 3 недели без неа, најверојатно 3-те недели пред нова година би било најдобро.

    И мене без кафе ми е многу тешко, ама еве, издржувам некако. Наутро пијам лимон со ѓумбир и црн чај, тоа некако ме расонува. Остатокот од денот се налевам со чаеви, па после од вц не излегувам :D.

    Искрено, мене и алкохолот ми е проблем. Научена сум да се напијам по 1-2 чашки скоро секој ден, особено кога сме собрани со друштво, а се собираме често. Од петокот постам, а од тогаш секој ден сме со луѓе, се прелеав со кисела вода.

    Оброците не ми се проблем.
    За појадок јадам јаболко, па околу пладне мешана салата.
    За ручек некоја манџа. Правам посебно за мене и другите, моиве дома се месојади, па посна манџа не е опција. Ама не ми е проблем, истото го ставам во 2 тенџериња, едно со месо, едно без, и не ми одзема дополнително време.
    Ако ми се јаде навечер, јадам тиква со цимет. Дома другите слабо јадат тиква, па секогаш имам - печам една за викенд и цела недела ми трае :D

    Ако решам од следниот понеделник да живеам 3 недели без риба, ќе бидам поприсутна во темава.
     
    На do-re-mi и AngelOfArh им се допаѓа ова.
  4. bucimir

    bucimir Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    65
    Пол:
    Женски
    па медот е природен шеќер!?!! исто како овошјето што има природен шеќер, не сваќам зошто не би можело лажиче дневно сабајлечки!?? инаку ова као vegan lifestyle ... детоксификација е добра за секого , барем еднаш на неколку месеци. Мене ми треба под итно само морам првин рецепти да барам и список да имам за јасдења инаку како изгубен германец сум кога држам диета :)
     
  5. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.657
    Допаѓања:
    95.767
    Пол:
    Женски
    Шеќерот во медот и шеќерот во овошјето не може да се споредат во никој случај. Не е исто, имаш прости и сложени шеќери, не дека сум експерт ама малку од малку разбирам. Јас и се спремам на недела дена пред Нова Година пошто се вратив на некои стари навики, како попладневно кафе а не го сакам ич. Затоа сега кај и да е пак јово наново, да се потсетам кон што целам :)
     
  6. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    3.882
    Допаѓања:
    19.089
    Пол:
    Женски
    Јас оваа диета ја држев пред 10тина години, од медицински причини. Од тогаш станав вегетаријанец, оти сфатив дека ми е поубаво без месо :) ама после диетата одма си посакав млекце, сиренце и слично (да не заборавам јајца, и благо).
     
  7. bucimir

    bucimir Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    65
    Пол:
    Женски
    vaka kako sto ve slusam, se poveke se mislam i jas da pocnam...ama definitivno mi treba onaka plan za da ne prekratyvam. :) malku zimsko cistenje!

    ej, a dali moze kakao organsko ?!?! bez seker?!?!

    @AngelOfArh тоа напитокот од сол и лимон и 1л вода, како се пие?!!! морам да прашам бидејќи последниве денови имам проблем со столицата па ми треба нешто природно и делотворно.

    i uste ova.....ovde ima almond milk...toa moze li?!?!
     
  8. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.657
    Допаѓања:
    95.767
    Пол:
    Женски
    Може бадемово, јас сама си го правам но може и купечко. А водата со лимон и сол е многу делотворна, многу, и се пие колку може побргу пошто кога ќе се олади е грда, а додека е топла е супер, се поднесува, ко расолница е ;)
     
  9. Marinelce92

    Marinelce92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2012
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    16
    баш би сакала да ја започнам..ама некако ми е нејасна :/
    незнам што би можела да јадам.. а и те како ми е потребна детоксикација
     
  10. Marinelce92

    Marinelce92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2012
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    16
    а... и не сум некој готвач..ако може да предложите некои полесни јадења :) фала ви
     
  11. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.657
    Допаѓања:
    95.767
    Пол:
    Женски
    Што не ти е јасно бе @Marinelce92 Само прашувај, а ова ти е идеална работа ако не си по готвењето. Ќе си јадеш салати, ќе си јадеш овошје, ќе си пиеш цедени сокови, многу вода и така.
     
  12. Marinelce92

    Marinelce92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2012
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    16
    тука прочитав дека и ориз може да се јаде, а во една др. статија за детоксикација пишува дека не смее.. изгледа мене ми останува само компирче да си јадам за ручек :))
     
  13. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.657
    Допаѓања:
    95.767
    Пол:
    Женски
    Маринела ова е пост за оваа детоксикација, други детоксикации не мешаме овде, а иначе ми е дадена од хомеопатката како режим за чистење на организмот од токсини. Не знам зошто ориз не би смеело, сеедно, најдобро би било да се јаде жива храна, но кога веќе не сме навинкнати може и вака. Најбитно е да не се внесува кафе, алкохол, шеќери и месо и млечни производи, глутенот е зависно од тоа што сакаш да постигнеш, мене ми беше многу битно да го исфрлам глутенот тогаш и затоа не го внесував. Кога повторно би ја држела диетава би исфрлила само алкохол и месо, евентуално кафе. Од Понеделник ќе почнам пак, здравје само, малку се опуштив за празнициве. Сега се спремаме за лето :D
     
    На Marinelce92 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ForeverYoung

    ForeverYoung Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    644
    Допаѓања:
    1.889
    Уште кога ја видов диетава сакав да ја почнам,ама никако да се наканам оти не знам што би јадела освен зеленчук и овошје.А 21 ден само на зеченчук и овошје тешко дека ќе издржам.Баш ме интересира што јадете,особено тие неколку што рекоа дека цел живот се на ваква диета или дека е многу лесна.Јас месо воопшто не сакам,и кога го јадам тоа е заради протеините така што нема да ми биде проблем.Без кафе и алхохол исто можам.Ама барем јајца и јогурт да беа дозволени....Ај ве молам предлог за добар ручек,па ќе размислам,можеби нема да ги исфрлам производите од животинско потекло,секако најбитно ми е да не јадам благо и процесирана храна,таму ми е најголемата грешка.
     
  15. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.657
    Допаѓања:
    95.767
    Пол:
    Женски
    Печурки, компири, оривче, грашоче, разни живи слатки од суви овошја без шеќер, тестенини безглутенски, лепче или печива од безглутенско брашно... Машала ако се внесеш не да има да се јаде, има и тоа многу ;)
     
  16. Deemy

    Deemy Популарен член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2012
    Пораки:
    689
    Допаѓања:
    7.295
    Пол:
    Женски
    Јас мислам да ја почнам диетава,за месото нема да ми биде проблем ретко го јадам и така исто и леб воопшто не јадам,но без јогурт и сирење ќе ми биде малку тешко,исто и овесни снегулки јадам за појадок со јогурт и незнам како поинаку да ги јадам.Ако може да споделите како приготвувате овесна каша и дали од овес во цело зрно или?
    Исто и други рецепти за ручек,за појадок мислам овошје,за ручек гравче,ориз,леќа,компир,грашок итн со салата исто и за вечера салата,за ужина може јаткасти плодови или суво овошје.За благо не сакам рецепти од него нај многу ми треба детоксификација,само да не ми здосади само од ова споделете некој интересен рецепт за ручек или вечера?
     
  17. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.657
    Допаѓања:
    95.767
    Пол:
    Женски
    Овесните ги правев со млеко од бадем или лешник, многу повкусно ми беше. Ти дека не ти е проблем можеш да си додадеш и малку мед, јас не смеев мед. Овес, млеко, мед и цимет, тук там понекое суво овошјенце, абе мераци. Ајде 3 недели поминуват бргу ;)
     
  18. Deemy

    Deemy Популарен член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2012
    Пораки:
    689
    Допаѓања:
    7.295
    Пол:
    Женски
    Ај ќе пробам и така да видам како ќе биде,зошто обично млеко не сакам,сум пробала и соино и оризово и тоа не го можам,ако не мислев да најдам овес во цело зрно или пак обичниве снегулки и да ги варам и само да ги засладам со мед и некое овошје.
    Исто мислам и свежи шампињони да земам само незнам како и со што да ги приготвам.
    Не се многу три недели само цврста волја треба и да не подлегнуваме на кризите за нездрави работи :(
     
  19. rokiroksana

    rokiroksana Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2013
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    93
    Deemy јас лично јадам овесни потопени во вода,
    На пр.ставаш овесни снегулки, суво грозје или брусница, кокос па јаткасти плодови, цимет,какао и додаваш топла вода почекај 15 минути и готово,исто може да исечени банани,чоколадо за кување, урми смокви...секој ден различно
    пробај мене ми се превкусни на
     
    На Deemy му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Rose-tulip

    Rose-tulip Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2014
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    287
    Пол:
    Женски
    Јас сум на нешто слично во однос на исхраната, со тоа што готвам и јадам без масло, а сол во најминимални количини, веќе една недела. Искрено не сум се измерила, ама се осеќам дека малце сум попуштила, пред се вода бидејќи многу намалив со солта. А во ниеден момент не се осетив изгладнето, бидејќи си јадам кога ќе ми се пријаде, ама одбрано друштво. :D Ми се погоди со постиве, си викам и така постам, дај кога сум тука и детокс да направам.....Мада многу ме боли глава два дена по ред, што не е типично за мене, но тоа е ефект на чистење на организмот(колку поголема токсичност има организмот, толку се поголеми симптомите). Гледам да пијам минимум 2 литри вода дневно, физичка активност нормално, приметив дека почесто одам во тоалет :$ благо освен овошје немам пробано веќе цел месец, ама немам никаква потреба, зашто до 4-5 часот јадам само овошје и очигледно ми е доволен шеќерот од овошјето. Исто да напоменам дека јаткасти плодови, маслинки и се што содржи пшриродна маст во него избегавам, тоест гледам да јадам само еднаш неделно( да речеме грст бадеми, или кикирики и сл.). Најтешко ми е со солта да менаџирам, ама поголема е добивката отколку откажувањето, бар јас така си се тешам ;)
     
    На rokiroksana и AngelOfArh им се допаѓа ова.