1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

24 Вести

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од starbucks, 29 октомври 2011.

  1. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    24 Вести или како што некои ја нарекуваат Македонската CNN e телевизиски канал од Скопје. Телевизијата е специјализирана за вести, на која се емитуваат на секој час. Телевизијата е по урнек на големите светски канали каде се емитуваат 24 часа вести, а дел од програмата е посветена на документарните емисии.

    Мене лично многу ми се допаѓа телевизијава, има многу интересни и корисни документарни филмови и информации. Исто ми се допаѓа и рубриката Без Коментар.

    Ја гледате телевизијава? Што мислите за неа?
     
    На Bright и Miss-Independent им се допаѓа ова.
  2. veronikaveronika

    veronikaveronika Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2011
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    132
    Хмм.. милион светлосни години ми е далеку од CNN.
    Ги гледав документарциве и ок ми беа, ама летово изгледа ги изгледав сите... бидејќи веќе се им е реприза :^)
    Вестите им се прееееммммногу долку и многу здодевни-не ми држат внимание. Прилозите-тапа!
    Презентерите ми се ок...
     
  3. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Кога нема интересно нешто на ТВ, кај нас дома постојано е пуштено на 24вести.
    Моите дома претпочитаат да ја гледаат повеќе од мене.
    На неколку наврати имам погледнато некои прилози од типот на ,,БЕЗ КОМЕНТАР,, - има интересни работи, не само за кај нас нели, туку и за пошироко во светот, што - како се дешава. Не за џабе е наречена македонската CNN :D

    Значи воглавно има интересни работи, а не само политика и политика и Бранковци, Груевци, туку и работи кои секојдневно се случуваат надвор од политиката. Опши работи, навидум интересни.

    Го обожавам фактот што нема на програмава турски серии, па може човек мозок да одмори, барем на некоја минута, додека не почнат на сител и канал 5 |(

    Документарните емисии им се посебно добри.. Досега имам фатено неколку од нив и ми го имаат задржано вниманието, што е добро.


    А за сликата немам коментар!!! Беспрекорна е!

    Браво за 24Вести! Ме радува фактот што се отвори и кај нас ваква програма! Добро е, напредуваме :D

    Eдит: за нашите стандарди е одлична :rofl:
     
  4. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Тато да може да ја гледа, ќе ја гледа 24часа. Кога не сум дома само тоа се гледа.
    Мене не ми е интересна. ОК, некој документарец и тоа е тоа.
    Вестите ко вести, ништо ново, ништо поинакво.
    Далеку од СиЕнЕн, па дури и од Македонската СиЕнЕн.
     
  5. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Со добар ептитет се здобила, за толку кусо време во етер.
    Ми се намести на местото на старата А1, па често понавика порано обавезно вртев на 4 :D
    Ми се допаѓа концептот, што е информативна телевизија и даваат вести од секој аспект, фоторепортажи од светот, документарци , па дури и некои дебатни емисии на доста интересни теми.
    Пред некој ден се загледав во една емисија за малолетничка деликвенција и за случаи во Македонија за кој говореше една судика. Често има емисии за судството во Македонија, и често се говори за проблеми на граѓаните.
    Според квалитетот на вестите се неутрални, се сега за сега, не се обоени, барем јас колку што можам да заклучам. Така и нека продолжат.
    Нека учат и другите телевизии од неа, подобро да се специјлацираат на некој начин секој за една или две области него вака турлитава, и на крај излегува дека само серии даваат и нивните репризи |(
     
  6. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.517
    Не дека ја пратам цело време, но ми се допаѓаат документарците. Можеби не е како CNN, но барем е на македонски и се надевам дека со тек на време ќе се подобрува.
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Не ја пратам многу освен ако има некој убав документарец...Не е како CNN но добро е напредубаме и ние..
     
  8. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Првпат слушам за телевизијава :tmi: не дека ме интересира заради вестите, што ќе ги гледа човек, кога се само негативни работи кажуваат |( туку какви документарци даваат? И заменува некоја наша друга телевизија или...? :wasntme:
     
  9. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.426
    Допаѓања:
    17.045
    Често ми е пуштено таму.
    Не ради друго, брат ми ја гледа.
    Има интересни документарци, али не е тоа за мене :D
     
  10. 4rever.unique

    4rever.unique Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2014
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    224
    Супеρ е телевизијава, што те интеρесиρа можеш таму да видиш, да бидеш во теκ со се што се случува. Даваат поучни ρаботи а не сеκаκви сеρии зо меѓусебни завρзлами од κои ρетκо можеме да научиме нешто. Бρаво за телевизијата :clap: , не е κаκо дρугите да даваат што им чини и се паρтисκи опρеделени!
     
  11. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.892
    Допаѓања:
    12.526
    Сега медиумскиот етер ни е катастрофа, па затоа изгледаат дека се премногу добри што не се. Наутро емисијата што е со Огнен, баш живи глупости како онаа на канал 5. Да се направи емисија, ќе се јавуваат луѓе, ќе трескаат, ама да се заштеди на прилози затоа што за нив треба одење на терен, снимање, трошење ресурси. И платите се слаби, познавам луѓе од таму. Со квалитет и со плати не можат да ја стигнат а1.
     
  12. luci22

    luci22 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    742
    Допаѓања:
    1.502
    Пол:
    Женски
    Не да ни е катастрофа живи срамотилаци уфф
    Инаку како тргнало сите телевизии ќе имаат такви “прекрасни емисии“, и тоа не само зашто така ќе заштедат, туку така ќе добијат и поголем рејтинг, а сите телевизии се болни по тој рејтинг па така да !
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.