1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

24 дена - 20 кг! Мит или реалност?!

Дискусија во 'Диети' започната од McDonald, 20 декември 2012.

  1. McDonald

    McDonald Активен член

    Се зачлени на:
    7 мај 2012
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    3
    Оваа диета се базира на забранува на внес на јаглехидрати во организмот, при што му помага на телото да се ослободи од вишокот на килограми. Во текот на оваа диета нема да бидете гладни, не мора да јадете само три пати на ден, храната не треба да ја мерите и посебно да се подготвуваат оброците, не мора да пиете чаеви и таблети против зголемен апетит.
    Како делува: Со целосно исфрлање на јаглехидратите од исхраната, нашите наслаги на сало почнуваат да се топат. Во првите шест дена ќе изгубите 5 кг. А секој нареден ден сте полесни за 1 кг. За 24 дена можете да изгубите 20 кг.
    НО, ВНИМАВАЈТЕ
    Ако само еднаш изедете парче леб или било каква ситница која содржи јаглехидрати, организмот ќе го блокира топењето на масните наслаги. Не смее да се јаде храна која содржи јаглехидрати.
    Доколку имате проблеми со Срцеви заболувања, Диабетес, Покачен Холестерол и доколку ја применувате оваа диета повеќе од 20 дена, има шанси да се појават негативни симптоми и да дојде до сериозно нарушување на дравјето.
    Храна која смеете да ја јадете
    Сите видови месо: Телешко, пилешко, јунешко, сите видови рибини конзерви.
    Сите видови салати: свежа-зелена, домати, свежи или печени пиперки, краставици, свежа или кисела зелка, цвекло салата. Сите салати се зачинуваат со масло, оцет, сол, бибер по желба.Можете да јадете јајца на сите начии
    Сите видови зеленчук: Цвекло, спањак, карфиолч, праз, кромид, зелка, домат, магданос, моркови, целер, печурки.
    Може да се пие: минерална вода, лимон, црно кафе, ците видови чај без шекер, .Наместо шеќер – Натрен.
    Храна која е забранета да се јаде:
    Леб, брашно, ориз, компир, грашок, соја, перзла, похувано месо, тестенини, лешници, кикирики, виршли, запржни јадења – никако.
    Млечни производи: Млеко , путер, кисело млеко и павлака, јогурт, маргарин, шлаг, шеќер, чоколадо, разни грицки солени и слатки, сладолед, ниту еден вид на сирење, ништо од овошје.
    За да ја надополните потребата за горенаведената храна, земајте витамини и тоа : Ц, Е, А, Б, Калциум, Магнезиум…



    Феминки ме интересира вашето мислење за оваа диета, дали навистина би можело да делува како во погоре опишаното, и доколку некој има искуство со истата се моли да го изнесе. Инаку, на интернет ја пронајдов под името „Диетата на Др. Аткинс“, но за да не се повторуваме на форумов одлучив да ја именувам вака, иако оваа верзија нема ни “А“ од Аткинс. Ги чекам вашите одговори и мислења :D
     
    На Bad bad му/ѝ се допаѓа ова.
  2. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Драга, ниту една диета не е во ред кога за толку брзо време дозволува губење на толку многу килограми. Пих, сон ќе беше за сите ако беше толку лесно. Не се измачувајте за без врска. Без добро потење и умерена здрава исхрана,нема резултат. Затоа да си го спотнеме сите газето, за да си видиме резултати. Губете ги сите вакви ризични диети, пилули за слабеење и шејкови, кое фајде, само се упропастува организмот. Јас су мстрог поборник ПРОТИВ! Ајде само добра мотивација, здрава храна и вежби и се ќе биде како треба. И трпение секако.
     
    На L-enna му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Диетава е иста ко Аткинс, внесуваш само протеини, ќе почнеш да слабееш, ќе ти се врти во глава, нема да можеш да запомниш ништо ако треба да учиш, ќе се тресеш, устата ќе ти мириса одвратно на кетони! Така да не! Бубрези ќе ти отидат во курац, кога ќе внесеш јаглехидрати и нема да можеш да ја држиш, дупло ќе вратиш. Јо - јо ефект сигурен!
     
    На NoellePage му/ѝ се допаѓа ова.
  4. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    10.832
    Не е нормално за организмот да се забрани внес на јаглехидрати.
    Може да настрадаат повеќе системи во организмот.
    Лек за слабеење е умерена исхрана,движење и вежбање.
     
    На lepadama и NoellePage им се допаѓа ова.
  5. a.nuska

    a.nuska Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    65
    Јас ја држам 6 ден ми е имам ослабено 2.50кг добив денеска па можи покажува малку повеќе вагата има шанси за тоа
     
    На macence4 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. 702706

    702706 Активен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2015
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    359
    Пол:
    Женски
    мит,реалност или ненормалност...
     
  7. macence4

    macence4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    292
    Допаѓања:
    416
    И јас моментално ја држам оваа диета.Мене ми е 9ден уште 5дена па ке ги пишам резултатите.Инаку за оние што се фокусираат на насловот тоа нема никаква врска со диетата зошто нема шанси да се изгубат толку кг.
     
    На a.nuska му/ѝ се допаѓа ова.
  8. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.500
    Пол:
    Женски
    и јас ја имам држано али само 10дена , немав сила за понатаму , досадно е месо па месо
     
    На macence4 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. macence4

    macence4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    292
    Допаѓања:
    416
    И јас денес ја завршив диетата 10 дена _5.3 кг.Ја прекинав затоа што почна да ми се поврака од рибата и салатите но задоволна сум од резултатот.