1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Школување во приватно училиште во Канада

Дискусија во 'Образование' започната од Raven, 4 ноември 2012.

  1. Raven

    Raven Активен член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2012
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Мислам дека истово го напишав и стиснав мислење па незнам каде ми отиде... Како и да е....

    На интернет аплицирав за да се школувам во едно приватно училиште во Канада за правење на визуелни ефекти, анимирани 3D & 2D филмови.... И слични работи. Тоа ми е сон од детство. Апликацијата ми беше успешна и по три дена ми стаса порака на меил од директорот дека ги исполнувам условите и дека сум примена. Бев пресреќна. Денес закажавме и остваривме интервју со директорот и неговата жена која е професор по арт. Се супер...

    Но мајка ми и татко ми заедно зимаат околу 35000 денари. За што попрво.
    Очајна сум. Школувањето таму е една година и неколку месеци и изнесува 25 000 долари.
    Плус 800 долари за престој. Тоа е неостварливо.
    Премногу ми е криво бидејќи ретко кој е примен и ги исполнува условите, а јас немам пари плус сум малолетна неможам да работам.

    Има ли некоја утеха? Би можела ли да побарам помош од министерството за образование, со возврат дека ќе се вратам во земјава и ќе донесам нови знаења што ќе ги пренесам на помлади генерации...

    Ве молам, премногу сум разочарана.
     
  2. PeachGirl

    PeachGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    820
    Допаѓања:
    2.073
    Пол:
    Женски
    Баш супер за тебе. Не смееш да ја пропуштиш можноста. Мој совет ти е да се обратиш до општината т.е. кај градоначалникот и на некој начин да бидеш нивен стипендист. Не верувам дека ќе те одбијат. Пробај. Нема што да загубиш. А исто, преку општината или училиштето пратете молба до министерството за образование. Среќно :)
     
  3. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    можеш и до општината а можеш и до министертвото....како спипендист...али можеш за министертвото после да ги враќеш парите мислам дека има и таква опција..или на работа по образованието ан речени 5 години задолжително да работиш во мк...
    Сепак среќно нека ти е....:)
     
  4. Raven

    Raven Активен член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2012
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Ух, дај боже да има условно да се вратам во Мк и да работам 5 год.
    Пресреќна сум ако има! Впрочем, дечки утре ќе напишам барање до министерството за образование, ќе може ли пред да го пратам да ви го пратам да го прочитате, да ми кажете дали е добро? :) :*
     
  5. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    секако дека можеш... :)
     
  6. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.670
    Кога поминував вчера покрај факултетите забележав голем банер со реклама за стипендии. Немам поима за што се работи, еве ја http://stipendija.com.mk/ и разгледај можеби ќе ти помогне.