1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

3Д Киносали во Скопје

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од Crucio, 22 мај 2011.

  1. Crucio

    Crucio Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    30
    Пред точно 6 месеци на овие исти страници пишувавме за катастрофалните состојби во кино мрежата и дистрибуцијата на филмови во Македонија, за пиратеријата, и по нешто за можностите и перспективите на овој план. И еве половина година подоцна како да почнува да дува ветрец на оптимизам во оваа насока. Во населбата Аеродром во Скопје, за речиси две години од сега, ќе бидат изградени и пуштени во употреба првите три киносали со 3Д технологија.

    http://www.forum.com.mk/_tools/print/243322/article

    Живее ли некој во Аеродром да види дали објектов навистина се гради..Супер инвестиција...Ама многу малце седишта.
     
  2. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Многу малку седишта? Ќути важно ќе се прави нешто. :D

    Јас живеам во Аеродром, но Аеродром е доста широк поим. Каде точно?
    Страната не ми ја отвора. :^)
     
  3. Crucio

    Crucio Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    30
    Спроти Бисер.
     
  4. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Е сега дури се збунив.

    Одговор на моето прашање дали се гради нешто спроти Бисер беше:
    -Да да, паркче нешто, или црква е. Големо и убаво изгледа.
     
  5. Crucio

    Crucio Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    30
    И додека светот ужива во 4Д и 5Д филмски проекции, скопјани и Македонци за година и пол ќе се радуваат на претпоследната технологија од филмската индустрија - 3Д. Три киносали во кои ќе биде инкорпорирана оваа технологија ќе бидат изградени во рамките на новиот трговски центар, во населба Аеродром, спроти веќе постоечкиот Т.Ц. „Бисер”. јас пројдов денес ама не видов ништо освен од оние лимените зидови валјда нешто се гради...
     
  6. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672

    она заграденото кај Прч или станицата за накај град спроти Бисер, се збори дека е трговски ценатар на Борис Стојменов.
    http://www.forum.com.mk/_tools/print/243322/article

    хахаха мулитплекс и нема да има, ќе ги сонуваме, веќе во Хрватска мулитплексот е присутен со години а да не зборам за 3д, 4д и 5д.

    но добро барем и ова, се надевам нешто ќе заживее кино културата во МК, инаку како тргна мислев ќе изумре. :D

    сериозно многу малку се посетени киносалите, а и малку ги имаме некои се веќе одамно затворени, тие што работат се фино средени, но слабо посетени, а искрено нема некој репетоар освен за Скопје филм фестивал, кога ќе го видам репертоарот на Синестар во Хрватска ми се плаче, а башка поволностите кои ги имаат, те пакети за студенти, за деца, тинејџери итн, а да не кажувам за изгледот на кината како во вселенски брод да си, да не ти се излегува во град, само таму да киснеш.

    но тоа, е ние уште ќе се почекаме за вакво нешто.
     
  7. Crucio

    Crucio Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    30
    Абе барем и ова добро што се гради ако се гради почнале ли? Или ништо не бива на времето милениум имаше 3Д проекциии сега тапа .....
     
  8. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672

    абе заградено е нешто се прави но споро... тоа ќе биде за едно 3 години сигурно.

    најверојатно затоа е и слабо посетен инаку супер средено кино според светски стандарди, но нема народ, само за Скопски Филм фестивал евентуално.

    незнам што стана или нас ни е премногу намален стандардот да си дозволиме филм во кино или навистина никој несака да оди повеќе.

    се сеќавам во средно во текот на цела недела сум одела обавезно, секој нов филм во кино го гледав и тогаш картата беше околу 150 денари, а да некажувам за посетеноста дури гужва имаше 3 дена унапред сме зимале карти, а за некои филмови како Титаник дури недела дена и повеќе киносали работа тогаш Вардар 1 и 2, Култура со Парадизо единствени дуплекс кина во МК, сега се тоа е затворено, кино Култура е крш...
     
  9. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Викендов, поточно саботата ме фати пат накај Бисер да гледам фудбал и со свои очи се уверив дека се гради нешто.
    Заградено е, и не ми беше во видно поле да видам што е, но важно нешто се гради.

    Просторот колку ме држи сеќавање не беше мнг малечок.
     
  10. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.718
    Допаѓања:
    150.568
    У близина на Бисер,конкретно на раскрсницата подоле се прави...та раам...паркче и нешто навидум црквичка.Што ќе биде,кој го знае...кино не ми делуваше дека е.
     
  11. Mini-Mouse

    Mini-Mouse Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2011
    Пораки:
    530
    Допаѓања:
    1.439
    Пол:
    Женски
    Пред некој ден видов дека има споменик на Јане Сандански и да- се гради и црквичка...уште не е готово али убаво паркче ќе биде :)
     
  12. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.023
    Паркот со споменикот на Јане Сандански е готов и отворен е, а карши Бисер како што знам ќе биде трговски за кино прв пат слушам. Здравје ќе видиме што ќе испадне.