3 дена 2-3 кг

Дискусија во 'Диети' започната од majaaa, 17 февруари 2011.

  1. majaaa

    majaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2009
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    26
    за 3 дена губење до 2-3 кг
    Брзата диета "3 дена" е една од најпопуларните диети денес, која трае кратко а дава инстант резултати. Оваа диета не влегува во редот на често препорачливитее диети, па така ако веќе се одлучите да ја држите - држете ја само 3 дена! Многу луѓе ја усвојуваат како своја редовна диета и ја повторуваат кога мислат дека им е потребно брзо да намалат некој килограм.

    Лошата страна на оваа диета е што резултатите можете да ги очекувате единствено ако го промените начинот на исхрана, така што ќе намалите или исфрлите од исхраната се она што на вам Ви допридонело да ја зголемите својата телесна тежина (во главно слатките, обилните и масните јадења и тестенините) и ќе морате да вежбате повеќе. Се останато води до прочуениот јо-јо ефект, односно по престанувањето на диетата можете многу брзо да ги повратите вишокот на килограми.

    Поедноствно кажано, брзата диета е ниско калорична диета и нема ништо чудесно во неа (некои посебни хемиски реакции кои ги согоруваат килограмите и сл.). Губењето на килограмите е резултат на значајното намалување на калориите, а она што се губи при оваа диета е помал дел маснотија, а поголем дел е задржана вода. Заради намалениот калориски внес, оваа диета се практикува 3 дена и за тоа време очекуваното губење на телесната тежина е помеѓу 2 и 3 кг.




    Брза диета "3 дена" - план на оброците по ден.

    Прв ден

    Појадок:
    Црно кафе или чај (малку засладено)
    1/2 грејпфрут
    1 парче тост леб
    1 супена лажица путер од кикиритки

    Ручек:
    1/2 шоља туна
    1 кришка тост
    кафе или чај (малку засладено)

    Вечера
    100 грама варено не многу масно месо (било кое)
    1 шоља варена боранија
    1 шоља морков
    1 шоља сладолед или крем од ванила
    1 јаболка средна големина
    кафе или чај (малку засладена) или вода

    Втор ден :

    Појадок:
    Црно кафе или чај (малку засладено)
    1 варено јајце
    1 парче тост леб
    1 банана

    Ручек:
    1 шоља немасно сирење
    1 кришка тост леб
    кафе или чај (малку засладено) или вода

    Вечера:
    2 виршли
    1/2 шоља моркови
    1 шоља сладолед или крем од ванила
    Кафе или чај (малку засладен) или вода
    Трет ден

    Појадок:
    Црно кафе или чај (малку засладено)
    50 грама сирење
    1 кришка тост леб
    1 јаболка
    Ручек:
    1 тврдо варено јајце
    1 кришка тост леб
    кафе или чај (малку засладено)
    Вечера:
    1 шоља туна
    1 шоља морков
    1 шоља карфиол
    1 шоља сезонско овошје
    1/2 шоља сладолед од ванила
    кафе или шај (малку засладено)

    Замени во диетата "3 дена":
    Портокал наместо грејпфрут
    Туна наместо сирење и обратно
    Ладен јогурт наместо сладолед
    Боранија наместо брокула
    Карфиол наместо брокула
    Цвекло наместо морков.
    Заклучок

    Како што веќе напоменавме, оваа диета не влегува во редот на здравите диети, но од друга страна носи брзи резултати. Ќе ви помогне брзо да намалите некој килограм. Исто така оваа диета препорачливо е да ја применуваат само здрави особи и да се придружуваат на неа колку што и самото нејзино име кажува 3 ДЕНА!
     
    На Ellena07 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.038
    Минатото лето ја држев оваа диета ама место 3, 6 дена. Симнав 7 кила што е многу, ама не јадев ни месо ни морков, ни брокула, ни карфиол од понудените. И правев многу вежби на ден и возев велосипед по саат време. Многу бев задоволна, ама бев некако уморна и мрзоволна ама немав никакви сериозни проблеми и крвната слика пак ми беше супер. Ама за еден ден се се' среди а најважно организмот веќе не ми бараше многу храна па килограмите не ми се вратија.
    Планирам да ја држам пак сега пред одмор. :)
     
    На anonimna.83 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. gaga.rocks

    gaga.rocks Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    35
    Браво!
    Значи ептен браво!
    И фала задиетата!
    Баш за мене!
    2 кг. сакам да ослабнам.
    Али место путер од кикирики што да ајдам :/
     
  4. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547
    И јас планирам да ја држам оваа диета :) Толку и ми требат 2-3 килограма ништо повеќе :) А и стомачето да го зберам малку :) Се разбира дека ќе вежбам,трчам и др физички активности :D
     
    На majaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547
    За оваа диета малку сега се премислувам бидејки прочитав дека има јојо ефект :worried: И сега незнам..мислам дека можеби ќе додадам нешто кон диетата за да биде по богата со јаглехидрати за да не се врати јојо ефектот :)
     
  6. bella.honey

    bella.honey Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    639
    Допаѓања:
    295
    Супер е диетава! :) Ќе ја пробам за во иднина, сега засега немам проблеми со тежината хД
     
    На majaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  7. brunete

    brunete Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    39
    Ме интересира дали после постои можност за враќање на килограмите?
    Иначе ми се свиѓа планирам да ја пробам
     
  8. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Brunete, можат да се вратат киограмите ако натаму не внимаваш на својот режим на исхрана. Ако сакаш да ослабеш со помош на било која диета и успееш во тоа, потоа се вратиш на стариот начин на исхрана со внесување на калорични продукти како многу чоколадо, тестенини, леб итн. повторно ќе ги вратиш килограмите. Но сепак добро е и вежбањето на пример возење ролери, велосипед 1-2 часа денот. Ќе имаш подобри резултати.Со вежбање се губат калории за побрзо време, наместо со диети. Потоа внимавај на внесувањето на калории. Нормално е 1200-1500 калории во денот. ;)
     
  9. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.008
    Мене ми личи на сосема нормален внес на калории...што е толку шокирачко за организмот ако во еден оброк изедеш:

    Вечера
    100 грама варено не многу масно месо (било кое)
    1 шоља варена боранија
    1 шоља морков
    1 шоља сладолед или крем од ванила
    1 јаболка средна големина
    кафе или чај (малку засладена) или вода

    Обичен оброк без ништо во него ригорозно по здравје...ок си е, само не ја сфаќам фамава околу диетата, ко божем јадеш по едно варено јајце на ден па се ограничува на 3 дена оти е штетна....бла бла. :|
     
    На gaga.rocks му/ѝ се допаѓа ова.
  10. gaga.rocks

    gaga.rocks Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    35
    @GeorGinna,
    Ако сакаш можеш да ја држеш и повеќе денови како што кажа некој член понагоре и да имаш поголеми ефекти.
    Зззз
     
    На GeorGinnA му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Ellena07

    Ellena07 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    119
    Допаѓања:
    12
    А ако може да ми кажете какво е тоа 1 парче тост леб..може тост од сендвичара или..?
     
  12. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Едно парче тост леб е една кришка леб. Обичен сув леб без ништо.
    Претпоставувам :D
     
  13. Ellena07

    Ellena07 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    119
    Допаѓања:
    12
    И јас помислив на кришка леб..ама мислам дека не би требало да се јаде само сув леб..веројатно може и да се заслади со нешто...
     
  14. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.338

    = 1 двопек (кришка леб подпечена на тост)
     
  15. Ellena07

    Ellena07 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    119
    Допаѓања:
    12
    Фала многу..бидејќи почнав со диетата затоа ме интересираше...
     
  16. Ellena07

    Ellena07 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    119
    Допаѓања:
    12
    А виршлите какви да бидат?Најверојатно варени..
     
  17. Ellena07

    Ellena07 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    119
    Допаѓања:
    12
    Луѓе ја држев диетата три дена..и воопшто не смалив од килажата,туку покачив 1кг и 700гр..Јас се надевав дека е добра диетава,но сосема се разочарав.Од утре морам да почнам со друга.. :@