3 работи кои ќе го направат вашиот партнер среќен

Discussion in '„Другата“ наука' started by Angel4eeee, Apr 15, 2013.

  1. Angel4eeee

    Angel4eeee Истакнат член

    Joined:
    Feb 20, 2013
    Messages:
    529
    Likes Received:
    336
    Gender:
    Female
    Мислам дека ваква тема во оваа категорија нема добро пребарав,али ако постои а јас не сум видела слободно клуч
    Еве уште нешто од мене :$ :$ :$

    Овен
    1. Покажете возбуда и ентузијазам за нивните интереси, хоби, идеи, но најважно од сѐ, за самите нив.
    2. Дозволете им да мислат дека сѐ било нивна идеја.
    3. Заборавете на живот според рутина колку што можете повеќе, за да ги одржувате работите во вашата врска нови и свежи.

    Бик
    1. Разгалувајте ги со масажи и физички контакт во изобилство.
    2. Направете да се почувствуваат безбедно, стабилно и комфорно.
    3. Дозволете им да одржат степен на независност во врската. Никогаш не си дозволувајте да се чувствуваат како да се во стапица.


    Близнаци
    1. Секогаш настојувајте комуникацијата помеѓу вас да тече беспрекорно.
    2. Пронајдете начин да ги одржите односите едноставни и разиграни во вашата љубовна врска, дури и во тешките мигови.
    3. Сакајте ги нивните пријатели и поддржувајте го нивниот активен социјален живот.


    Рак
    1. Поминувајте многу време со нив. Ракот треба да ви биде на прво место на приоритетите во животот.
    2. Магистрирајте на темата „уметност на галењето“.
    3. Дајте сѐ од себе за да ја разберете „плимата и осеката“ во нивните расположенија.

    Лав
    1. Облевајте ги со љубов, внимание и пофалби, секој ден.
    2. Поддржете ја и охрабрувајте ја нивната страст и креативни идеи.
    3. Дозволете им да ја преземат главната улога секогаш кога тоа е возможно.

    Девица
    1. Бидете искрени и отворени и не ни помислувајте да сокриете нешто од нив.
    2. Секогаш одржувајте го вашиот дом чист, најмногу што е можно.
    3. Помогнете им да почнат да зборуваат за нивните чувства, секогаш кога ќе забележите дека се загрижени или нервозни.


    Вага
    1. Разгалувајте ги и дозволете им за возврат да ве разгалат и тие вас.
    2. Бидете дарежливи со комплименти и возвишувања.
    3. Немојте да го уништувате балансот во вашата врска, започнувајќи кавги и препирања. Наместо тоа, одржувајте го односот спокоен и хармоничен.

    Скорпија
    1. Споделувајте ја со нив вашата емотивна, физичка и спиритуална интима.
    2. Бидете блиски со нив и потрудете се тие да дознаат колку длабоко сте поврзани вие двајца.
    3. Бидете страсни за сѐ што постои во животот, а особено за вашата љубовна врска.


    Стрелец
    1. Вклучете се во интелектуални разговори и внимателно слушајте ги нивните идеи.
    2. Дадете им слобода да го живеат нивниот живот, според нивни услови.
    3. Поддржете го нивниот авантуристички дух и станете дел од него, колку што можете повеќе.

    Јарец
    1. Пронаоѓајте начини постојано да ја покажувате вашата посветеност кон нив и вашата заедничка врска.
    2. Научете да се справувате со реалноста. Не се фокусирајте премногу на муабети од стилот „што би било, кога би било“.
    3. Употребете ја вашата интелигенција и хумор за да ја придобиете нивната љубов и да ги насмевнете.

    Водолија
    1. Немојте да бидете љубоморни или застрашени од нивниот активен социјален живот. Наместо тоа, научете како да станете дел од него.
    2. Дадете им слобода да прават што сакаат и сами да си одлучуваат за своите постапки.
    3. Внимавајте на вашиот систем на вредности и секогаш однесувајте се во согласност со него.

    Риби
    1. Одржувајте го односот романтичен и сензуален. Никогаш не дозволувајте да се изгуби „магијата“ во вашата врска.
    2. Поддржувајте ги кога се чувствуваат несигурно.
    3. Почитувајте го нивното спонтано однесување, прилагодливо на секоја новонастаната ситуација. Никогаш не се сомневајте во нивните интуитивни одлуки.

    Кај мене е повторно точно се ,навистина тоа го сака :inlove:
    Да видам кај вас?? :talk:
     
  2. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Joined:
    Apr 25, 2012
    Messages:
    1,240
    Likes Received:
    3,404
     
  3. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Joined:
    Jul 7, 2010
    Messages:
    2,261
    Likes Received:
    1,349
    Водолија
    1. Немојте да бидете љубоморни или застрашени од нивниот активен социјален живот. Наместо тоа, научете како да станете дел од него.
    2. Дадете им слобода да прават што сакаат и сами да си одлучуваат за своите постапки.
    3. Внимавајте на вашиот систем на вредности и секогаш однесувајте се во согласност со него.

    Добро ,ова го знам и главно се придржувам до тоа .Важно е љубвта да цвета :inlove:
     
  4. lana8

    lana8 Истакнат член

    Joined:
    Aug 28, 2012
    Messages:
    273
    Likes Received:
    180
    O и тоа како е точно! Што значи крајно време е да ги применувам овие три златни правила! :!:
     
  5. Skromna

    Skromna Истакнат член

    Joined:
    Jan 22, 2012
    Messages:
    338
    Likes Received:
    119
    .. :?: ....ах,никако да допрам до мојот рак...ќе ме пукни со неговите плими и осеки.. :geek: .

    .....Jас сум Риба....
    .......и се е точно ова за мене.... :hai:
     
  6. ang246

    ang246 Истакнат член

    Joined:
    Jun 14, 2012
    Messages:
    660
    Likes Received:
    145
    за мене се е точно а богами и за него.... :D
     
  7. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Joined:
    May 31, 2010
    Messages:
    14,525
    Likes Received:
    85,449
    Gender:
    Female
    Ние раковите сме стварно посебни. :P