22. Песна која ме мотивира да гледам напред: Знам дека е клише, ама ниедна песна не ме мотивира како оваа, инспирирана од ситуацијата на Фреди, гитаристот Брајан Меј ја напишал. На Фреди му било толку лошо што не знаеле ни дали ќе успее да отиде до студиото и да ја испее, ама на дента со последни сили отишол и нашминкан и распеан на гитаристот му рекол ај ќе видиш сега. Резултатот го знаете сите, гледате и сами каква е песната. Срцето си го оставил тој ден, иако му било претешко се собрал и се надминал себеси во собата каде што биле микрофонот и тој. Уште не се знаело низ светот дека има ХИВ, снимена е 6 недели пред да почине. Не можам ни да замислам која сила, посветеност и љубов кон она што го работиш треба да имаш за да на одброени денови ставиш шминка, да отидеш на работното место и да отпееш како никогаш претходно, од прва. Затоа е најголем на сите времиња, затоа е Ц.А.Р.
Ден 11: Песна која никогаш не ти здосадува Една од моите омилени песни и спотови ever. Сосе монологот пред и потоа