Офф топик: Кога се започнува со нов ден? И подобро би било да се ставаат само песните од денот на предизвикот. Вака се губи редослед.
Со нов ден можеме да започнеме после полноќ, мислам би било во ред ако се согласувате. А за песните, и јас се согласувам дека би било подобро да одиме по принципот „еден ден-еден пост“, не би било некој проблем, зашто вака ептен би било строго и не би имало простор да се приклучат уште луѓе (можеби некои уште не ја откриле темава, па ќе се вклучат покасно), па затоа не би било ок да е до толку лимитирано за сите да мора да се синхронизираме. Не сакам темата да биде „обврска“, т.е. некој да чувствува дека мора да го следи точно денот за кој постираат повеќето. Јас сум за да биде нелимитирано, а другото го оставам на вас и секако на @Dream-Girl.
Па и јас мислам дека е океј по избор да се приклучуваат Дали ќе почнат од денот 1, или денот 5 - ама бар во еден пост да бидат песните. Друго да си прашам. Пример може ли две исти песни да се постават на иста "тема"?
^Се сложувам за делот со песните од денот на предизвикот. Вака ако е 5ти ден пример кога ќе ја отвориш темата гледаш од претходните денови се измешано. Мислам нема да е проблем некој да се приклучи директно на некој ден.
Најдобро според мене би било секој да си го прати својот ред На пример ако јас заборавам утре да ставам за ден 3 песна, да ставам во понеделник за ден 3 Мислам ме сфаќате што сакам да кажам
Нека се приклучи секој кога сака, темата е од забавен карактер, никој не е присилен да објавува секој ден и да мисли дека има таква обврска. Секој за себе нека си има своја евиденција, инаку прерипување од ден 1, на ден 5 не би било убаво
Една песна само за дадениот ден, иначе сите мислам би можеле да редиме до бесконечност песни кои ни се допаѓаат (не знам дали те сфатив добро, но ако мислиш на тоа воопшто да не се повторуваат песните - нема врска, може да има една иста песна од повеќе членови, не е важно тоа). А ако одиме со тоа да се приклучуваат членови од кој ден сакаат, мислам дека малку повеќе би се изгубила поентата на 30-дневниот предизвик, па затоа јас не сум за тоа и спомнав дека не мора да бидеме синхронизирани до толку. Не мора ако денес е ден 27 да речеме, некој да дојде и да стави песна за тој ден, може да си почне од прв ден. Друга работа, нема баш некој голем избор за вакви предизвици како би можеле константно да ги апдејтираме, па затоа мислев темата да биде послободна и секој да може да си води евиденција за самиот себе, без разлика на тоа до кај се другите.