Day 11 - A book you hated. Можеби ќе и' дадам уште една шанса. Првиот пат не успеав ни да ја дочитам...
Day 16 Favourite female character Kathy од Never let me go на Kazuo Ishiguro Day 17 омилен цитат Сиот оној град... не му се гледаше крајот... Крајот, ве молам, ќе можеме ли да го видиме крајот? И вревата/ На онаа, стопати нека е проклета скаличка... Беше многу убаво, се`.... а јас бев фраер во оној капут, феноменално изгледав и немав сомневање, сигурно беше дека ќе се симнам, немаше проблем/ Со мојата сина шапка/ Првото скалило, второто скалило, третото скалило/ Првото скалило второ/ Не ме запре она што го гледав
Можеш ли да го разбереш тоа, брат?, она што не го гледав... го барав ама го немаше, во целиот оној бескраен град имаше се` освен/

Имаше се`/

Но немаше крај. Она што не го видов е каде завршува сето тоа. Крајот на светот/

Замисли си: пиано. Клавишите почнуваат. Клавишите завршуваат. Знаеш дека ги има 88, тука никој не може да те излаже. Тие не се бескрајни. Ти си бескраен и бескрајна е музиката што внатре, во тие клавиши, можеш да ја создадеш. Тие се 88. Ти си бескраен. Тоа мене ми се бендисува. Тоа може да се живее. Но ако ти/

Но ако јас се искачам по онаа скаличка, а пред мене/

Но ако јас се искачам по онаа скаличка, а пред мене се постеле клавијатура од милиони клавиши, милиони и милијарди/

Милиони и милијарди клавиши кои никогаш не завршуваат и тоа е целата вистина, дека никогаш не завршуваат и дека таа клавијатура е бескрајна/

Ако таа клавијатура е бескрајна, тогаш/

На таа клавијатура нема да можеш да отсвириш. Си седнал на погрешно столче: тоа е пијаното на кое свири Господ/

Господе боже!, ги виде улиците?/

Само улиците ги имаше илјадници, како вие таму успевате да одберете една/

Да одберете една жена/

Една куќа, една земја да биде ваша, еден пејзаж за гледање, еден начин на умирање/

Сиот тој свет/

Тој свет во тебе што не знаеш ниту каде завршува/

И колкав е/

Никогаш ли не се плашите дека ќе се рапсаднете на илјада парчиња кога само ќе го замислете тој бескрај, само да го замислите? А да го живеете.../

Јас сум роден на овој брод. Светот поминуваше и тука, но само две илјади луѓе одеднаш. Имаше тука и копнежи, но само колку што може да се соберат помеѓу носот и крмата. Си ја свириш својата среќа на клавијатурата што не е бескрајна.
Јас сум така научен. Копното, тоа е преголем брод за мене. Предолг пат. Премногу убава жена. Преопоен мирис. Таа е музика што не знам да ја отсвирам. Пуштете ме да се вратам назад. Ве молам/ / / / / / Сега обиди се да разбереш, брат. Обиди се да разбереш, ако можеш/ Сиот тој свет во очите/ Ужасен, а убав/ Премногу убав/ И стравот што ме враќаше назад/ Бродот, пак и за навек/ Малиот брод/ Тој свет во очите, секоја ноќ, одново/ Сеништа/ Можеш да умрешако им се препуштиш/ Сакаш да се симнеш/ Не се осмелуваш/ Да полудиш/ Да полудиш/ Нешто мораше да се превземе и јас го направив тоа/ Прво го замислив/ Потоа го правев/ Секој ден, со години/ Дванаесет години/ Милијарди мигови/ Со движења незабележливо и бавно...“
Day 17, Favorite quote from your favorite book Во денешно време луѓето ја знаат цената на се, а вредноста на ништо. Се плашат од себеси. Ја имаат заборавено најголемата обврска од сите, обврската која ја имаат кон себе. По природа се песимсити, а нивните души се голи и гладуваат за креативни идеи. Сликата на Доријан Греј од Оскар Вајлд
Day 17, Favorite quote from your favorite book Зборувањето е извор на недоразбирања. Малиот принц Spoiler Мојот живот е здодевен. Јас фаќам кокошки, а мене ме фаќаат луѓето. Сите кокошки личат меѓу себе и сите луѓе личат меѓу себеси. Мене по малку ми е здодевно. Но ако ти сакаш да ме припитомиш, мојот живот ќе се разведри. Јас ќе распознавам еден шум на чекор што ќе се разликува од сите други. Другите чекори ме тераат да се кријам подземи. Твојот како музика ќе ме измамува надвор од моето дувло. А сега, гледај! Ги гледаш ли таму полињата со жито? Јас не јадам леб. За мене житото е некорисно. Полињата со жито не ме потсетуваат на ништо. И тоа е така тажно! А ти имаш златеста коса. Кога ќе ме припитомиш, ќе биде чудесно убаво. Житото што е златесто ќе ме потсетува на тебе. И јас тогаш ќе го сакам шумот на ветрот во житото...
1. Best book you read last year - Ја исчитав на крајот на годината и H.G.Wells ми стана опсесија! Поготова оваа му е врв. Sci-fi авантура полна со акција и мистерија. Да имаш таква имагинација на крај на 19ти век... го обожавам!
Ден 18, не ме разочара книгата, туку главната јунакиња, се сеќавам колку бев револтирана кога ја читав во средно