Мојот фитнес ден (+ мотивации) Еве еден интересен предизвик, јас и не сум баш физички активна во последно време, па супер би ми дошло нешто вакво.
Мојот фитнес ден (+ мотивации) Ме заинтересира.. Извините малце офф топик.. Овие чучњеви треба одеднаш да ги направиш? Пр. Првиот ден се 50 чучњеви.. Е сега треба сите наеднаш или пак може цел ден да си праивш по 10, ама и со одмори? Се надевам дека ме разбра
Мојот фитнес ден (+ мотивации) Сакав да прашам дали некој од вас ги има завршено сите денови ? И дали има некакви резултати ? И уште непто, кога клекнуваме треба до долу или до кај средина некаде ?
Мојот фитнес ден (+ мотивации) Спојлер Јас не се водам според ова, но чучневи правам скоро секој ден со тежинина и резултати има и тоа како. ( правам од 50 до 300 во зависнот од тоа што вежбам ) http://www.youtube.com/watch?v=UXJrBgI2RxA. Еве како правилно се прават
Мојот фитнес ден (+ мотивации) Застануваш нозете да ти бидат малку пошироко од колковите, клекнуваш нозете да ти дојдат паралелно со подот, ама задникот го местиш назад, за коленото да не ти оди над прстите. Грбот исправен, стомакот стегнат. Модификации на тема: 1. ако сакаш да додадеш малку повеќе отпор, додади тегчиња. Така во рака нема да ти значат многу, ама на чучањот ќе се чуствуваат. 2. се местиш во крајна положба и држиш така одредено време (пола минута или минута, зависи колку си спремна). 3. При секое клекнување, на станување додаваш скок, станувањето да биде брзо и експлозивно, ама движењата да бидаат флуидни, да ти биде поврзано, а не чучнеш, па застанеш, па скок. Исто, трба да внимаваш да не ја нарушиш формата за да не дојде до повреди. Мислам дека не утнав ништо Некој постручен може да ме исправи На youtube има клипчиња сигурно, барај how to squat и сигурно ќе најдеш
Мојот фитнес ден (+ мотивации) И еве сум јас на 29 ден!Издржав луѓе,а првпат кога ја видов сликава ми се чинеше како невозможна мисија
Епа,девојки,да се пофалам и јас,од денес почнав со squats(чучњеви). Отпрвин си мислев којзнае колку е лесно,ама сега увидов колку е тешко за некој мрзлив како мене. Сакам да ве прашам дали има видливи резултати од ова? И дали кога ќе се заврши со 250,одново се почнува или се чека еден ден одмор?
Мојот фитнес ден (+ мотивации) Има и те како видливи резултати Уште подобри ке бидат резултатите ако ги правиш со тежини. Немораш да правиш пауза од 1 ден од како ке завршиш можеш веднаш да си почнеш од почеток
Мојот фитнес ден (+ мотивации) дали може да се прават мали одмори помеѓу или мора сите од еднаш, како ги правите?
Мојот фитнес ден (+ мотивации) Иви,јас колку што сфатив,треба 50 одеднаш да ги направиш,како да кажам,не да направиш еден па да речеме 30секунди пауза,тоа не е веќе вежбање,значи едно по друго ги правиш додека да стигнеш до дадениот број што е предвиден за денот,без пауза помеѓу клекнувањата. Ако грешам,нека ме поправи некоја феминка.
Мојот фитнес ден (+ мотивации) Ќе ги правиш сите,има многу видливи резултати за задникот и нозете,но пази ке имаш запалење на мускули како мене од вчера,но немој да се откажуваш! баш јас денес дупло од вчера ке вежбам,кога е најтешко мора да се продолжи. Кога ке го завршиш предизвикот ке почнеш пак од почеток да ги правиш за да се одржаваш во форма,но ке качуваш по 5+,пример првиот ден 55,вториот 60,а и вториот пат кога ке го завршиш,третиот пат (ако стигнеш до таму ) ке качуваш по 10+. Јас вака цело лето правев и се одржавав во форма,воопшто време не одзимаат а има многу видливи резултати,поздрав и со среќа,не се откажувајте! п.с. не се прават мали одмори,одеднаш сите,првиот ден за неколку минути ке завршите.
Мојот фитнес ден (+ мотивации) не мислев после секој пауза, туку после 30 - 40, да се направи пауза од 10 - 20 сек, инаку фала за одговорот, ке пробам без паузи
Мојот фитнес ден (+ мотивации) Може да се прават во серии, ај 50 ќе ги направиш одеднаш, ама 250 одеднаш не верувам. Бидејќи правев програма ама со 300 чучњеви, барав по нет и прочитав дека можеш да земеш пауза кога ти е потребно. Јас ги правев во серии од 20 или 30 чучњеви па пауза некои 15 секунди па продолжував пак. Резултати има, но ќога ќе ги правиш внимај да ги правиш правилно (колениците да не одат понапред од прстите при клекнување).