Јас ги почнав овие. Денес ми е шести ден. Ако не се откажам ( се надевам дека нема ) ќе се сликнам и ќе ставам слика во соодветната тема
Мене денес ми е седми ден и тешко е. Стомачните не се тешки ама другите... Се надевам дека ќе има резултати
Еј многу е добро ова ! Јас намалив 3 сантиметри за 10 дена ! Ајде уште малку ке издрќиме Само треба да имате добра мотивација,верувајте ке биде лесно!
Јас од вчера почнав со чучњевите и со ова wall-sit ама од денес почнувам да си ги рачунам. Имам направено 50 squats Спојлер И место 10 секунди незнам зошто сум ги помешала и направив 45 ама како и да е не губам ништо Спојлер Паралелно на ова од вчера почнав со insanity ама никако да довршам до карј така да овие два дена сум до пола.
Еве нешто поразлично што можеби е за во групата Диети, ама не е грешка да се стави во овие предизвици. Минатата вечер на инстаграм видов ваков предизвик и ми дојде идеја да си направам моја табела-предизвик со штетната храна на која неможам да и одолеам. Еве и линк доколку некој сака да си превземе табелата Код: http://speedy.sh/Wz966/30.docx
Ептен ми се допаѓа јас ќе почнам ова да го применувам а,некоја фитнес мотивација на телефон ќе ставам па кога и да го уклучам да се мотивирам. Јас сум до 18 ден чучњеви и 14 ден стомачен предизвик
Немам проблем со тежината (можеби ми требаат 2-3 кила плус), но имам мал задник и слаби нозе. Дали со sqwats и дополнителните вежби што ги најдов за brazilian butt може тоа да се среди? И некој дополнителен совет ако имате е добредојден p.s. имам и орбитрек, ако врши работа, но да не доослабам
Squats или чучњеви по наше ти најдобра опција за задникот, следи го предизвикот горе и чекаме резултати.
Тежински тренинг комбиниран со правилна исхрана. После одреден период ќе стагнираш,ако не креваш доволно тежини.
Еве и јас направив табела за штетни продукти кои дебелат ако сакате симнете си ја сликата јас од денес го започнувам ова и вежбите
Се придружувам и јас на предизвиков. Денес ми е 4ти ден, ден за одмор. Мускуливе ми вриштат, воспалени ми се, а ја загреота цела закржлавена. Немам апетит, така да деновиве на воздух сум само. Кафе и вода и по некоја случајност овошје. Се гледаме за 30 дена.
Ајде кажете ми мене со која табела да почнам,значи несакам да слабеам само да се затегнам поздрав девојки *
1 ден успешно помина. Инаку активна сум секој ден одам на фитнес и дополнително со ова сега. Па се надевам дека нема да се откажам. Поздрав девојки !
И вториот ден помина успешно. Имав малку болки ама ништо не е тоа. Можам јас! Еве уште една слика за мотивација, доколку некој воопшто ја чита темава. Како и да е..