Истото е и од машки аспект ( поточно мој). Тие што стигнале до 30 и уште се сингл,најверојатно нешто до нив е проблемот бидејќи не е можно никој да не им се пуштил 15 год (од 15 до 30 ). Психологија и карактер на 14-15 год девојче. Фрустрации, љубомора зошто со сестра ми сум отишол да купувам облека и дури како сум дозволил сестра ми да ми ја мести кошулата Ама разбирам тоа е . Пусто неискуство кога ти си трет на 28 години.
Некои од убавите луѓе баш растеле како грди пајчиња и биле исмевани за х работи кои ги правеле различни од другите во детството ама, се смениле работите некаде во... средно школо, можеби подоцна. Па тешко може да се каже дека имале полесен живот. Периодот на „грдо пајче“ на еден или друг начин им останува врежан во главата. Едни ќе се баш бидејќи го преживеале сето тоа..фини со секого, други ќе си лечат комплекси. Луѓе. Можда не сме правени во калапи ама, тие сме,пар типови на карактери, искуства, поведение се повторуваме на секој трети, пети..десети човек што ќе го сретнеме/ат.
На убавите луѓе не им е тешко да најдат некој покрај себе. Нив им е проблем да најдат некој по нивни критериум, затоа што реално имаат многу повисоки критериуми од некој не толку атрактивен човек кој бара нели “сродна“ душа по карактер, ама реалноста е дека тој не може да брка убави девојки/дечки.
не само селачиште туку тоа се вика прост народ силна држава тоа ти е од продто попростосигурно е некој шо има преголемо мислење за самиот себе јаооо каков лепотан сум а уствари секој жив човек има маани....
јас сум скоро 30(26) имав дечко до пред 4-5 месеци па не значи дека тие што се сингл никој им се нема пуштено од 15 год позади секоја сингл девојка постои една приказна зошто е сингл и не секогаш ние сме криви.....
Еј, да те носам од сега со мене на состаноци, да ги запознаеме „атрактивниве“ мажи во 30ти, да видиш кое самочувство го имаат на овие години и кои критичари на женската убавина се ... баш оти се водат по она, „рокот на употреба“ и на најатрактивните девојки близу 30 и над 30 се ближи кон крајот, а се сами, неомажени..кој ќе ги сака стари, треп-треп па се понашаат небаре се последниот воз за спас. Па и за карактерот кога некој си ја бара сродната душа е пребирлив. Јас сум. И во продавница кога ќе влезеш да купиш патлиџан си пребирлив. За сé сме пребирливи и генерално мислиме дека заслужуваме повеќе. Атрактивен човек е сосем нормално да има повисока цена де. Ама, има луѓе кои иако атрактивни и можат да бидат со атрактивни дечки/девојки.. и сепак бираат некоја plain Jane или avarage Joe. Се бидува,само човек треба да налета на нешто што нај ќе му одговара на она што тој сака vs има да понуди некому (не само во смисла, предмети и пари) @Jovanotti
хммм мислиш дека на нас никој не ни се пуштил? дека никој не не сакал? дека не сме имале понуди за брак? Колку си сигурен?
да те носам со мене на состноци да ги запознаеме.. = ела на моите дејтови со бла,бла како набљудувач. Дури и ова,не е озбилно. Не,не го сфаќај како покана.
Ех, се усра од една покана, а тука глумиш бла-бла И, вие утре ќе бркате дечковци, а немате стискавец (мала шала)
па ја сум дрндало де,крекало.. како год. И толку. @Jean-Baptiste генерално да. it's complicated.Ти child?
Луѓе велите на убава девојка и е полесно. А знаете ли во колку непријатни ситуации може да западне убава девојка само заради физички изглед? Еве јас не сум некоја убавица којзнае каква ама сум западнала во такви ситуации. Одам на обука професионална и таму во мене зјапаат и ми се пуштаат организаторот кој е слободен и скоро како мајка ми на години и уште двајца колеги се буљат цело време во мене така што ми е непријатно. Со еден испив еднаш едно кафе, ама видов карактер нула и еве го до ден денес по 2 години ме манијачи по фб, по телефон, уште ме раскажува со луѓе кои не знаат и двајцата дека сум го одбила оти не бил богат и бара да му ургираат. Многу луѓе убавите девојки ги гледаат како плен, дај да ја ќарам по секоја цена, а при тоа основна култура нема. Има и многу очајни машки што само гледаат да се докопаат до какво такво женско. Извинете ако звучи самобендисано, пак ќе кажам не сум којзнае колку убава. Ама има машки кои не знаат да се однесуваат, на прво видување лажат, манипулураат, некултурни се, чекаат женското да плати итн...
Извини и ти и сите понатаму, но лошо се изразиив во постот. Сакав да кажам дека тие таквите неизживеаните се личности што до 30 години или премногу бирале или чекале нив некој да ги бира и заради тоа постапките им се блокирани на 15-16 годишници (без разлика машки или женски).
WTF !?!?!??!?! До толку ли маживе си го продаваат егото само за да се ``докопаат до женско`` како што кажа ? Каде им е достоинството,каде им се манирите ? Катастрофа. Изгледа само јас сум ненормален на светов што не дозволува девојката да плати на прв дејт
Објасни ми го поимов на што конкретно се мисли. Камо за мене топло добредојде во клубот на сингл некој да ми посака? Следна тема што ќе ја отворам ќе биди барам стројници пошто вака веќе не оди работава, сами што не не бива да си најдиме асални не не бива. Шала на страна и ја не знам како се вртам во круг на ова поле од животецов. Таман ќе помислам тој е то што го барам, се мислам си доаѓа на свое место и бам раскид. Се трудам да увидам што не штима во овој оркестар ама не гледам каде грешам. Кога сме веќе кај убавината можи сум просечно убава и привлечна ама барем не сум глупа, памет и домаќински спосбности не се ценат ли?