Еве, јас ќе ти кажам за себе. Оти не сум убава. Оти не ме сакаат. Нејќат да си играат со мене...Оти сум жаба.
Сине, ако те интересира конкретно некој, прашај си. Мада дрско е, лично прашање кое не е твоја работа. Ај ќе ти набројам неколку општи причини. 1. Изгореност од лоши врски, кои за среќа се прекинати на време кога си сфатил дека таков човек не заслужува да го поминеш со него животот, а се знаеш колку вредиш и не се врзуваш со никој под твоите критериуми само од страв за да не останеш сам. 2. Здравствени проблеми. 3. Семејни проблеми, кога си имал тешка ситуација дома ради која си го ставил личниот живот на пауза и си се посветил на најблиските. 4. Сеуште студираш/градиш кариера/сакаш да патуваш и едноставно мажењето не ти е приоритет. 5. Не си го сретнал вистинскиот. 6. Не си спремен за сериозни обврски. 7. Те плаши врзувањето само за една личност до крај на животот. 8. Не ја гледаш земјава како место каде би сакал да се скрасиш и создадеш семејство. 9. Не ти треба маж за да имаш дете (ако сакаш) и едноставно 10. Зато што сакаш да си сингл, личен избор.
Ете ни мене не ми се верува дека терминов сеуште пости, а уште почудно е да го слушнеш од млади луѓе (под претпоставка дека повеќето на форумов се тинејџери). Не знам можеби во помалите места во Македонија, сеуште постои тоа сфаќање и притисок на помладите дека мора да се омажат, како да е тоа крајната цел на животот.
Не е ниту страшно ниту тажно. Нема потреба од смајлињава. Лично за мене да си кажам. Не сум ја сретнала правата личност. Според мене, подобро сама и среќна, отколку со некој во лоша врска или брак, само за да не бидам сама или за да ги задоволам општествените норми.
Па твоето мислење ме интересираше баш. А и не е срамно да се каже. Незнам што сте се затвориле толку.
Не е срамно, ама едноставно не е твоја работа, избери си по случаен избор од листата што ја направив.
Слободно избери колку сакаш, ако ти текнува уште нешто дополни го списокот. А зошто те интересира толку, да не сакаш нешто да ми кажеш?
Marick14, aj najdi si druga zanimacija i ne gi maltretiraj lugevo na forumot. Ako imas nesto ubavo da kazes bujrum ako ne teraj si po patot.
Ти вчера се зачлени на форумов и одма царуваш, м? Јас само прашав зошто сакав да знам кои се причините за тоа. Не го гледам како лоша особина, туку онака просто ме занима и сакам да знам.
Можеби Марик сака да усреќи некоја дадичка од 30 и кусур па .. немора тоа да го сфатите веднаш негативно и да го сместите во аголот на преварантите бивши момци кој унесреќуваат женски срца... Еве јас на пример лично обожавам кожа на 30 годишна девојка која што е созреана и има прекрасна стамина и ум и се ... што има везе , прв предуслов за среќен живот е човекот да е среќен нели? Иначе мојата филозофија е дека не мора да се сместиш во животот (брак) и да се оплодиш и да креираш фамилија со некој човек ради реда туку треба да се чека или да се издејствува со вистински човек, во вистинско време и со вистински услови за квалитетен заеднички понатамошен живот , во спротивно, се би било вештачки, ради - реда и плодот ( детето ) би бил продуктот на таа деструкција која се десила поради опшествениот часовник кој куца секоја секунда напред во нашето линерарно време... Во превод: За да има Љубов треба да биде вистинска а за да се најде вистинската Љубов треба да се поработи на случајот и пред се да се биде реален и квалитетен како личност и индивидуа , па во тој случај секогаш би се нашол некој соодветен со нашите афинитети кон животот како телесно така и духовно и умствено , важно е да се запази на желбата и да се знае од прилика што се сака и што е потребно па коцките ќе си се спојат ... такви се законите на универзумот , не измислувам тука јас топла вода за вас специјално... Да имате убава вечер!
Јас се извинувам ако некого навредив, но изгледаше како да се интересира за интимни работи. Ако човек сака да сподели сам ќе си каже, а ако не не треба да форсираш. Еве Prijatelot имаше добар пост like за него Ни требаат луѓе со малку поотворени гледишта кон животот.
го читам постот и исто ко јас да сум го напишала потполно се согласувам во се со тебе посебно со "Се трудам да не подпаднам под влијание на околината и муабетите - Што чекаш не се мажиш годините ти летаат, уживам во животот колку можам , среќа не сум единствена па да немам со кого да излезам и да морам дома да седам а врската и бракот ќе си дојдат кад- тад. Кај некој порано кај некој покасно. Во мегу време се трудам да си го исполнам продуктивно времето со активности, до дообразување, со работа, со трошење на финансиите на свои ќејфови, со шетања по одмори и викенди и сл. ''инаку јас усте ја немам допрено 30ката ама ближам натаму,,,,,но за жал се соочувам со тоа што го имаш напишано....
Темата е отворена ради дружба, а не да судите зошто некој е сингл, па уште да барате оправдание ради тоа
ајде да се дружимее и тие со 30 и ние што одиме натаму И бидете малце позитивни , подобро сингл него разведени со лош брак ! Што о фали на Наоми Кембел , на пример ?
Пишете ме и мене на список! Незнам дали ова ми се случува само на мене, но како минуваат годиниве, ич не ми е дојдено до врска само колку да сум во врска. Сакам или нешто што стварно ќе е добро, или сама, успешна и среќна. Доста ми е од half assed ствари. Доста од пријателите кои започнуваат врски на 26+ години, кога збориме за љубов, и ќе се спомне демек „и сега таа ли е вистинската“ или „тој ли е вистинскиот“ или „еее заљубен/а си“, одговорите им се 99% „абе какво заљубено, да глеаш некој да имаш покрај себе, да оствариш некоја блискост, не се бара веќе љубов ко на помлади години...“ итн. Ист муабет ми имаат кажано и луѓе пред женење/мажење. Ме стави некако на мисла во смисол гледам околу мене свадби, слики на фб пукаат од заљубеност и слично, а од друга страна муабетиве... Како да се плашат да останат сами, па дај што ќе дадеш... Малку сум off, ама сакав да кажам што ми се врти низ мисли онака како сума сумарум од муабети. Ајде поздрав до сите!