Значи во право е @fallenangel .Мора да се внимава на хигиената(тоа од старт кажува со каква личност си имаме работа).Под претпоставка дека е тој прв критериум задоволен , одиме на втор:симпатичен е , ама нешто фали....Муабетот што би се рекло , мора да се погоди.Ако седиме и буљаме еден у друг , ги чепкаме телефоните и едвај зборовите ги вадиме со клешти-ЏАБЕ! Џабе, нема да има втор состанок, тоа со сигурност.Или на пример ако се однесува грубо со келнерите, те прекинува на сред реченица, он да каже што има , цело време он зборува за него и неговите таканаречени успеси, патувања и не знам ти што, многу кажува за тоа каква личност e и дали би сакале воопшто да бидете со таква личност(self centered ).Е сега под претпоставка дека е задоволен и вториот критериум, идеме значи на втор состанок јупиииии И има ред други работи , што би се рекло за да се поклопат коцкичките , ама ај да не должам многу.
Зошто дискриминација Која сака,нека шета не депилирана. Сенекој што сака не депилирани..ќе се најде. Ама,ако некоја сака депилиран,џам дечко...ги има. Ќе си го најде. Не има такви што ни се ок машки со влакна не Наум Петрески влакна де,ама..не џам и не со веѓи потенки од моите.
еве ти го одговорот од жабчето....ако девојката мисли дека е ок да биде недепелирана..тогаш нејзин проблем..мене лично ми е гад доколку видам девојка со влакна по раце нозе...но исто така ми се гади и од машки издепелирани по раце нозе..исто така има и девојки кои сакаат издепелирани гради грб..има и такви кои сакаат машки со влакна по грбот грудите..итн..секој со свој укус...
Мене лично не ми се гади од недепилирана девојка. Да ми дојде Miranda Kerr недепилирана нема да ја вратам. Муабетот е дека влакна на гради се дел од мажественоста на мажот и не би требало да се срамиме од нив. Разбирам средување ама депилирање... не.
Не ја враќаш оти е Miranda Kerr. И мене да ми дојде Бред Пит/ Џони Деп/ Саша Ковачевиќ не го враќам ако е недепилиран, ќе прогледам низ прсти.
Значи за женско , чиста и мазна кожа е синоним за женственост, а за машко не е машко ако нема влакна .Дали бил издепилиран или не (таму некаде , за секој различно каде )е веќе прашање на вкус.А за вкусовите не се дискутира нели.Но и кај жените постои период од депилација до депилација-период на раст на влакната и не може да се очекува нон стоп да бидеме издепилирани ...мислам!!!А за дискриминација , донекаде се сложувам со @anakonda88 , дискиминирани сме ние жените за многу работи, ама ајде , тоа е веќе друга тема.Работава е секој има различен вкус, секој различно бара од партнерот/партерката , затоа сме тука сингл, ќе речат многу бараме.НЕ! Ние бараме она што сметаме дека заслужуваме.Е сега тоа што уште не сме го нашле, тоа е друга работа.Се надеваме дека ќе го најдеме наскоро
@Pamela Daisy дискриминирани сме и тоа многу . Јас до сега немам видено жена да си купи маж од Албанија за 500евреики
Така е , и јас нити сум видела нити чула А за дискриминација, не знам дали има тема, ако не да отвориме
Потполно те разбирам за се што имаш пишано. И да многу сингл жени кога ќе видат некој просечен или симпатичен дечко и ќе помислат дека е ова потенцијален партнер, нешто ќе исплива на површина.
ок де ама па и не ама има некои што се претерано па иако сте машки не би требало да си дозволите до толку од мн и гадно изгледа..........за мене е така...