Толку мал станува светот и Македонијава, Скопјево со социјалните мрежи што, треба сериозно да си проверите со другарките, дали искачате и си споделувате за впечатоците од состаноците со истите луѓе уствари. Ми се згадува по малку повеќе од приказниве што ги слушам. Ко филмски се ама, вистински.
Кога ке се омажите од љубов во недела ке перете, пеглате, готвите.. Кога ке се омажите од интерес во недела ке одите на козметичар, јога, ручек.. Kога нема да се омажите во недела ке можите да правите се што ке посакате од горе наведеното или се останато што ке ви падне на памет..
Moj prv post , no gledam mnogu osameni zeni na temav. Ajde site zainteresirani dajte si sansa sebesi da ve primam vo moja , da gi izlecime skrsenite a mozebi i ke padneme vo . Nazdrvuvam za hrabrite devojki koi ne se predavaat... da ne recete deka nikoj ne se obiduva da ja namiali golemata brojka tuka . see you in my inbox .
Ти мислиш ќе ти пише некоја, диви се жените тука, затоа се и сами, не прифаќаат ништо. Со среќа нека ти е.
брее ако сме сами не значи дека сме диви...не значи ако сме сами дека целата вина е само во нас..понекогаш вината ја носат и машките..ако никој не му пише на deep причината сигурно не е дивоста
Зошто мислите дека некој е должен да ви даде внимание или да биде со вас ако не му се допаѓате? Не верувам дека некоја девојка или дечко би ве одбиле на прв поглед ако им се допаѓате физички и дека нема да ви дадат шанса да се претставите. Суровата вистина е дека ако немате среќа кај девојките и момците е дека изгледате просечно и не ги интересирате на прв поглед. Никој не е должен да ви дава внимание само затоа што имате ужасен социјален живот или да ве сожалува. Ако некоја девојка не сака да ви врати на пораки тука тоа значи дека не ја интересира и нема зошто некој да ги карактеризира како дигнати, лоши, злобни...
Не знам. Ако добиваш комплименти на улица, работа, клубови и луѓето сакаат да се во твоја близина тогаш сигурно дека имаш нешто натпросечно. Ако е спротивно тогаш сигурно дека си просек. Ретко гледам квалитетни и убави девојки кои се сингле или не се опкружени со квалитетни машки што им пружаат добар социјален живот. Воглавном сингл се просечните.
Ама мене пак не ми е јасно, што е просечно, што натпросечно и по што се проценува на прв поглед едното од другото? По облека, по изглед, по марка мобилен, автомобил?
По изглед, облека, марка, социјален и економски статус. Имаш девојки и машки на коишто никој не им приоѓа. Од друга страна имаш девојки за коишто нон-стоп нешто се шушка, зборува и коишто се центар на внимание секаде каде што ќе се појават. Таа е таа разлика од просечно и натпросечно.
Да, ама има и просечни машки. Само што голем дел од тие просечни се лепат на подобри од нив, па после се навредени кога ќе ги одбијат.
Сингл е: - тој што сака да биде - тој што пребира - евентуално некој што има недостаток на самодоверба (финансии, исто така) Нема врска тоа физички просек, потпросек, натпросек Башка, сите грди луѓе кои ги знам, се во врска или во брак.
Не читаш убаво. Го реков истото. Има просечни машки во физичка смисла, но успешни во економска и тоа што природата не им го дала физички го надополнуваат умствено и материјално. Секоја жена е материјалист и сака пари, не затоа што е спонзоруша, туку затоа што им дава економска сигурност и открива некои карактерни способности на мажите. Конкретно добивање корпа во дискотека не значи дека некој баш е просек, затоа што има некои други фактори. Знам полно случаи каде што добиле корпа на прв потег, но после ги фаќале после одреден период труд.
Јас па баш сум приметила дека не е битно каква си, дали грда или убава, туку најлесно е да си лесен плен и да се лигавиш и да се подчинуваш на балканскиот маж, и секирата ти паднала у мед. Нај ,, грдите ,, кои ги знам, со 4 исовремено флертуваат, не можат да постигнат, ама секогаш се лигават, им вртат филмови , преминуваат преку секое понижување, ама затоа секогаш завршуваат со некој лабилен. Од друга страна, и најјака биди, ако покажеш независност и карактер ( не зборам да бидеш арогантна или дигната, туку најобичен човек ), одма на мажиштата страв им било да ти се пуштаат оди не знаеле како ќе им возвратиш. Ми имаат речено дека јас со моето отворено социјално однесување ( комуникативна, шегачика, харизматична - ова не се мои зборови, туку од други ), не сум им давала на мажите да ми пријдат?! Па тоа ти е природна селекција, и така не сакам лигуши. Си имам приметено дека ме свиѓаат баш спротивни од мене, т.е. повлечени, и никогаш лично не ми приоѓаат. Иронија, златни... Инаку , не ми е страв од живот без партнер или пак развод, туку немањето деца. И така...
Јaс дa ви кaжaм вooпштo не се пoтресувaм мнoгу зa љубoв и дaли нa 30 или 40 гoдини ќе бидaм сaм. Мa, oкo не ми трепнувa. Љубoвтa не се бaрa, туку еднoстaвнo тaa тебе те нaoѓa вo вистински мoмент. Кaј пишувa декa нa 30 и кусур гoдини требa дa бидaм oженет и сo децa? А знaм декa вaквите муaбети кaј нaс се вooбичaени. Луѓетo oвде сaкaaт дa си гo пикaaт нoсoт кaј штo не требa. Имaм слушнaтo и кoментaри декa некoј штo не е oженет нa тие гoдини бил педер. Мислaм, oлaбaвете сo вaкви сељчки муaбети луѓе. Кaде сo oвoј пaмет? Кoгa сaкaм и сo кoјa сaкaм ќе си се oженaм. Јaс и сегa пoтенцирaм декa не плaнирaм дa се женaм пред 30 гoдини и нoрмaлнo дoбивaм дебилни кoментaри. И aкo некoј ве "рчне" зa oвaa рaбoтa еднoстaвнo oдгoвoрете им сo сaркaзaм. Верувaм декa зa секoгo пoстoи некoј зa секoј oд нaс, сaмo пoтребнo е време. Не oчaјувaјте тoлку пa и вие. Млaди сте и живoтoт е пред вaс. Еве, кaкo пример ќе јa пoсoчaм пејaчкaтa Сиa кoјa се oмaжи пред две гoдини нa нејзини речиси 40 гoдини зa прв пaт. И еве кaкo штo кaжa пoгoре Гoш и мене вooпштo не ми е стрaв дaли ќе имaм пaртнеркa дo себе или не, a зa децa - дa. Би сaкaл дa имaм, нoрмaлнo.
Треба де се има одлучност од обете страни пред се. Според мене нема нити еден повлечен човек, тоа е едноставно погрешен пристап кон самата особа и таа самата ве осеќа дека погрешно ја цените па си ствара заштитен зид.Или пак и да не ве осети вие веќе во старт имате погрешна проценка.Секој си има свој проблем зошто е сингл, и кога веќе нема да биде сингл само една особа знае зошто толку време бил некој сингл, па така и информациите за тоа се мали или се губат. Многу прашања се нелагодни посебно за женската популација кога е во прашање запознавањето за прв пат со "сингл" особа. - Ти си прекрасна особа, зошто до сега немаш дечко? Секоја девојка ќе ни потврди дека го слушнала барем еднаш ова. - Кога ќе престанеш да бараш тогаш и ќе го/ја најдеш. - И тоа е една од мислите кои ги носат овие личности. - Преголеми очекувања. - Секоја личност се смета дека е премногу пребирлива, или пак зад себе има некоја пропадната врска. Но дали е тоа навистина така? - Часовникот. - Притисокот од најблиските, тоа во некој контекст би го опишал дека негативно влијае на личноста кога започнува разговор со потенцијален кандидат.Да го фатиш последниот воз, а дали е навистина последен? - Насекаде околу тебе парови. - Ваквите личности не се осеќаат пријатно во друштво, и имаат чувство дека се вишок на некоја забава или слично. - Помислата да се смириш со бившиот. Од наоѓањето нов дечко, единствено е полошо забавување со стариот.Тоа барем девојките би требало да го знаат подобро. Инаку кај нас бројката на 30+ сингл девојки и момци постојано расте.