Коментари од типот -барем не сум разведена, или нереќно омажена, или сите се мажат од страв дека им минат годините не од љубов, не ви се потребни. Секоја ситуација има свои предности и мани, но нема потреба да се истакнуваат предностите да си сингл во 30 тите на сметка на маните на тоа да се омажиш рано, па дури и малку избрзано од страв дека минат годините. Можете вие и подобро.
Мислам дека погрешно ги протолкува коментарите. Секој си збори за себе. Тоа не значи дека ти (или некој друг на 30 години) си се омажила ради-реда или за да не ти поминат годините. Не сфаќај лично. Кога јас ќе речам подобро сама отколку разведена, тоа значи дека доколку се омажев со бившиот дечко сега ќе бев разведена и поради тоа сум сама, ама среќна. Нормално секоја ситуација си има свои предности и слабости. Ете ние ги гледаме предностите во нашата ситуација. Ти може да ги кажеш твоите предности во друга тема.
^ Их, лично сум сфаќала, не сфаќам јас ништо лично тука, само со последните неколку постови ми се чини дека натаму тргна дискусијата, а што убаво си почнавте на почеток. Во друга тема ако ги кажувам моите предности, и ако бидат во стил -барем не сум сама, барем не сум огорчена што немам никој и слично, нема да се најде некој што ќе изреагира? Секако, и со право, затоа што тоа не е правата слика на секоја сингл 30 годишна, како што нема една слика за сите млади омажени. Макар и не збореле за сите, туку за грото.
Во тој контекст ако е, да имаш право. Бидејќи ниту сум огорчена, ниту несреќна што сум сама (не велам дека нема и такви). Ајде нека пазат малце феминкиве како се изразуваат за да не отиде темава во друг правец, иако мислам дека никој немаше (барем свесно) таква намера
Убаво се изјасни преска и не знам зашто бегаш,си кажа дека сите што се заедно као глумат на фб и секаде а уствари само се плашат да не се сами.
@Bridget, ој во Мојот партнер личи на - коментар на Цеце.. оти сум сингл - можеби не сум толку харизматична каква сум на форумот (мада е шала, нАли, wink-wink..ха-ха,хи-хи)... само ве мафтам тука..па, Галаба лајкнала. Тоа ти е нешто на што сингл човек треба да одговари, пошто,мора нешто да ти фали штом си сингл...мора да не си убав, да си огорчен, да си негативен, не се дотеруваш...шмрк-шмр итн. Пошто сите несингл луѓе се нели, убави,совршени,домаќинки...прекрасни личности. И, не знам дал е толку до непосебноста/неатратктивноста на тој што е сингл или потребата на тој што не е да си себедокаже дека е посебнитис прибидејќи успеал да си најде партнер - а ти не. Буху! Темава не е за да се движи во таа насока, па.. фино би било да не ја расипуваме. Ова се однесува на секој кој планира да ја ремети. Не е наменета за луѓето на кои се во врска или брак и им е ногу убаво.Него за нас, останатите. Нехаризматичните
^ Па баш затоа велам, да не мавате и вие со исти такви куршуми, оти ако почнете, ете не нас убавите и харизматичните ќе дојдеме да се браниме. Замисли нас секој да не прашува -омажена си? Зошто? Од љубов или...досадно ти беше, роднините ли те тераа, дете ли ти се раѓаше? И тоа така со еден тажен сожалувачки поглед
Е, тоа ми беше муабетот, воопшто не се потребни муабети од типот: "Па зошто си сингл? Па што чекаш? Толку ли не можеш да најдеш некој? Толку ли никој не те сака? Оф бе девојче си поминуваат годините. Па и ти многу пребираш. Ај, не се секирај, ќе најдеш некој." И така натаму. Фала, душегрижници имаме доволно и во приватен живот ( Секако не се однесува ова на тебе лично).
Еххх, тогаш ќе ја делиме химната - мене ми е омилена, такуџер А зошто се броите, non capisco ? Онака, за статистика ?
Онака го пишала да се преброиме, ваљда... во стил, има ли бре други сингл луѓе тука, на овој форум (со гласот од Еднооки ми доаѓа мојов муабет, ко на Ѕинго или нешто у тој стил)?! Де, раскажете кои сте, што сте, како сте..шо правите,како живеете. Е, ја сакам другачки да си најдам пример. Да чујам, како им е на состаноци, дали излегувале на состаноци? На какви луѓе наидуваат на тие состаноци? И такви ми ти рабоќе. Химната ни е закон и устав.
А зар само има 30 год. што се сингл ? Има и преку 30, 40, 50, 60 ....што има везе што си сингл. Битно е да си среќен и да си уживкаш во животот.
@zhap4e Токму тоа ми беше целта за темава А, инаку, сметам дека и официјално можеме да ја прогласеме Here I go again за химна
Ја пеев јас подолго време I want to break free од Queen и чим добијеш оно што желиш што се вика, ја пушташ Here I go again. Не ми беше ни оддалеку идеата никој ниту да прозивам, ниту да повредам со мојот малце офф топик rant. Туку ми беше муабетот дека увидот во реалноста кај други луѓе ми даде некаква перспектива за да се преиспитам и себе. Али, секогаш ќе има некој што ќе се пронајде во некој пост, дали ќе се потапка по рамо, дали ќе си ја брка мувата, дали нема мува ама осеќа дека треба да каже нешто... Сепак секој има право на мислење, затоа е форум. Околу моето бивање сингл на овие години, некако не сум се чувствувала вака моќно никогаш до сега. Моментот кога сфатив дека изворот на мојата лична среќа лежи исклучиво во мене и дека сама можам да постигнам се што сакам, кога сакам и како сакам. Секако, прекрасно е да се сподели, и во природата ни е нам луѓето да сме во заедница и помалку или повеќе сите се стремиме кон тоа, но и вербата во себе и гордоста дека иако си сингл си успешна, исполнета и среќна, дава некој поттик да тераш напред и да уживаш во слободата. Мене личната слобода ми е нешто најважно на светов, без разлика дали сум сингл или во врска.
100 муабети свртивте! Дај да си ја одбериме химната која ке ние , и секој пред да пише на темава прво мора да ја испее
Баптиста, многу очајна песнава,депресивна Мислам луѓево не се осеќаат така. I want to break free бива
Викаш за сечење вени а? А чекај ова е као подршка да се остане сингл или очајни да си најдеме партнер?