Кој спомна партнер, ти... Кој стави оглас за себе, ти... Не си машко ако чекаш да ти пишат први, се срамат дури и на 30+ години. Приоѓам на сите пред се културно и искрено, но на обично здраво не одговараат, од култура мислам. Не ме интересира ништо повеќе за почеток, ниту што има и како има, туку што човек е пред се. Сум пришол и на многу убави и згодни девојки иако знам дека не бидува ништо и не ми е криво бидејќи сум пробал. Криво би ми било кога не би пробал, бидејќи нема што за загубиш, може само да добиеш.
@Yipman2 , мене ми боде очи неписменоста, т.е. употреба на кој наместо кои, спојување на не знам во незнам, па неможе и така натаму. Шта чеш, професионална деформација ( не се лути плс ама потруди се да се корегираш). Сосема се сложувам со тоа што си го напишал. И јас многу мразам фолирање, па глумење недостижност, држење на две или повеќе отворени опции и резерви, ептен ми е бедно тоа. И со вториот дел се сложувам. Обично баш тие најпаметните, што имаат најмногу да кажат, во друштво се најповлечени и молчеливи, не можат да дојдат на ред од алапачите да кажат нешто. Има уште куп причини зошто женско е сингл, колку луѓе толку причини... Па и со оној дел за ВМРО-то ќе се сложам. Поддржувањето на политичка опција и гледиште не е тоа што ми смета, ама слепото следење и бранење ми кажува дека и тој што ги брани и поддржува нема никакви морални вредности и дека е користољубив.
Мене ми смета кај машките тоа што и на 30 и кусур години се понашаат како тинејџери. На тие години не е во ред да се излежаваш до два саат, да чекаш се од мама и тато, да не знаеш јајца да спржиш, да не фаќаш по дома да расчистиш и така натаму. Mи смета и киснењето по кладилници. Нехигиената, и тоа онаа елементарна, како миење заби или ставање антиперспирант. Третирањето на женскиот пол како нижа категорија, личен слуга и фабрика за репродукција. Фолирањето и глумењето незаинтересираност. Немањето перспектива и планови за иднината и живеењето од ден за ден.
@LollySky Лоли, тоа се благо кажано паразити и општествена штета Таков и не ти треба, ни за другар, а не па за нешто повеќе На независни и паметни жени им треба еднаков на нив, паметен и независен маж
Ми текна бољи критериум: одиш ти по улица со неа и од некаде излага Урко и ја плеснува по гз. И сега ги делиш женските на: ќе се тепам со Урко за неа или јебига брат не е последна на светов.
Да си сингл во денешново турбулентно време, во нашето општество тоа е се почеста практика, реалност ако може така да се каже.Многу е битно каква личност имаш покрај себе, не само да имаш некоја девојка него да биде исклучителна личност, да ги поседува сите човечки квалитети, тука мислам пред се на тоа дека ќе биде личност која те исполнува, те прави задоволен среќен, а секако и ти неа,нема да те остаи на пола пат зашто животот има многу предизвици перипетии не е бајка и треба да се поминува квалитетно времето со партнерката, значи за мене битен е квалитот а не квантитетот. Мажот треба да демонстрира храброст, одлучност, одговорност, но и внимание и нежност према девојката, жената, но и жената треба да биде тоа што е нејзиното битие, суштината, самата нејзина природа да знае да ја покаже и да се носи со својата женственост, убавина, а не да се праи поголем маж од самите мажи, почитувам
Дополнување/продолжение на погоре напишаното, имав некои тех. проблеми прекини па не довршив со излагањето/мислењето: почитувам секој квалитет, убавина, сексапил, али тоа не ми е пресудно, битна ми е искреноста,чесниот и одговорен пристап, лојалноста, за мене најважна ми е убавината на нејзината душа затоа што ќе зрачи со многу љубов и топлина кои што ќе траат.
Многу ги има такви, цел живот не созреваат. Тоа се тие мажи готовани што ке чекаат се на готово без да помогнат околу домашни обврски, подобро е на време да го откачиш а не да се лажеш дека ке се смени
"-Денеска колку домашна ни даде наставничката не ми се верува. Ќе немам време да гледам дигимон." Вака?
Jas uste nemam 30 ama kje se stavam vo grupava, a 28, a 30 isto e ))) Ajde ako ne da naprajme edna sobiranka i koj so koj si se bendisa da ne sme vekje single Pozdrav drustvo
Во случај да ви се случи средбата - групниот +/-30 синглс минглинг, плиз, споделете искуствата... дали, кој, со кого(?!)
Кога ве читам овде човек да посака да е сингл. Не може една средба за женети/мажени, ама на средбата да се сите “сингл“? OK, just dreaming...
Еве предлог, сабота во 12 часот плеј кафе сити мол, знак за распознавање нешто црвено на себе. п.с. Може и црвени гаќи ако се гледаат