http://www.forbes.com/sites/elanagross/2017/02/09/how-these-modern-day-matchmakers-maintain-a-95-percent-success-rate/#1ef6541dad4e
Абе 30 и сингл.... не се офајди некој пролет цути листа растат дрн дрн Дај ако се офајдил некој/а да се спремаме за на свадба. тие што се женски да вежбаат за бидер маер, тие што се машки да вежбаат за после бидер маер
30+ сум и сингл. Ми се чини дека никогаш нема да најдам некој сериозен,нормален за врска и брак! Високо образование имам,убаво изгледам.Но ништо.Феминки дај те некој совет! Ова вака неоди. Како е најдобро денес една 30+ девојка да се однесува? Каков став да завземе? Ве чекам со вашите предлози и мислења.
Како да се однесуваш? - Нормално. Да не запаѓаш пречесто и предолго во депресија да не губиш надеж.... да не се затвориш во себе да не се откажеш од состаноци. Да не се претвориш во огорчен човек кој секаде тргнува со мисла „сите се исти“, „сите се гадови“, „нормален човек не остана“. Да даваш шанса, ама па, и да не остануваш предолго во „врскички“ кои и сама гледаш дека не вредат/со луѓе кои не вреди да се остане поради х и у причини. Смирено,без паника, без да брзаш да го фатиш „последниот воз“ или без да мислиш дека за тебе нема да се случи. Во една секунда се менува животот - и на подобро и на полошо Не е нешто што зависи само од тебе па да го корегираш/промениш. Зависи и од другите. Можеш и фризура да смениш, и облека и однос и се'... и пак да излезеш на 103987279 состаноци во наредниот месец и нити еден да не е тоа што треба да е. Им се случува на луѓето да 19287744 денови и месеци и години ги минат во самотија оти сите 93387272 кои ги запознаваат се .... небитни (за нивниот живот/иднина) личности. По 30те повеќе го приметуваме/осеќаме Прифати... дури и стварно да испадне дека ќе си сама.. ќе бидеш ок. Чисто за да не си ја трескаш главата за секоја будала што ќе ја запознаеш и да мислиш си испуштила некаква прилика дури и кога не одело, не бил за тебе, нит си имала чувства/почит кон него, нит па тој кон тебе.
@Vip83 Да знаеш дека ништо не доаѓа со сила и кога ти сакаш, пробај да се опуштиш, и да уживаш во моментот на животот. Понатака не се знае што те чека. Главата горе и се ќе си дојде на свое место ќе видиш.
Сите сериозни мажи со манири уште во доцните адолесцентни години си го фаќаат својот пат со некои сериозни женски. Останатите искрено се килави Радовани. Иако сум машко многу често ги сожалувам девојките со какви килави лигуши се влечат со години
Ехеј а да направиме некоја собиранка 30 сингл 40 сингл со коктели/ бринг јор боттле парту со можност после тоа да заглавиме у некоја дискотека/ клуб а?!?!
Не се секирајте ич,штом Каролинче Гочева најде маж и тоа помлад од неа,и ние ќе се омажиме Надежта сепак последна умира.
Абе што толку и се фативте сите на Каролина, гледам и фб врие....не е ни прва ни последна, плус не етаа 40 годишна па така
Е добро де не е 40 годишна,туку 37 има Не ми е гајле ич за Каролина,само малку се зезав т.е бев саркастична,инаку кој кога сака нека се мажи,што ми е гајле
Ти бате се спреми за оргии, а не за запознавање девојка лол. Ако сакаш да запознаеш девојка ја носиш некаде каде што ќе имаш прилика да ја запознаеш во мирна атмосфера и да зборувате на раат.