@b0janix Не е никакво упатство тоа е мое мислење базирано на тоа што го гледам околу мене. И да, колку повеќе бројки се над 30 толку поочајни се да имаат партнер/ка, иако голем дел добро глумат дека не се. Можеби лошо сум се изразила, не брак, туку сакаат партнер, но како што реков изградени личности се па и повисоки им се критериумите. Никој не им наметнува но ете, колку и да си исполнет во животот на секој му треба партнер. Не мора да е класичен брак но партнер секако. @Tanjamm @pamela Da тоа е најчесто што се счичува а секој повеќе или момалку ке се најде во мислењето. Памела одговорот исто ко јас да сум ги одговарала. Мислам дека најголемиот проблем, според мене ете е што над 30 поретко излегуваме и ние и они кои треба да ги сретнеме, не е приоѓањето како на 20, некако си мислиме дека сега немаме право на грешки и слични работи што не притискаат. Јас сум под 30 но исто така живеам сама, самостојна сум , и до скоро не бев во врска. Уште голем проблем е ако си сменил место на живеење па додека запознаеш нови луге, оформиш друштво, колку и да си комуникативен не е лесно.
Еве јас не изгледам лошо да речеме, но сега имам некое килце плус од тоа на 20 или 25 години, имам појава на мали ситни брчки, свесна сум дека не сум млада, но не сум очајна. Не знам јас да бидам очајна. А многу девојки баш како што кажа глумат дека не се очајни, а всушност се. Пример една блиска личност веќе 4 години е сексуален објект на еден дечко кој се зафркава со неа, а таа дури и го чести, и скапи подароци му дава од очај, а пред другите глуми дека нешто демек е среќна. Друга девојка се муваше со кој ќе и излезе прилика и остана трудна на 38 години, па му се натрапи на дечкото од кој останала трудна. По неколку месеци си замина дома, оти тој ниту жена, ниту дете сака, ниту обврски, плус си имал и друга. Сакам да кажам без ралика на години секој нека си бара човек спрема себе, а со сила ништо не бива. Дај сега сите ќе направиме дете со некој, па ооопп отиди му дома, негово е, иако ниту сакал, ниту планирал, и на крај тоа пука многу брзо. Моја другарка вели еееххх, ако сум постара, тој изгледа постаро од мене. Се лаже, тој е помлад и грд, и ќелав, но сепак е млад и тоа се гледа. Не треба девојката да дозволи да падне толку ниско, да брише патос некој со неа, а таа да глуми среќа и да испаѓа смешна. Не треба девојка со факултет која не изгледа лошо, иако има над 30 години да дозволи со упорно замарање на фб да дојде до мување. До каде стигнала, да моли за мување, а кого моли, па тоа е очај. Колку и години да имаш, каков и да си, па цени се, не се дозволувај секој да си игра со тебе. Ако дозволиме кој стигне да си игра со нас, нема добро да биде.
Заклучок : Се е индвидуално , бидејки и да се најде некоја особа никој не гарантира дека ке бидеме срекни покрај таа личност.... ако треба да биде ке биде , ако не НЕ ... Не се замарајте многу за ова.. Препуштете и се на судбината (на пишаното ) ...
Да да секако дека не треба да дозволи со неа некој да гази патос (макар и да не завршила факултет ете). Под очајност за мене се и 200 слики на ден на Инстраграм кај што таа се слика со мали дечиња, кај што објавува рецепти што ги правела и ред други работи што укажуваат на добра домаќинка. Па статуси за вечна љубов па глупости. Мислам ако е еднаш два пати е океј и изгледа слатко , но секој ден, преку ден навистина изгледа очајно. Како ѓто напишала Јустиција треба едноставно да се спојат коцките и работите сами од себе да се случат.
Можеби секс ко физиолошка потреба да, но не и партнерка по секоја цена со која би го поминувал поголемиот дел од времето. 100 пати е подобро да си сам него ли со некоја со која си одите на живци. А колку луѓе, толку карактери, па оди вклопи ги, не е лесно.
Нормално. Факултетот го спомнав како еден фактор плус. Ако девојката сама не се цени, кој да ја цени. На крајот во случајот девојката останува сама, со празен паричник, оти чести и купува подароци, и понижена, навредена. Какво задоволство има тука?Никакво. Само живеење во некој лажен свет, живот во фантазија. Но, будењето е тешко после. Сега добива секс, нели за возврат за подароци, но штом остане без приходи него го снемува.
Ima li nekoja koja e raspolozena za druzenje,ostanav sama bez drustvo bez drugarki bez prijateli bez nikoj,a pominuvam niz mnogu tezok period I mi treba druzba
Скоро 29 и сингл Не дека не сум пребирлива и јас,ама стварно па,тешко некако оди ова со наоѓањето на сродна душа,овај не дека не ја пронајдов досега,ама јебига,сплет на околности и.....
28 години и сам како волк. Трчам вежбам излегувам комуницирам со девојки но некако нив ги снемува. Што е работата не знам ??? А премногу ми фали нечија прегратка, бакнежи, гради на кој ќе ја потпрам главата и мирно ќе воздивнувам.
Барем немаме на кого да се правдаме и да не замара со прашања од типот: Каде си и со кого си? Јас сум 23 години , ама и јас нема да бидам поарен нема надеж и за мене. Не знам како се справувате со депресијата и самата помисла дека ќе останете сами, искрено јас многу тешко дури и ме фаќа страв дека ќе забегам кај и да е.
И јас сум 29 и сингл Но до сега тоа бил мој избор , не се замарав многу , но како што поминуваат годините ми фали нешто до мене ...