Еј,за тоа аман кај спомна,да те утешам,јас сум анксиозна скоро една година....да ти кажам низ што се сум поминала во животов ќе плачеш од жал за мене...па,живи суштества сме,ќе се бориме,ќе се надеваме на подобро да тргне се и така,млад си ти,и те молам немој предвреме да мислиш и да запаѓаш во депресии за нешто што сеуште не се случило
28 и сингл би рекол, не дека сум немал искуство некое. Не се отварав лесно, и ми беше проблем да го направам првиот чекор, да преземам иницијатива. Интровертен поради општество но екстровертен по природа. Чекам малку време, мислам дека и немам премногу да понудам сега и да би бил во врска. Но никогаш не се знае, понекогаш треба да го искористиш моментот, но може да се случи тој тебе. Ме потсеќа на сценава од филмот Boyhood.
28 и сингл Не велам дека сум среќна вака, зашто очигледно е дека не сум. Туку си направив еден flashback зошто уште сум single и резултатот е дека не верувам на машките повеќе Сите со кои сум била во врска или идело натака, сите завршиле на ист начин, со јас повредена И сега најфиниот дечко да излезе секогаш ќе има дел од мене кој ќе се плаши да не се случи истото
Вие не ни верувате на нас , ние не ви веруваме на вас. И што ќе се случи? Ќе останеме сами како гробови. Тоа е реалноста. Затоа не треба да генерализираме и да ги ставаме сите девојки и момци во ист кош.
Те разбрав јас потполно . Сакав да кажам дека доколку некој ја изневерил твојата доверба од машкиот род, не мора да значи дека доколку се појави некој каков што велиш фин дечко дека и тој ќе го стори истото.
@RAF Camora после многу разочарувања не е лесно да се верува. Иако не е фер, ама секогаш ќе постои таа доза на сомнеж и гард од страв са не си пак повредена.
Јасно ми е . И се согласувам потполно со напишаното. Навистина е тешко ама доколку не му дадеш шанса на некого, едноставно може подоцна да ти биде жал и да се каеш. Тогаш уште потешко ќе ти биде отколку доколку му дадеш шанса па можеби тој нема да биде како претходните и нема да те разочара. Можеби звучи глупаво и банално , ама едноставно тоа е реалноста. Доколку се плашиме да не не повреди некој, ќе останеме засекогаш сами.
Јас до сега немам запознаено некој кој ќе ми го сжени мислењето. Или е опечен од некоја, па сега се свери на се женско, или не сака брак и заеднички живот. Тоа е.
Не се разочарувај само. Знам дека и од дома знаат да прават притисок бидејќи си сама. Не знам може твоите се поинакви, ама моите уште сега ми го плескаат тоа во лице. Инаку верувам дека ќе сретнеш некој кој ќе ти го промени мислењето. Само без нервирање и без паѓање во депресии.
Напротив. Моите ни збор не ми кажуваат за тоа. Викаат само ти биди среќна, друго не ни е важно. За депресии не паѓам. Ама дека е сеедно не е. Ама тоа е.
Треба да си среќна што имаш такви родители. Штом тие ти се најголема поддршка многу ќе ти го олеснат периодот. Ти посакувам среќа и што побрзо да сретнеш некој кој ќе ти го промени мислењето и животот на подобро.
Здраво Не е убаво да генерализираш, не сме сите исти, се разбира дека има некој што не е ОК, може ти се такви си погодила имаш лоша среќа, па сега мислиш дека сите машки се лоши.... а и поради тоа сега ти е оправдана загриженоста и стравот што го имаш од нова врска
Ок , ги читав сите мислења и фала на сите што делите утешни зборови , А дали знаете каде се кријат добрите момци ?
Дремат по дома и се асоцијални личности или пак немаат време поради тоа што работат напорно. Ова се најчестите случаи.
Што знам... Јас имам мн додворувачи , но не ми се допага ниту еден од нив , не дека пребирам , едноставно не сакам да направам очаен потег само да не бидам сама ... Тоа погоре беше саркастично прашање бидејки со добрите момци си играат лошите девојки , а за нас остана шкартот.
Не е само тоа @Justicija некои од нас едноставно немаат храброст и самодоверба да ви пријдат. Тоа е целиот проблем .
Кај мене лично е тоа погоре што го наведов за кај останатите не знам. Можеби некој друг си има проблем со преголемо его, јас сигурно се спаѓам во таа група.