Имаш време ти за темава, не оди преку ред До 30ка може ќе имаш жена и три деца. Знаеш ли што значат 7 години? Ехееее
Добрите момци тешко најдуваат прилика на себе( карактерно). Дека седат дома тоа е точно, гејмери се ( според мене) се трудат да најдат некоја која ќе излези со нив на кафе (бидеќи не сакаат гужви,не се чуствуваат безбедно) и најважното работат премногу и се трудат крај со крај да врзат споделуваќи ги парите со семејството. Не се асоциални типови туку бидеќи се различни од толпата која гледа само да те искористи нема да ги видиш во ноќни клубови на пеачка туку на кулирање со кафе, седат во парк, собрани се со уште еден другар или другарка во дворот разговараат на разни теми, гледаат филмови или читаат книги.
И кога ќе налетаат на некоја која што нивниот стил на живот не го мириса баш многу се почиња со курва, не може да се најде поштена девојка денес итд.
Тастатурата да ти се позлати за ова. Или ако е мирна, сака мирен начин на живот, досадна е. Ако има вишок килограми т.е ако е дебела одма со омаловажувања на сметка на изглед итн..итн..
Точно . Одма почнуваат како да ги изнесуваат фрустрациите на другите .. Ова со асоцијални ме замисливте малку , ни јас не сум баш дружељубива . Но сакам излегување Сите другарки фатија дечко и никоја не ме вика на кафе коа излегуваат со дечкото .... Им е страв на кутрите
Не сите размислуваат така и не сите кај девојките го гледаат физичкиот изглед. Инаку и јас сакам мирен живот , мразам места каде што има гужви и целата таа врева ме прави уште понервозен од што сум . Инаку напротив некои од нас машките сами се омаловажуваат и како сакаш друг да ги почитува и да ги цени кога самите не го прават тоа. Едноставно вината за тоа што сме сами ја делиме и машките и девојките. Се плашиме да бидеме искрени, бидејќи не знаеме со какви личности си имаме работа .
Не е до тоа дека се плашиме да бидеме искрени, туку како ќе те сфати дечкото или девојката доколку си искрен со неа. Можи да го искористи тоа против тебе да те шета по тавани или едноставно да те шутни и одбие.
асл плс втф здр чао.. ерген одев.. На мирц то ест, што да праиш кога бев почеток средно/осмо при крај.. @Justicija хмм ме потсети на мене како сакам дружба но во поинтимни седенки, исто така понекогаш излагање но на помирни места.. Несакам да се надвикувам со музика/толпа.. Другарски муабети до крај на средно (ВО ПОЛА НОЌ ШТО И ДА ТРЕБА ТУКА СУМ БРАТ) Другарски муабети после факс (Ајде кафе да пиеме? Ајде... никогаш )
Не сум сингл, имам 40. Си ја читкав темава и ме интересира да прочитам повеќе лични искуства. Ме интересира и колку често излегувате? На кои/какви места? Како ви е исполнет еден обичен ден? Дали за викенд имате поинаква структура на денот? Колку време сте сингл? Колку пријатели/ки имате со кои би можеле да излезете во било кој даден момент? Дали девојките кои се 30+ и сингл им приоѓаат на мажи кои се сингл или чекаат на нив? Имам и други прашања. Ако ве изнервирав со постов (ви изгледа како да се мешам во нешто, што не е моја работа) прескокнете го.