Не нервираш. На оваа тема зборуваме со другарка која е 34 и е сингл, а е од друг град. Значи како одат годините, тоест последните неколку години нема со кого да се излезе навечер, а за денски исто луѓето тешко се прибираат. Мене не ми е мака, се навикнав дека кругот се стеснува, а таа е постара од мене и се грижи многу. Додворувачите ги има, но обично се ловци на нешто материјално или се само за забава. Јас лично не с се пуштам прва на машки, затоа што не сум таков тип. Инаку знам една девојка која сега е 38, а упорно се пушташе, манијачеше по фб млади момци. И на крајот ништо од тоа. За забава секој ќе најде некој, но за стабилна врска и брак многу потешко.
Има битна разлика дали сте 30 и сингл во смисла на моментална ситуација(2-3 години), или константно сте сингл од тинејџерски денови па навака.
Немам сретнато такви. Јас сум сингл и спаѓам во девојки кои фаќаат дечко, па се сами, па пак фаќаат и така. Сум била долго сингл, но по своја волја. А инаку цел живот некоја да е сингл, што знам, такви може има една, две во градот.
Дискутабилна е разликата. Конкретно кај девојка, веќе жена, ме интересира зошто ни на помлади луди години не пробала врска барем од љубопитност? Не дека на 30 години не може од љубопитност, ама пошто е веќе зрела некако не и е прифатлива авантура. Логично на 30 да е потешко. Ама зошто не кога имала 20 години? Баш сакам да прочитам некоја со такво искуство да се изјасни.
Ама многу генерализирате бре,ако на 29 сум сингл,и еве да речеме тоа трае подолг период,автоматски тоа не значи дека на 27,на 23,или на 20 сум немала дечко Не секој што е сингл на 30+ значи дека цел живот бил без дечко
Тогаш ти си во првиот случај што го спомна Дејлајт, моментално сингл, а не од секогаш. Мене ме интересираше психологијата на вториот случај-вечито сингл, ако некој знае таков, пошо јас не знам.
Асексуалност ваљда Познавам 3 особи, што не ги интересира ништо живо на љубовен план, отсекогаш и ден денес. Налик роботи
За ова вечито сингл или асексуални, не знам, може има, но ретки се. Сигурно на прсти се бројат. Децата сега од 11 години дечковци фаќаат, не знам дали нешто такво постои.
вие мислите дека се асексуални , они можеби се незаентересирани за дечко , но за задоволување на своите потреби ке си најдат некој без никој да ги разбере ...
22и сингл веќе 4 години,излегувам постојано нормална сум имам убаво друштво но додворувачи слабо а не знам до што е проблемот не сум грда просечна сум и 170 75 кила не сум предебела кажете бо што е работата?
Има, на пример си фаќаат само за секс и си шетаат без обавези, не сакаат деца, брак, си сакаат само слобода и да си уживаат. Знам една таква има 33 год, ја немам видено со некој на слики или за рака.