Мислам дека 30 години и не е баш страшно да се биде сам и слободен отколку сам\разведен\деца\станбен_кредит\нотари\адвокати\суд\и слично ! Јас сум тип што легнува кога сака ,станува кога сака, на никого рачун не поднесувам и не сакам да се мењам ! Зошто уствари мора да бидеш во брак со некој?
Затоа што сме социјални битија. Светот не нашол поасолен модел од 'брак'. Измислено е за да не бидеме сами, затоа што по природа сме социјални битија и сме 'зависни' од човечко друштво. Родителите умираат пред нас, децата си одат кога ќе пораснат. Друштво и здрави емотивно/социјални врски секому требаат, во цел живот... Иако сите се правиме страшно 'јаки' индивидуалци. Може и не е 'најдобар' модел, може некогаш во иднина да се живее поинаку, и бракот како институција ќе го снема... ама се' додека ги задоволува социјалните, емотивните, духовните итн потреби на луѓето... ќе си постои.
Јас немам 30 години ама одам накај 30 ката и немам најдено сродна душа која што ќе ми одговара како што треба, а и плус немам ништо проживеано во животот барем така се чувствувам, немам многу излегувано навечер со друштва со разни машки а многу сакам тоа да го проживеам затоа што една е младоста ..
Слабо компатибилни друштва имам скоро и воопшто ги немам, и немам со кој да излегувам, да лудувам како сите млади, сакам да се напијам малку да играм слободно да се дружам да излезам со повеќе машки да искускам нешто во животот дури сум помлада оти после во брак ако влезиш па уште ако и родиш сметам дека ти завршува животот а и младоста, неможеш да правиш што сакаш...
Не ти завршува животот ако се омажиш и ако родиш. Можеби ќе се ремоделира, ама дефинитивно, ако ти е до шетање и журкање.. можеш и мажена, и со деца... Од искуство Иначе.. За да запознаваш машки, не ти треба друштво за илегување. Има и други места и начини да ги запознаеш.
Иначе.. За да запознаваш машки, не ти треба друштво за илегување. Има и други места и начини да ги запознаеш.[/QUOTE] Како на пример?
И мене ме снајде истото душо , ама јас си проживеав колку - толку во младоста. Сега се дружам со книги повеќе и ретко ако излезам на кафе.
Машки забрането е? Иначе кафе не пијам, ќе мора да ме почастиш нешто друго. Салеп, црн чај со млеко, цедевита, топло чоколадо...
А бе еден куп машки запонав и на интернет и на работа, и на курсеви по јазици и на аеробик што да Ви причам