Не е убаво да мафташ, ама не е убаво ни да дозволиш да бидеш мафтан. Ама сите сме со детски ум, па затоа се случуваат циркузи, разводи и изневерувања од овој тип.
Знам и јас една интересна случка, но не би сакал тука јавно да ја кажувам...во некоја друга прилика и на друго место.
Разочарана на 19 години од што? Тешки тинејџерски врски? Јас на 19 години не сум знаел врска што е...
Па не се планира тоа ама ако најдеш топ партнер, да го откачиш само зашо си млад/а? Инаку сметам дека денеска навистина голем број квалитетни момци и женски се во врски и затоа е тешко да се најде добар партнер. Околу мене еве конкретно ако збориме за машки последно време шо упознав топ колеги, деца на место и шо ми се другари, сите си се веќе некое време во врска, ниеден не е сингл. Не викам дека нема и квалитетни сингл дечки, има ама лично повеќето шо ги знам и шо се сингл машки се типичен пример за сељачана со некои затуцани сфаќања и ставови, со простачко понашање, со чудни барања од партнерките ко на пример да не носи кратко, да нема слики на нет, да била ваква, таква и баш затоа и си бегаат од нив женските. А, викаат, ама сум "добар дечко", зошто ниедна нејќе врска. Е, зошто.
И тоа како го има ова. Колку е актуелно во последно време поготово.. Машки спонзоруши. Само гледаат од каква фамилија е девојката, дали има кола(као демек ако се заедно директно и негова ќе биде колата за да лудува со неа?? WTF), ако е едно дете уште подобро, веднаш си планираат дека нејзините родители сите пари за нив ќе ги даваат... Чудо едно какви станаа машкиве...
Додека имав плата како така теравме. Останав без работа почнав да добивам притисоци од негова страна не апла ама не можев да трпам и си заминав. Како ли не му е срам кога сите луѓе ќе дознаат дека сум се вратила кај мајка ми кога сум останала без работа. И упоно негира не не било до тоа. Не сака да признае дека бил за парите со мене.
За ова мислам дека треба да го бараме проблемот и кај нас. Можеби имаме превисоки критериуми а нудиме премалку.
Не беше повисока ама се трошеше до денар. А неговата си стоеше или многу помалку се трошеше. Ако мислиш за мојов случај превисоки критериуми баш и не е така. Повеќе било спуштање на критериуми од моја страна.
Јасно ми е сега. Ти ради него не си имала простор да тргаш пати настрана како и секој нормален млад човек.
Немој да се чувствуваш одвратно. Вреден човек ќе си заработи. Не се навраќај на минатото и продолжи си со крената глава. Грешката е во тоа што сте ги трошеле твоите пари до денар ама неможеш сега да смениш ништо. Главата горе
32 и сингл. Приглупи, нехаризматични и простачки муабети од типот каде работиш и претпоставувам голема ти е платата. Ми се пооовраќа. Последниов се фалеше дека има висока плата, иако никогаш не добив увид во тоа. Претпоставувам дека било очајна лага. Еден период остана без работа, јас го тешев, јас го спонзорирав, за да кога се вработи пак, а јас имав помала плата тој период, ми каже - многу повеќе ќе ме палеше да беше успешна деловна жена. Тогаш кога не го задавив, ок е мислам. Кога раскинавме и дозна каде работам и колку плата земам, остана со отворена уста. Гомнар.