Не да се станати машкиве материјалисти И тоа се приметува на прво искачање. Јас радо сум за тоа да се подели сметката, ама последниве неколку пари не ни пробувам да посегнам по новчаник. Ако денешниве мажи имаат одредени очекувања од жената како да изгледа, како да се однесува и слично, епа има жени кои имаат очекувања исто така Јас сакам маж кој знае како да чува и како да се однесува према жена. И радо би останала сингл додека не го најдам. А дека постојат такви мажи, постојат. Само проблемот е што се ретки
Се извинувам, ама ќе прашам нешто. Зошто брзате да живеете заедно без да се запознаете подобро? И зошто тоа живеење заедно го влечкате до бесконечно?
Па вонбрачна заедница. Ама за парите кажав како. Се до денар мое потошено. А ако не сум потрошела ќе сум седела гладна или жедна. Значи ќе отидам ќе испазарам ќе се изеде пак ќе отидам и така. Ниту сум идела по кафичи ниту сум трошела претерано за облека. . И при тоа ми се вели дека се ми дал он. Станот е негов но има кредит и е ненонрмално економичен кога се неговите финансии во прашање. Уште со кое срце кога останав без работа ме брка не знам. Толку ли може на еден човек да му значат парите?
во право си влечкав. Но сепак тоа го правев со надеж дека ете од утре ќе биде подобро не се битни парите итн итн. Ако јас немам си мислев па ете тој има. Но како што претходно се правеше доминатен заради високата плата, кога останав без мојата уште повеќе сила тоа му даде и тогаш баш притиска и за други работи. Како да кажам поинаку те фаќа во тесно.
Тоа е интерес. Никако веќе вака. Сега скоро зборуваме со една пријателка. Не е дека сме материјалисти, ама мора да се штитиме од материјалисти и ми вели „веќе не се фаќам за паричник“ кога одиме на кафе со некој дечко, оти така ако почнеме, на крај ќе треба и моите пари да ги троши во иднина.
Како ги троши твоите пари кога го плаќаш кафето ти што си го испила? Не сакам да сум оф топик ама пресмешно е ова. Јади/пиј и чекај друг да ти плати. Секој за себе или еднаш ти, друг пат тој, се знае како треба.
Прва работа - како машко се сложувам дека е бедно машкото да биде циција. Тотално неџентлменски. Штом тој штеди пари од девојката која му се свиѓа, колку може од него да се очекува да дава чувства, да дава поддршка и жртвување? Ако го боли срце да плати вечера од 2000 денари, па нема шанси да стане у 6 сабајле за да те носи на преглед или да стане од седенка со другарите и да биде поддршка кога ти е тешко. Втора работа - сепак има и доста несебични момци. Луѓево со кои се дружам (неколку различни друштва) никогаш не гледаат кој последен частел тура, кој колку пати запалил кола да се оди до некаде итн. Додуше поголемиот дел сме сингл, може малку ќе прикочат доколку фатат девојка.
Тотално се слагам. Треба да се биде џентлмен и полека да се освојува девојката која ви се свиѓа. Да не се лажеме сите девојки сакаат внимание од машко И далеку од тоа дека сите машки се исти. Ама материјалистите без разлика машко/женско одма бодат очи И не е секогаш за парите работата. Убави си кажа, ако не сака да стане во 6 сабајле да те носи на преглед, што можеш да очекуваш од таква особа понатака во врската?
Другарката сакаше да каже, ако сега плаќаш ти за се, се истрчуваш се да плаќаш, утре знај во брак ќе мора да ти биде на грб. Што не е јасно? Ете ти го примерот од феминката. Додека имаш пари ок си му, немаш ли чао. Не сме материјалисти, ама мажите станаа материјалисти, па дури за едно кафе се скржават ако ти се верува. Има и такви. Има секакви. Не дека ти ги троши, туку утре ќе ти ги троши во брак, ама навикне дека си ти таа која се плаќа.
Бедно е да штеди пример за едно кафе. Со девојките со кои се дружам, не спомнале и не очекуваат машко да даде за вечера 2.000 денари, ама за едно кафе се скржават. Катастрофа. А вработени пример. Вработен и чека девојката да стави бензин да дојде да се видат, тоест да се позајми од мама и тате. Ужас.
Добро, јас на друг начин го доживувам ова со кафе/вечера. За кафе обично со бившите сме правеле наизменично плаќање затоа што не сум сакал да се почувствува неспособна или дека ја потценувам. Ама 2-3 пати месечно сум сакал да ја изведам на вечера и јас да платам. Некако тоа ми е убаво и на мене, ми годи. Што се тиче овие што ги фативме на заб - тоа е новото општество, новите пореметени вредности. Егоизам.
Нема да го навикнеш, тоа е грешката. Еднакво ќе си плаќаат. Ниту само другарката, ниту само партнерот.
Во последно време се почесто слушам од девојки кои се жалат дека дечковците имаат „змија во џебот“. Како тоа нема да го навикне? Еве друга другарка на дечко за Свети Валентин купи подарок од 250 евра тој неа ништо. Претходно видел дека таа оди во друг град да се видат постојано, а тој никогаш и ја користи ситуацијата. Навистина мислам дека жените не треба да се дозволат да бидат понижувани и искористувани. Посебно не е од машки кои се поситуирани од нив.
Една година е таман период да се запознаеш добро. Ќе поминат два родендени, слави, Нова Година, Валентин, летен одмор, 8-ми Март и ред други работи. Порано не бев поддржувач на ставот дека една година е доволно, ама сега на овие години, со сето искуство... ако некогаш решам да стапам во брак, повеќе од година ипол не би одолговлекувала.
Епа јас тука вината во женското ја гледам Зошто сама да си дозволува да ја третира како да е срање? Каде е самопочитта тука? Ајде љубов, ок Ние женските сме многу глупави што кога ќе се затрескаме не ги гледаме проблемите во врската или барем се надеваме дека ТОЈ ќе се смени, а тоа никогаш не се случува
Па затоа секој има разум да одлучи дали некои постапки се во ред или не се. Ако не се, ако има шанса за подобрување, океј, ако не прекинуваш контакт со личноста. Сам ако дозволиш да те газат, проблемот е само до тебе, никој друг. Ама, решението не е да се претвориш како нив и да не се "фаќаш за паричник". Се знае, тоа што ќе си го нарачаш, ќе си го платиш.
Има и вака ако плаќаш ти или некој друг ако сте со друштво тогаш се јаде и се пие. Кога ќе седнете следен пат и некако чувствува дека него му е редот за плаќање вели јас не сакам ништо. Ќе седи до тебе ти ќе си пиеш ќе си платиш и тоа е. А тоа мене па и не ми е баш пријатно јас да пијам јадам а друг да ме гледа. Некако тешко оди ова кој да плаќа за да биде што е можно порамноправно. А тешко посебно кога ќе дојде и за поскапи работи станови и слично.
И јас вината ја гледам во женското. Ако преку 100 примери гледаш дека некој не те цени, што мајка бараш последниот денар да го даваш за него?