Годините се само бројка, колку и да звучи клише Да, не е сеедно да си сингл на 30 години а сите околу тебе се во врска или брак со деца, ама финтата е во тоа што не треба да се очајува и треба да се мисли позитивно, бидејќи очајот не носи ништо добро. Луѓе сме од крв и месо, и не може секогаш да сме со позитивни вајбс, ама очајот никому не носи ништо добро, исто така и по секоја цена не мора да сте во лоша врска само за да им удоволите на тетки и стрини кои зад грб ве оговараат дека сте стари моми бидете си свои, и кога тогаш и нас сонце ќе не огрее
никогаш ништо не се знае, моја препорака е се да се проверува, така да најтопло ти препорачувам да си провериш.
Ја читам темава и си велам колку многу луѓе има што на 30 се сингл... Според мене човек на тие години ако нема оформено фамилија веќе треба да е во врска со човек со кој ќе го гради животот понатаму. Да, ги прочитав мислењата од погоре дека подобро да си сингл отколку со погрешна личност итн.итн, меѓутоа пак ќе кажам, човек во тој период во животот треба да е во сериозна врска, барем според мене. Тука се и нашите родтели, и тие во тој период очекуваат нешто конкретно на таа тема. Ја читам темава и си велам, па нели има нешто што можеме ние да направиме во врска со темава?Нели има нешто што можеме некој да го направиме среќен? Барем еден? Секако дека може. Секогаш може. Еве на пример јас познавам неколку машки особи со кои се знам долго време, знам дека како личности се ОК, од добри фамиии се, образовани и успеале во животот, ама ете, се сингл. Не можеле да пронајдат личност сродна на нив. Не може сите за се да не бива. Па си викам, нели можеме некој со некого да запознаеме? Некој да направиме среќен? Па зошто да не? И ќе го речам следното: - што ќе ви е нов мобилен ако нема кој да ти се јави денес и да ти каже нешто убаво? - што ќе ви е слободен викенд кога нема со кој да поминете квалитетно време? - што ќе ви се успеси кога нема со кој да се израдувате? - што ќе ви е нов автомобил кога нема со кој да патувате? - што ќе ви се парите кога нема со кој да ги трошите, кога нема на кој да подарите нешто? - што ќе ви е годишен одмор кога нема со кој да го поминете? - што ќе ви е нов телевизор кога нема со кој да си пуштите еден добар филм и да уживате заедно? - што ќе ви е нов стан кога нема со кој да живеете? - што ќе ви е времето кога нема со кој да го поминувате? - па и проблемите се полесни кога има со кој да ги споделите. Знам, некој можеби ќе рече дека тука се пријателите, но тие завземаат еден дел од животот, но ние разговараме за сродна душа што има друга улога во животот. Мислам оти се разбираме. Па за тоа ќе речам, луѓе, животот е еден, дајте да направиме добро, не е убаво човек да живее сам, дајте да запознаваме едни со други и да правиме добрини. Ако некој мисли исто како мене на темава, слободно нека пише, стојам на располагање да помогнам колку можам.
А што ти ќе изиграваш стојник од 1950 година, побогу во кој век живееме јас незнам. Оставете ги луѓето да си го живеат животот како што сакаат, ако сакаат да се сингл и им е убаво нека си бидат сингл, секој не сака врска, брак, може има други амбиции во животот, може сака слобода, може се гуши при самата помисла да е врзан за некого. Не секој го сфаќа толку трагично тоа што нема некој покрај него и нема потреба да ги жалите луѓето што се сингл, доволно е да си го средувате вашиот живот а не на другите. Секој човек си е индивидуа сам за себе.
Не знаев дека јас сум ставена на земјава (без да ме праша некој дали сакам да се родам во оваа анархија) само за да направам потомство и моите родители да имаат кого да чуваат кога ќе им биде досадно по дома. Фала што ме просветли, наредниве шест години ќе се посветам само на наоѓање на партнер кој ќе ме оплоди, ќе баталам и образование и кариера и сѐ. Зашто нели, сами по себе не сме вредни, мора да ја најдеме нашата „половина“ за да заслужиме да бидеме среќни. Секако, во 21-ви век нема ништо полошо од тоа некој да е сингл на 30 години.
Какви предрасуди. Зарем годините се толку страшни и морално е некој на 30 години да има фамилија или сериозна врска? Секој сам си го избира патот по кој што ќе оди. Некој ете поради сплет на околности има 30 години и е single. Не значи дека не е среќен. Нема што родителите да очекуваат нешто, секој сам си одлучува за својата иднина. Можеби некој така одлучил, зарем ќе впериме прст кон него како најголем грешник. Какви ограничени размислувања постојат.
До некаде мислам дека се однесува на луѓе во тие години што сакаат да имаат сериозна врска и да основаат семејство, а не можат. Не на тие што не сакаат.
Исто и јас сфатив, има и такви од 30+ кои не сакаат да се сингл, а се... Тие што сакаат да се сами нема некој со сила да ви наметне мислење дека треба да сте во врска, нема правило тука кој како сака