Твојата идеа и не е толку лоша. Од мое искуство ,да не излезе дека ги ставам сите мажи во ист кош. Повеќето од жените после 30 се склони спуштање на критерум и прифаќање на партнер во кој единствено бараат да биде добар човек а мажите се тие кои бараат жена од каталог. Еден од 1000 примери седиме на маса со друштво и еден дотичен 35 годишен тера муабет дека изгледал ко 20 годишен (а тој.. ......) и после насамо ми вели оваа другаркати се здебелила. А девојчето за негоо бомба во секој поглед од убавина до образование и уште 100 случаи во кој девојќите се нафаќаат а мажите наогаат изговори незнаела да готви,слаба била,брчки имала,дебела билаа.. Така да мислам дека волјата и пристапот на мажите треба да се зголеми за да се намали оваа бројка.Еве да се јават 30+ двојќите и верувам дека секоја ќе се изјасни како на повеќе им дала шанса што и воопшто не и се допаѓале...
@PinkPanter86 и што ако се образовани, ако не знаат како да комуницираат? Ако чекаат женските да им готват, чистат итн., џабе им е образованието кога немаат намера да делат обврски. Патем, сега и жените се доволно образовани и способни. Ако некоја е задоволна и на +30 не гледам причина зошто да се форсира на врска или брак. Ако некоја сака да не е сама и има семејство - има опција и за тоа (посвојување дете, раѓање дете итн.) Џабе форсирате врски.
Потполно се согласувам. Во општество каде што на бракот му се дава големо значење, свеста за самодоволност се третира како неуспешност да се пронајде партнер.
И за лошото има решение, развод. Секое искуство резултира со лекција. Но, не секој ја учи и применува.
Многу пати ја гледав темата и си мислев дали да се вклучувам или не. Цело време мислев подобро не зашто ќе прочитам назадни и стереотипни заостанати во предходниот милениум мислења и што ми требаше да отворам и да прочитам такви Кога ќе прочитам како грешката е тие што се постари од 30 и дека со нив нешто не е во ред одма мислам колку не е во ред со тие што мислат така. Значи чим имаш над 30 и не си во брак со деца единствено што треба е да се бара парцела за во Бутел или дрво каде ќе се обесеш евентуално од кој мост да скокнеш. Да резумираме над 30 ти си тотално неуспешен и ништо друго што имаш постигнато не е важно. Доктор, архитект, волонтираш, Нобелова награда, НЕ ти немаш маж и деца!!!!! Дали некој немал среќа да си ја најде сродната душа, дали некој бил болен, дали било кои околности се случувале ти имаш над 30 години леле и одма тебе нешто ти фали Единствено мерило за успех е да имаш некој покрај тебе зашто со кого ќе си поразговараш, со кого ќе се искараш, зашто ти се пари ако немаш со кого да ги трошиш и милион слични глупости. Сама сум и сама ќе бидам додека не најдам некој што ми одговара. Ако го најдам супер ако не нема да барам парцела во Бутел! Животот не е само тоа, сам човек може да остане и на 20 и на 50 и на 70! Ако јас не сум нашла никој до 30 мене ништо не ми фали ама баш ништо и нема потреба да се само преиспитувам. Некои луѓе среќата ја наоѓаат на 20 некои на 33 ама не тие требале да се убијат на 30 години. Ех Меган, Меган и развод и сама и на 30 години што не скокна од некој мост туку Хари реши да го бараш
Буквално точно. Мене најмногу ме иритира што домашните се оние кои најмногу вршат притисок и те прават да се чувствуваш уште полошо, како ти да не сакаш да имаш некого покрај себе со кого ќе си делиш и добро и лошо, во ред, има луѓе кои не сакаат навистина, подобро им е сами, но сигурна сум дека нема да кажат дека не им е пријатна помислата да имаат некого со кого ете ќе ја делат таа „самотија“, како беше она "let's be alone together". Домашните се тие кои постојано кукаат, побрзо би се помириле да фатиш некоја чума недај боже отколку да им остане чедото немажено/неженето, ќе кукаат цел век, леле како така сите најдоа само ти не можеш да најдеш, па што ти фали, не си ни крив ни сакат, какви ги има најдоа се мажија/оженија, што бараш ти? принц? што му фалеше на тој дечкото што одевте доаѓаше те земаше те носеше (а не сфаќаат дека беше емотивен манипулатор и те исцрпуваше психички на секој можен начин), не тоа не го гледаат, ќе ти речат само, ајде ма и ти нормално е да има несогласувања, ќе си трпиш некогаш и така, така се зачувува брак, неможе секогаш да е бајно, тоа отсекогаш така било и ќе биде. Па тука следат и роднини и комшии што те гледаат накриво, па секогаш намерно те задиркуваат, и во ред, не треба да се грижиш за тоа што ќе кажат другите, и воопшто не треба да ти е гајле што кажала таму некоја стрина што мажот и секоја вечер оди по кафани и ги троши парите по певалки, ама некогаш ќе ти проработи психата и ќе си речеш себеси - навистина бе што не е во ред со мене? И колку да си цврст и самоуверен и остварен, ќе дојде миг кога ќе останеш сам со себе и ќе си речиш - еј навистина можеби нешто не е во ред со мене, премногу ли барам, верувам во бајки, „принц на бел коњ“. Не дека дозволувам ваквите нешта да ме разнишаат, има мигови да кога си размислувам како и секој нормален човек кој си се преиспитува себеси на многу полиња, потоа ќе заборавам си го исполнувам денот со нешта кои ги сакам и ме прават среќна, тоа е голема предност кога си сингл, имаш време да се посветиш на себеси и на сите нешта кои ги сакаш. Но од друга страна, секогаш ќе бидеш непотполн во очите на другите, како што рече, и да си нобеловец и научник, етикетата ти стои - џабе и е кога нема маж и деца. Во странство верувајте многу ретко има луѓе со вакви сфаќања, ова е дефинитивно балкански менталитет. Ќе си умреме од простотилак.
Луѓето ќе зборуваат и прашуваат за секоја состојба и одлука во вашиот живот. Од искуство. Ако немаш дечко: Ајде што чекаш? Ако не си мажена: Ајде што чекаш? Ако немаш дете: Ајде што чекаш? Ако немаш второ: Ајде што чекаш? Им велев: Ако родам второ, што ќе ме прашувате следно? Кога ќе умрам? Да не ги фермате луѓето околу вас. Никој не ви е во кожата и никому не должите објаснување за начинот на кој живеете.
Ајде тие што да речеме нашле човек што им одговара од млади години ги разбирам до некаде. Не осетиле како е да си сам. Ама тие што го доживеале истото ко веднаш да збораваат и ти солат памет, до тебе е ти си ваква ти си ... Лечење комплекси.
Не. Јаничарите биле деца украдени од покорениот народ и цел живот обучувани да бидат војници. Македонци имало во јаничарите. Нормално дека ќе се најгласни тие што биле во иста ситуација како вас, оти се свесни дека тоа што го очекувале од иднината и наредниот чекор, не било како што им 'кажувале старите' Башка егото, бидејќи кај нас се велича како огромно достигнување да си во брак и да имаш деца. А всушност е ужасно банална работа, која ја практикуваат и организми што имаат ганглии, а не мозок. Нагон за размножување, дигнат на ниво на Култ.
Koмуницирам со странци од Европа, неколку со кои сме зближени, и никогаш не прашале за брачен статус, врска.
Среќа немам во мојата фамилија такви луѓе што јас ги сметам за тешко заостанати особи. Да имам би ги решила и нив зашто единствено ми е важно е ЈАС што мислам за мојот живот. Сум слушнала и јас околу мене такви ретрдирани мислења и разбирам точно што сакаш да кажеш. Како да треба им да се докажуваш или да им се оправдуваш. Поинаку не ни можеш да се носиш со ситуацијата освен скроз да не си ставаш на срце и така убаво да им одговориш да не помислат да ти се обратат никогаш повеќе (знам потешко ова ако ти се фамилија). По мое секој си има свој животен пат и едноставно некогаш колку и да сакаме некои работи нема да се остварат баш тогаш кога ние сакаме. Само напред, во се треба да се гледа позитивната страна и сигурна сум секој има нешто убаво во животот што го радува. Ако немам маж да се напијам кафе може имам мајка, татко, комшика или другарка, да се биде сам е друга категорија од да се биде без маж. Енергијата ќе си ја носочам да си оставрам други цели и да си исполнам други желби и се ќе си биде со тек на време.
Жените кои што се 30+ и имаат кариера и се стабилни во секоја смисла на зборот, никогаш не би ги намалиле критериумите.. Некои од нив евентуално може само да стапат во брак од интерес.. и тоа најчесто не финансиски интерес, туку од друга природа... Жалосно е колку некои луѓе (особено жени) губат самодоверба кога ќе стигнат до кај 30год.. Абе жени..тогаш треба тлото да се тресе под вас.. храбри, паметни, успешни ... Способни за многу повеќе од што мислите... џабе се потценувате..
Јас имам тотално спотивно искуство.. и не поради тоа што помислува дека не веди или станува помалку амбициозна. Заради тоа што на крајот самотијата го гуши човек и слично.