Мислам дека е навистина тешко за наоѓање партнер на овие години. А и не е лесно да го оставам. Се обидувам да го променам но залудно.
Некои работи за кои што мислиме дека се непроменливи се најчесто во нашите глави. Не знам колку години си во врска, но доколку си воочила дека не се менува, и најглавно не си среќна, не си го троши времето. Си размислила во брак и со деца што ќе правиш со таков? Партнери си наогаат и на 60 години, а ти си само 37, млада си,во години кога знаеш што сакаш и можеш да смениш. Во 20 тите сме,, зелени " па тогаш ги правиме и грешките ама сега си доволно зрела за да знаеш дали со некој треба да го поминеш животот. Ти посакувам среќа
Батали го ако не те исполнува, не си му психијатар да го промениш. И баш на овие години мораш да ставиш црта до каде е доста. За работа ќе најдиш, среќно, ама остави го. И да, на 37 е можда потешко да најдиш некој, ама потешко е ова сега да го трпиш. Верувај, имав врска 2 години и само нерви ми праеше, само депресивен беше. Немам никој и имам дете, и немам работа. Ама барем си го вратив мирот. Инаку 36 сум
Тоа што може да го промениш за да бидеш исполнета и среќна е твојот живот. Личност може само да прифатиш.
Подобро сами, отколку со секое ојле кое што ќе ви даде трауми за цел живот. Goes both ways, ама ипак е женска тема на женски форум. Поздрав.
Ќе биде добро... без разочарувања, периодов има тон огласи... аплицирај на што повеќе огласи... движи се, ќе излезе нешто... а за партнерот верувам и тоа дека ќе се среди.. некогаш и треба време за човек да се соземе... ќе биде добро
И јас сум 30 и сингл но не паничам , за врска си чекам добра опција , од тие што искочив последниот период не беа ништо посебно ..
А тие и незнаат дека сте поцрни и од црн ѓавол и дека со вас плашат мали деца нели хахаха немаш љутиш се шалам ((((((