Некогаш кучето може најмногу да ти биде подршка, зборам од лично искуство... За се останато оставам на Судбина и искушениата кои господ ми ги дава... Еден ден се ке си дојде на свое место како и да е ке се носам
Долго време се замарав со дечко дали ќе најдам, ама не ми сака повеќе душата никој, сите кој од кој сакаат да те злоупотребат и така одлучив да се фокусирам поввеќе на образованието, на факултетот, уствари сега сум јас млада не сум 30 години, јас сум за 10-тина години помала од 30, сметам дека никогаш не се губи надежта ама не ми е посилна од тоа што верувам дека самостојно ќе си ги завршам сите обврски, ќе бидам похрабра и од сите тие што ми биле прилики, ама никогаш не би биле тие вистинските, а многу ретки се случаи кога на млади години ќе најдеш некој што ќе ти е засекогаш тука тие се на прсти да ги броиш, а камо ли да мислиш дека многу се од нив лажни пријатели да те користат на секој можен начин, така да решив многу поважно деа ми е успехот и сопствената работа поштено да си заработувам отколку да чекам да се мажам за да ми работи тој. Многу повеќе ги ценам моите заработени пари отколку од некој што ќе зависам. Така да и сега па и на 30 кога ќе дојдам не ќе сакам никој освен моето завршено образование да си го имам и можеби пак во најмала можна шанса ќе ми се пружи вистинската прилика, сепак никогаш не се знае, ама нема потреба од брзање,ниту пак од упропастување на себе заради тоа.
Главна причина според мене е интимни инфекции кај двајцата партнери, нездрав живот, нездрави нав Убаво размислуваш иако си млада, си имала среќа во несреќа што не се појавил вистискиот, ако се појавел некако тешко иде кариера,образование и вистинска љубов сериозна врска или како и да го кажам...
Нема врска. За се се има време ако се сака. Јас како малечка кога имав дечко во основно имав време и за дечко, а и 5ки ми беа оценките. Сега избегнувам ради анскиозноста. Има луѓе и на форумов што мислат дека се штетни таквите луѓе за околината. А и кога ќе кажам на некој малце чудно ме гледа. Па затоа решив прво да се посветам на себе.
Imam 32 godini, Sega sum singl, ama ne i ocaen, takov period, probuvam da najdma nekoj soodvetna na mene, karakter, vozrast, stil.... Nekoja sto ednostavno bi si odgovarale eden na drug.
Живеам, дишам со полни гради слободен воздух, се дружам, спортува се ова Х2... Не е проблем кога ке легне човек, проблем е насабајле кога ке стане... Тука настануваат заврзламите во глава
Машките треба да научат како да сврзат една нормална реченицпред женско и да знаат како да шармираат девојка а не да напињаат со прости муабети
Мажите се едноставни створења, нив фудбалот им е главна преокупација, додека женскиов свет е за жалење, за се сака да знае, се секира за изглед, за секс, за бременост, за деца, за куќа, дали е привлечна, дали е дебела....нели мислиш дека ние жените сме многу сложени створења???
Тешко да си женско, ама ти си знаеш. Ајдеее стереотипи. Нема ни еден доктор, научник, бурекџија машко... па нема само за фудбал и секс мислат, кај има време да дипломираат
Делумно си во право, машките додека се во подолга врска, брак живеат ај да кажам површен живот, можам да кажам прават се по навика и не обрнуваат многу време за работи за кој жените во тој момент размислуваат, се нервираат, укажуваат се расправаат... НОООО, одкако ке прекинат јас ти тврдам дека ги отвараат сите фолдери кој им се во глава, размислуваат за се буквално, и што е најтрагично тогаш ја гледаат големината и вистинската вредност на се, ова зборам за вистински вредности на љубовта, за вистинска, права особа, и зборам лично за себе, јас го пројдов најтешкото, и тоа е кај сите без исклучок, само некој порсно некој покасно сфаќа... Зошто е тоа така незнам најверојатно е машки склоп
Види социјален живот, околности, начин на кој се постсвени релациите и многу други фактори се темел на тоа како ке течат работите, добро е ако има страст за да има секс, за фудбал, риболов, и останати преокупации на мажот се ок ако се во граници на нормала, еден издувен вентил ако не се преетерува
не треба да ги ставаш сите в исти кош .не е фер .Сеа јас да кажа сите женцки се инфлуенсерки и нокти прават др ништо не знаат мислам глупо е. На такви си наишла не си ти крива , но не размислувај погрешно
Моја пријателка која е тип топ средена, изгледа како бомба 2 години нема со кој да оди на одмор и оди со мама. Комшија, не изгледа лошо, вози џип, и оди на одмор со роднини, парови, кои имаат деца. Жално. Жените бегаат од лажговци, се плашат да не заглават со неранимајко, а мажите ко што кажа @Justicija да си научат да прават муабет со жени, едноставно е.