ОК де, не напнувајте чопоративно. Извинете ако некој се нашол во примерот. Нема лошо, ама желба на девојката е на тие години да оди со партнер, а таков нема. Јас лично не би сакала на 38 да одам на одмор со мајка или на плус 40 со семејства со деца, а да сум сама. Олабавете со подпрашања и барање влакна во јајцето, ова за жените, а мажите не барајте провод по форуми и не пишувајте глупости во инбокс.
Па како и направи план со кој треба, со кој не треба да оди. Ти ете си кажа за тебе. За другите остави сами да си кажат.
Поентата ми е дека околу нас има многу сингл жени и мажи, кои би можеле да бидат пар, зошто да не, ама со годините веројатно се губи желбата за излез од конфорна зона, имаат недоверба итн. Не правам план никому, само лично не би тргнала на тие години со два пара со деца, ќе се чувствувам дека светам некому или се натрапувам. Тоа е тоа.
машко да пишеше дека на 30+ две години иде на одмор со мама , биди искрена колку дијагнози ќе му дадевте овде?
Така е. Да кажеш дека некој е бомба или дека не е лош е комплимент. Тоа се луѓе кои си имаат свои добри страни. Јас не навредив, само констатирав дека се принудени на одмор да одат со мајка или парови. Фали комуникација веројатно. Дигитално време.
Не можеме да знаеме на кој како му е животот, затоа не треба да судиме. А и сметам дека нема ништо лошо во тоа да се оди со родителите на одмор.
Нула. Одам со мајка ми на одмор кога можам и покрај тоа што имам и дечко и пријателки со кои би одела. И не гледам ништо лошо во тоа маж да го направи истото.
А зошто толку осудувања? Поубаво нешто од време поминато со фамилија има ли? Едноставно знаеш дека може утре ќе ги нема и сакаш тоа време да го поминеш со нив. Лично сакам да одам со родителите и покрај тоа што имам дечко зошто времето со нив ми е скапоцено.
Ама зошто принудена??? Ако сака може и сама да оди на одмор. И баш напротив, јас нејзиното одење со родителите баш го доживувам како успех. Заработува доволно и се чувствува доволно стабилно/созреано за да си ги поведе и родителите на одмор, тоа е успех.
Ме насмеа со коментарот. А замисли Човек ако сака да се кара, ако му е досадно, само нека пише коментар на форум, макар и да не е навредлив, не е негативен, и веднаш ќе се јават кавгаџии. Значи има сингл луѓе кои си признаваат дека им е преку глава на 30 и повеќе години, да одат по одмори со другарки, мајка, а за сами страв им е да одат во странство. Јас не напаѓам и осудувам, само констатирам. Сега ќе се јавите сите со коментари дека одите со мама на одмор. Човек што и да пише, ќе испадне лош. Нигде не реков дека дете плаќа одмор за родител, а и нели во друга тема ти пречеа тие што кажуваат дека работеле, фалење било.
А што има лошо ако оди со мајка и? Не значи тоа дека никој нема во животот, а и да нема ништо страшно де. Јас сум со маж и дете, па си одвојувам денови за одмор со моите родители, јас сум ќиеф кога одам со нив, а знам дека тие се повеќе затоа што уживаат со внукот. И тоа ми е прав одмор опуштен. Пред да се омажам со другарки кога одев и тоа многу малку имам одено, или некоја ќе се начука, или ќе фаќа кривини или по цела ноќ ќе вергла со дечко и кавги за каде бил и со кого. Налет и одмор и се.
Не е то 'сложеност', туку наметнати улоги. Мажот е маж, треба само на к*ро да мисли. Жената треба да е убава, домаќинка која раѓа мнооогу деца и паралелно чисти. Чест на исклучоците.
Имам идеја, сите ние кои сме сингл и сакаме друштво, да се собереме и да се запознаеме, па можеби ќе произлезат од тоа нови пријателства или врски. Кој е ЗА?