Не сме сите мажи, но не би отишла на таква средба јас да бидам искрена. Не ми делува безбедно, не можеме да знаеме кој се би дошол.
Јас сум бил на две такви средби. Ем поглупаво не сум се чувствувал, ем искрено се срамев што сум припадник на машкиот род.
На едната средба имаше паметни и културни девојки, ама дел од момците се однесуваа идиотски, од типот и` се пушта и се лигуши јас ваков сум в кревет, јас таков сум, ова би ти направил, она би ти направил... На другата средба си беа на исто ниво и госпоѓиците и господата, едните како од бордел излезени, другите ко од синџир пуштени. Госпоѓица од 45+ му се пушташе на момче од 25-6. Магаре од 37-8 години им досадуваше на студентки, од прва-втора година. Ми се згади и избегав за брзо. Од првата средба излезе еден брак. Се надевам дека е среќен, за жал не сум во контакт повеќе со нив. Од втората што излезе не знам и не сакам да знам. За брак, па и за врска немам слушнато. ПС: Повеќето ги знаев и на едната и на другата средба.
Нема зошто да ти биде жал. И тоа е искуство. В кафана се среќававме. Првиот пат другар ме покани, вториот пат познаник, како што пишав, знаев дел од учесниците.
Јас имам пријател 36 сингл беше Турција на одмор со мајка му и брат му топ си помина, стекна еден куп нови познанства. Едноставно животот е прекрасен и нема правила самите си се лимитираме.
Не се лимитираме сами, туку општествено се наметнати некои правила кои несвесно сите ги следиме и кога некој нема да успее да влезе во истиот ритам, го доживуваме трагично.
Толку ти се ниски стандардите што би бил со било кого или која? Мислам само да бидиш во врска, дека не си сингл?