Иам една познаничка, абе месец дена пред да напуни триесет, ми вика ,, до сеа ја бирав, од сеа ќе ме бираат,,... Или па шо ми кажуеше брачед и шо живее у Германија уше пред пет години и викал да не прибира многу, оти многу наши жени у странција прибирале, па после сами чмаеле... Ја искрено ќе си кажам за у странство и од женски балкански аспект , не е лесен животот сам, оти тука тешко е и за пријателство, особено со наши Македонци оти скоро 100 посто се е од корист, и после од ко ќе им завршиш работа, кој те ебе. Ја не им вршам работа, па си добивам кој ме ебе по итна постапка, да не си губам време за џабе. Али боље сама, него ли со некој пацер шо цел ден не се прибира, иде по кладилници, курварници и швалерки. Иам пишуено еднаш тука, ја не знам еден шо е женет наш тука, шо не ја изварал жена му, и шо не се пушта на шо стигне. Еден. Да не зборам мене колку ми се пуштале, и можело и посериозно да биде. А па да не зборам како живеат нашите жени тука, ајде да речеме 90 посто, оти знам дека на форумов има жени што викаат убаво живеат, ја им веруем. Да рбмаш по две работи, па дома чисти пери, децата да ги мкнеш по сите доктори, обрски се сама оти муж ти не знаел Немачки, али за да иде у Пуф и Кладиона знае. У 21ви век да живееш у да речеме послободно и со повеќе опции општество, али со затуцан менталитет. Иам шо ми се имаат убацено на ФБ наши у стил еј и ја ќе доаѓам у Немачка скоро, не се живее сам, да нема кој да ти зготви, да ти испере, да се упознаеме...дај не ме јеби. Мајка ти земи си ја, ти се плукнам у сељачиштето. Сума сумарум, боље сама, на раат, него ли со стресови и со некој ради реда,па и он со мене.
Чекај, зашто грешка у чекори, зошто побогу да бараш македонски маж у Немачка? На толку златни немци, шпанци, италијанци, хрвати Бугари немој Една Бугарка знаев, за немец се ом`жи, од нејзе советов, никаков расизам и дискриминација
Да не изигравам адвокат, ама мислам за пријателство мислеше Ако втор пат се мажам, викаш шпанец итаљанец да барам?
Искрено, никад не ни барав наш, али ете сплет околности со бившиот. Уше поискрено, никаков не ни барав. Али ипак, си постои таа некоја невидлива јазична бариера, и круг на луѓе, каде најголем процент имаш шанси кај некој од твојот регион и држава. Ја искрено би со немец, или хрват. Има некоја стабилност и култура на живот шо ми одговара.
Не ми текна на бариерата...мада, не сум баш сигурна дека постои. Јас бирам луѓе по сензибилитет, мислам може да се најдеме, без оглед на јазикот. Е има посебна драж, ако и он знае кој е Балтазар, како и јас, или Топ листа надреалиста ама ако не, доволно е да ги знае Монтипајтон . Со други зборови, некој common ground да имаме, не мора да е јазичен, повеќе е културолошки. А инаку дефинитивно се согласувам дека е подобро сам отколку со некого ради реда. Мој живот сигурно нема ради реда да го живеам.
Уф прашањево... претпоставувам дека не би почнале да комуницираме, ако немаме заеднички јазик...и, обично англиски вршел работа, штознам. А ако живеам во Немачка, евентуално и немачки. Е сега, ако е швајцарец што збори германски, пиши пропало
Никогаш не сум сакала по секоја цена да сум во врска, едноставно не можам да одам со било кого само за да не сум сингл. Па еве и сега, откако влегов во 30ката, не осеќам потреба за врска. А и луѓето што ги запознавам прво ги сметам за пријатели, па потоа ако има некоја хемија може и да премине пријателството во нешто посериозно.
И кога сте пријатели како ја чекаш хемијата?Кога ја приметуваш дека ја има флертуваш?Даваш знаци или чекаш се од нив?
Не чекам хемија, едноставно ги сметам за пријатели и таков однос имаме. Е сега се десило откако ќе запознаам некого подобро да почнам да чувствувам нешто кон него, ама ова ретко се дешава. Ако забележам дека ми се свиѓа, секако дека ќе дадам до знаење, не можам се да чекам од другата страна. Па ако и тој чувствува исто може да прерасне и во врска пријателството, а ако не, секој на своја страна и тоа е тоа.
Е па ако има чувства за мене нека ми каже, не сум видовита. Исто како јас што превземам чекор доколку некој ми се допаѓа, очекувам истото да биде и од другата страна. Ако ме свиѓа он, а јас него не, нема да продолжам со контакт/пријателство за да не му губам време за џабе.
Реално ние повеќе им маваме корпи него они на нас,затоа во живо се плашат да ни кажат дека им се допаѓаме.
Да, али затоа не се плашат ко напалени сељачишта сексуално да не напаствуваат и ко кучиња да се понашаат... Апла #pickmegirl.