Нас не може да не стигнеш, ќе стигнеш заедно со некои други. И може ќе сакаш пак да се вратиш, ама никој не може.
хаха јас овде сум пишала на 27 дека сум блиску до 30 али не сингл. Од тогаш поминаа многу врски , чуда, грешки, убави моменти итн.. Сега сум 30 и фреш сингл btw животот никогаш не бил поубав .
И јас така викам овие месеци ама испаѓа дека колку ми годи слободата толку и ми смета што немам некоја вистинска покрај мене. Токсичната врска која ја имав ме натера да бегам од такви девојки а се на такви налетувам
Not 30 yet… ама така се чуствувам, се плашам зошто со тек на време губам желба и верба дека ќе најдам некој со кој ќе кликнам… не би сакала да намалувам критериуми, зарем некој би намалил критериуми за мене? Не. Сакам само нормален дечко, со нормален живот и нормален карактер и знам сега некој ќе речи што за тебе е нормално… нормално е некој да те покани на дејт, да излезете два три пати и да знаеш на што си… да се појавите во јавност како нормален пар, а не да се криете како швалери… да не мора да репортирам секој ден со кој се сретнав, со кој реков здраво, колку пати јадов и сл. зошто ќе имаме доверба еден во друг и нормално е секој да има свој живот… Нормално ми е за викенд да поминеш вечер со него, на вечера, дома или каде и да е, но исто така да поминеш викенд и со другарки без проверување на телефон каде си и што пиеш Нормално ми е млади луѓе да патуваат и да планираат одмори, а не само да штедат пари и да се жалат, ако сега немаш пари барај начин да се унапредиш, биди амбициозен… тоа е за мене нормално, не барам луксуз или некој да ме издржава финансиски туку сакам двајцата да сме сигурни и комфорни во врската…
Јас исто така барам таква девојка, ама со тек на време сум приметил дека таквите девојки се веќе зафатени или сериозни врски или веќе мажени со неколку дечиња. Така да изгледа се по се сам ќе си останам. Хаха
Луѓе не губете надеж животот е пред нас и колку е најубав Намалување стандарди никако заради тоа се случуваат животни грешки, ќе го најдите вистинскиот/вистинската кога најмалку очекувате заради тоа што ќе бидете презафатени сакајќи се себеси
Не мора да значи еве од страна на машки се декларираш ваљда како ок личност а сепак си сам, веројатно и има по некоја таква.
Останал сам тој шо не барал и се откажал. Животот е фер и баш како шо треба да биде, патот кој го одиме го бираме ние, лево десно, нагоре надоле зависи од нашиот избор. Така да, доста песимизам и жалење.
И останување "сам" е избор. Имам пријателка, братучед, пријател кои не се гледаат како фамилијарни луѓе, не би стапиле во брак.. Ни во нешто сериозно. Незначи дека се осамени е си е избор. Секој што денес има пишано дека е разочаран / разочарана нека пиши и по една година од кога ќе му се случи магија во животот, посебно сега летен период
Има поминато време од кога си ми вратил извини. Проблемот е што кога ќе излеземе од токсична врска, цели искомплексирани, самодовербата 0, за никаде.. Привлекуваме баш такви затоа што потсвесно сметаме дека такви и заслужуваме.. Затоа работа на себе, замарање 0, убаво е да се тргни човек од се одреден период, негативни луѓе, негативни тв шоуа итн.. Едноставно научи пак да уживаш сам како и пред таа врска и се ќе биде во ред. Trust me
Веројатно има не велам не, ама може е исселена. или ете едноставно не се вкрстиле патишта а може и никогаш нема да се вкрстат.