Има едно видео на јутјуб на оваа тема. Другарка во средни 30ти му се пожалила на другар дека не може да најде нормален маж. И он ја прашал што подразбира под нормален, и ги запишал сите критериуми која оваа му ги кажала. А дечкото аналитички и математички како на берза решил да го решава проблемот. Земал да ги евалуира сите достапни статистики. И израчунал дека на ниво на Австрија тие критериуми ги исполнуваат 0,135% мажи, значи 1 од 1000. Останува отворено прашањето колку вакви мажи би можела таа да привлече, и против колку други жени треба да конкурира за истите. Може секој да се усреќи ама дефинитивно не сите. Така било и така и ќе биде. Овде може да помогне само искрен разговор со лице самец(Жена/Маж) над 60 години кое нема деца и брак. п.с. Ќе го постирам видеото ако сако некој. На германски е.
И јас сингл, 31 за некој месец.Имам дтугари и другарки, сингл, разведени, со девојки а јас никако со некоја во врска да влезам.
29, за два месеци 30ка и сингл. Само што завршив една токсична врска, мислам дека е крај на светот и дека никогаш нема да си најдам дечко што ќе си одговараме и кликнеме пак. Немам надеж и не ми се ни живее повеќе...
Поради завршувањево на врскава.. Што си ги имам годините веќе, тој не чекаше отрча веднаш кај бившата а јас сум уништена. Буквално не сакам да постојам веќе. А многу тешко да се најде некој да ми се засвиѓа, не знам веќе ни каде да барам. Сакам да го заборавам веднаш.
Ќе биде добро, дај си време, не е доцна за ништо. Батали го притисокот општеството што го прави околу возраста, бракот и децата. Ќе најдеш друг, важно си се спасила од лоша врска.
Ќе преживееш срц од лично искуство ти кажувам , пред два месеци го поминав истото , пет години бев во токсична врска , исто како тебе и јас мислев дека е крај на светот и бев во депресија кога конечно раскинавме , ама тоа се случи бидејќи многу погрешно гледав на ситуацијата поради страв од самата помисла дека на 30 год останав сама . Сега можам да кажам дека поубаво нешто во живот ми се нема случено , како да созреав преку ноќ , се посветив на себе и работам секој ден на тоа да постигнам се што посакувам , а за нов дечко не се брзам воопшто , не ни барам , си се затрескав во сама себе како луда. Не ми се живееше кога раскинавме а сега ми се живее барем до 100 год еве да бидам скромна малку не е крај на свет срц грешка си , животот не завршува кога ќе заврши врската , тогаш почнува , и не се плаши од годините во најубавите години сме , подобро што заврши сега него на 40 год а таква врска секако ќе заврши некогаш. Ти посакувам побрзо да го пребродиш овој период , ако треба нешто пиши ми слободно