Таман е и така on here*, исто и on social media* A некои и не се ни single, во врска или "брак" се, па па не нашле. * /Во врската/ бракот/ или надвор од.* А некои нашле, ама па се single по избор. А некои и нашле. И така, 1000људа 1000чуда.
Проблемот за тој кој не сака да е сам, а е сам станува проблем и пред да наполниш 30 реално, кога се намалува дружењето, излегувањето, кога твоите врсници веќе се во стабилни врски, брак, дури некои имаат и деца, а ти веќе не си активен/активна во град како порано, веќе викендот ти се гледа како прилика за одмор, а не за журка... така се намалува и можноста да запознаеш некој...Еве јас, не сум сеуште 30, излегував летово многу, но не запознав никој... доаѓа зима така да шансите се помали да запонзнаам некој во живо, искрено ама најискрено не сакам да сум сама веќе, а и исто така не сум расположена да излегувам активно со цел да сретнам некој, па не сум должна да трагам по нешто цело време и да си ја мачам душата, заслужувам да добијам нешто да речам самото од себе, од ведро небо.... само се прашувам што ми фали? Зошто не сум сретнала никој, дали е физички не достаток (иако не верувам), дали е говор на тело што ги одбива луѓето или едноставно не е до мене, којзнае... Само знам дека осаменоста е најлошата работа на свет, до сега сум правела се сама, буквално... во сите ситуации каде другите имаат поткрепа од некого, јас сум сама...до некој степен сум среќна што на некој начин се осамостоив и тоа ми беше желба да бидам независна жена, ама од друга страна не се замислувам како сама низ цел живот, не се замислував ни млада мајка, сопруга ама пак фамилијата ми е смислата да животот, најголема желба ми е да имам деца....Како вие се справувате со вакви периоди? Како запознавате нови луѓе? Колку често излегувате и каде излегувате најчесто? Дали мислите инстаграм или др социјална мрежа би ми помогнала да запознаам некој?
Има полошо и од тоа да си сама а тоа е да бидиш со некој оти нема со кој. И ја сум сам и верувај, некогаш е подобро да си сам. А за партнер терај си животот и не барај, ќе се најде некој кој ќе ја види убавината која зрачи од тебе. Човек кога бара не наоѓа тоа ти е како некое непишано правило.
Ајде да не гледаме што е полошо од тоа да си сам, замисли пак има подобро од тоа да си сам, да си со некој што те сака и цени, го сакаш и го цениш.. поминувате преубаво време заедно и сте исполнети… Зошто не заслужуваме сите ова? Зошто да сме задоволни со тоа што имало и полошо од нашето? Како она “ќути какви ги има, од лошо полошо”…. Имало и моменти кога не сум помислувала на дечко или врска па не сум ни сретнала некој потенцијален, јас не знам кај е грешката…
@IvvaNeo потполно те сфаќам. Многу од нас сме се почувствувале осамени. Особено кога оние со кои сме се дружеле веќе си створиле фамилија. И секогаш е прашањето што имаат тие повеќе од мене, за да го имаат она што јас го посакувам. Не е секогаш во животот онака како што посакуваме. Но немој да се обесхрабруваш. Еден ден ќе го имаш се она за кое што денес мечтаеш. За сите има по некој, но најважно е тоа да е личноста која ни одговара во животот. Подобро покасно отколку порано и да биди тоа грешка. Ќе дојди и твојот ден, не си прави стрес и немој да ја гледаш околината.
Тогаш вашата куќа ќе стане борбаџиска. Мачорите борба ќе водат, вие борба ќе видите. Што убаво ќе си се погодите! Инаку, женско е да.