јас сум машко и сингл и често ми се случува и преферирам директен пристам кон девојче и стара школа на запознавање,во ред користам и социјални медиуми за забрзување на запознавањето,како мисли,заеднички интереси итн забава.Но некако завршува кога ќе прашам за официјален дејт и реално и кажувам дека навистина ми се допаѓа и сакам нашето познанство да го кренеме на повисоко ниво. Сум имал сериозни врски но чуствувам дека луѓето доста се изменети и се е материјално.Реално имам солидна плата,кола,мотор, и свој имот и уште еден стан кој го издавам.Ситуиран сум и не разбирам повеќе навистина.Average Joe сум но питом сум и немам намера само да спијам и толку да е.Сакам повеќе,не сакам да сум сам,сакам покрај мене жена да е,да ме контролира,да ме тера,едноставно другар и ум. Во кафана во живот не сум бил и не сум таков.Повеќе сум концерт фанатик
Одличен си ти, не се замарај барај си друга, има различни карактери и девојки и не се разочарувај ако 3 те откачиле.Не се ослонувај на материјалното не е пресудно тоа за подоцна во животот.. Игра улога но не е пресудно
Дали секој викенд излегувате навечер? Искрено и тешко е на овие години да имаш друштво за секоја сабота да излегуваш, сите си имаат некоја работа, обврски, партнери, некои и се во брак, деца… а од друга страна ако не излегуваш како ќе запознаеш некој… се чуствувам заглавено и како да немам излез од ситуацијата
Со такви што би ги запознала за викенд по кафани,диска и слично боље и да не почнуваш ништо. Запиши се на некој спорт, курс, обука или оди на некои настани кај што би запознала луѓе со слични интереси. Искачања за викенд се да се видиш со друштво и да се издуваш, да потрошиш вишок енергија на играње. Не би барала на искачање такво дечко за сериозно никогаш.
Воопшто не е страшно ако имаш 29 и си сингл, не е страшно ни ако имаш многу повеќе. Не се знае што носи животот и кога можеш да запознаеш некој.
Можеби погрешно си сфатила. Може сакал да ве почасти од ќејф што му се родил син. Не мора да се гледа на се негативно. И јас сум имал вакви ситуации кај што сум частел женски од некој повод (но не да им се пуштам, туку од што моментот ми бил тљков), па што, треба да бидам изреметен?
Секој викенд не, туку преку еден викенд. Некогаш се случува и преку два викенда. Секогаш со различно друштво излегувам.
Многу јасно беше што сака, нормално дека со флашата настапи и таткото и неговите другари на маса, и се направи муабет. Се надевам нема и ти да ја викнеш таа женска што си ја частел дома кај тебе, зашто си сам. Нели жена ти е на ГАК во тој момент..
Не бе, таман работа да се пуштам. Не сум таков нападен и замаратор. Тоа што треба да биде, само ќе си дојде. Затоа реков ,,можеби", бидејќи не сум бил таму и не им ја знам намерата, а претпоставив според твојот коментар. Има на некои жени што им годи тоа, но мислам дека на повеќето не им годи такво дрско ,,пуштање". Јас така имам почастено во диско на шанк кога бев да си земам пијачки. Не беше во Македонија тоа, тулу во Сончев Брег. Бев да си земам за пиење, а притоа ми беше роденден. Додека чекав да ми ги дадат пијачките (бидејќи зимав и за другите што беа со мене), една девојка ме праша од каде сум и и реков од Македонија. Ми рече дека била и дека е убава држава. Нарачав и за неа уште една пијачка, и ја платив и и кажав дека ми е роденден и ја почастив. Никогаш повеќе не ја видов, ниту пак се вратив да ја видам и да и се пуштам. Сепак, секакви мажи има. Јас од ќејф и од повод сум ја почастил, но тоа не значи дека треба да и се пуштам.
Јас после многу долга врска сум сингл. Не сум во потрага по дечко, моментално сум посветена кон кариерата и тоа ми е целта барем извесен период. Еве си размислувам за иднина кога би дошол перидот кога би се осетила спремна да сум повторно во врска. Малку не ми е јасен начинот на запознавање бидејќи не сум во тек, еве вие што сте 26+ на кој начин и каде се запознавате со дечко/девојка? Можеби само кај мене е вака од причина што јас не сум тип што искача по журки (а и немам со кого сега), не знам но немам некои посебни желби и преференции за некого, ценам вредности што би рекле некои ретки за ова време.. Размислувам на врска на долга стаза што резултира со брак, сакам искрено и сигурно нешто а не зафркавање и трошење време ..
Доколку не излегуваш и немаш широк круг на пријателства единствена шанса е преку соц. мрежи па ако се најде некој среќа
Јас имам запознато личности на социјални мрежи, теретана, порано и со атлетика се занимава, шо значи запиши се на некое хоби каде што има и машки и женски.
Имам, ама сите се мажени/женети, некои со деца, некои чекаат деца и такаа. Излагам јас ама не баш на журки и таков тип излагања..
Не би било лошо да започнеш нови пријателства, но и да си ги задржиш и старите. Секако дека нема да ти бидат другари во вистинска смисла на зборот, какви што сме имале од мали нозе, но мислам дека би биле достојни и добри. Лош другар се препознава уште на почеток. Ова ти го зборам од искуство, бидејќи многу сум се горел. Социјалните мрежи исто така помагаат во стекнување на пријателства и врски. Само при идна врска, биди внимателна за грешките што ги правел бившиот, да не ги повторува новиот. Биди комуникативна, секогаш насмеана, расположена, позитивна, скоро секогаш песимист, и коцките сами ќе си се наредат.
Во право си за се што кажа, знам дека тоа е решението ама некако гледајќи како секој ,,си го средува животот’’ на истата возраст и влијанието од општеството ти ја зема силата и мотивот и мислиш дека со тебе нешто не е во ред или пак негде касниш… Сепак на крајот од денот секој од нас има свое време и свој пат. Благодарам за исцрпниот одговор, ми значи.