Oвa oд кoгa гo немaв слушнaтo, се прoвлекувaше низ муaбет пoнекoгaш кoгa бевме пoмлaди, aмa никoј не кaжa дaли прoбaл и дaли функциoнирa Дaј бе кaжете, не мoрa дa се oткривaте, речете -еднa другaркa прoбaлa пa ми кaжa Зa бизнис ми е.
Јас не сум ви у група, ни по статус, ни по години, ама многу појќе ве сакам него оние 25 имаат и паника за мажачка шо ги фаќа. Па удала се мома да не седи дома муабет. Срцки сте бе, закончиња
Сега дојде времето и обратно СЕ МАЖИЛА МОМА ДА СЕДИ ДОМА гледам се повеќе девојки повеќе кај мајките отколку кај мажот.
Знам дека се пренапалени на тие манифестации жените али ептен негативна енергија ми има целото тоа срање и ептен треба да сум на пороци за да имам зезање со сите тие убави девојки.
Мене комшика ми упорно ми бара дечко и е загрижена за мојот љубовен живот зошто нели срамота е да немаш дечко.... П.С. Имам 22... Мислам дека не е ништо лошо да се биде сингл до 30 мајка ми на 34 се омажила. И онака јас не планирам да се мажам до 30
хаха срамота било ццц кажи и ти на комшиката да не се замара многу со тебе и твојот живот искрено млада си и ќе ти кажам уживај во животот има време за се, и да да не се мажиш до 30
Мојата братучетка има 40 сингл, вработена, дотерана, средена, излегува нон стоп со пријателки, по одмори и знам дека и е тешко што е сингл но постојано со насмевка ме теши дека не е страшно, дека треба да се живее животот и човек не може да препознае дека е нервозна. и јас ги имам 33 па полудувам кога тетки стринки ми местат дечковци исплашени за мојот брачен статус јас не сум исплашена, ама тие ме вадат од такт и никако да разберат дека треба прво својот двор да го средат после мојот
Здраво генерацијо Гледав некое видео за Кина. Жените кои се сингл и во 30ти ги именуваат како leftovers... имаат дури и маркети на кои родителите си ги огласуваат ќерките (вклучително и синовите ама за нив не важи тоа..leftovers) со надеж дека ѝ за нив ќе се најде некој. И сингл жените и родителите живеат во срам и под притисок од околината која си вртка муабети за подпросечниот изглед демек на момите, недомаќинскиот капацитет и ред други и погрди работи за ваквите жени. Е, во врска со излегувањето на дејтови во 30те... пример, онлајн дејтинг. Добар дел од луѓето кои те контактираат и се зачленети на платформи кои се за таа намена, побогу(!) се женети или во сериозни врски. Еден лик, дури и фејсбукот си го размени, а на фб му стои во брак со... и cover слика со жената му. FTW Коа ќе видиш, тетките и стринките варијантата за дејт, по ми ареса, некад. kidding.
Рамно 30 и сингл. Сама сум затоа што не можам да бидам со било кој. Ако си со било кој за да не те зборат луѓето правиш голема штета. Машките што ми се пуштаат ме разочаруваат. Џабе некој има 30 кога прави муабет како да е 8 одделение. А за тетки стрини ич не ми е гајле, смешни се кога наводно се секираат. Стара мома израз не употребувам. Инаку имав јас колешка на работа што го употребуваше тој термин, а се правеше многу културна, интелектуалка.
Но со вакво размислување постои опасност да навлезеш во климакс а тогаш џабе е и да ти се појави најидеалниот човек на светот. Велиш се кретени ти се пуштале? Па тогаш зошто ти не му се пуштиш на оној што мислиш дека е доволно добар за тебе? Премногу идеализирајки ја личноста со која сакаме да бидеме ризикуваме никогаш да не ја најдеме. Проблемот е во тоа што не сме свесни за она колку ние вредиме бидејки ние се гледаме со сопствените очи а во нив секогаш сме ние совршени. Сакам да кажам, настрана желбите погледнете и на реалноста во очи и изберете лика наспроти себе. Ако јас сакам да возам Ферари а немам можност не зачи дека цел живот треба да одам пешки затоа што неможам да го купам ферарито. Во случајов жал ми е што ќе кажам ама мислам дека се преценуваш.
Не се преценувам. Ама едноставно не можам да бидам со било кој за да тепам време. Зошто ме осудуваш? Не кажав дека се кретени, туку се незрели. Сакам здрава врска на овие години.
Не те осудувам но и сама би требало да знаеш дека врската а особено бракот е компромис и затоа никогаш не можеш да очекуваш да се биде идеално како што си замислила во твојата глава. Еве нека ти кажат оние кои се во брак колку се променил нивниот партнер во бракот за разлика од претходно, па што треба да прават сега да го остават? Еве да претпоставиме дека ќе се појави во моментов најидеалниот тип за тебе, кој гарантира дека за 2-3 години нема да се промени и да биде сосема спротивно од она што е сега? А замисли тек кога ќе дојдат деца, проблеми..... па недај боже неверство. Се се тоа искушенија низ кои треба да се помине. Според мене при изборот на партнер треба да се има неколу постулати. Да е ситуиран, да ти се допага физички, да сте сексуално компатибилни а се останато се оформува и моделира со текот на времето.