Муабет на место, браво Од сите прочитани глупоштини низ последниве страни, еден паметен коментар се најде.
Само како изолиран факт да се биде "30+ и сингл", не значи апсолутно ништо. Некој е по избор во ваква состојба, некој е среќен поради ова, некој е тажен. Не е исто да си "30+ и сингл" во Скопје или во Берово .... или во Лондон. Друго што влијае е дали имаме макар еден близок пријател/ка за дружење во слободно време. Ако имаме еден или повеќе пријатели за дружење тогаш и не е толку тешко или страшно, така да кажам. Дури мислам дека има луѓе што се под 30 години, а се позрели и посреќни од некои што се "40+ сингл, или во врска или во брак".
Подобро ми е сега отколку во 20-тите. Се чудам кога ќе прочитам луѓе кои „30 и сингл“ доживуваат како некоја катастрофа. Баш сега знам што сакам, знам што не сакам и ме заболе што друг мисли за тоа. Е сеа, можда не сум депре пошто имам друштво, иако најблиските другарки ми се мажени (една дури и со дете). Ама не се од тие што исчезнуваат штом ќе стават бурма, што последно ги гледаш на свадба и евентуално по 10 години ако се разведат, кога ќе бидат во втор пубертет (имам една оваква периодов). Се дружиме, пиво и јамб по дома, во парк, во паб, заеднички одмори. Имам и неколку сингл пријателки кои се од Скопје и други градови, па знаеме 2-3 пати годишно да се собереме. Мене еднаш во недела ми е сосема доволно за излегување и мешање со народ, другите денови си ги посветувам на работа, серии, филмови, и искрено ми е супер, ич не осеќам како нешто да ми фали. Некои се осамени и кога се во врска или брак. Јас бегам од луѓе што нон стоп кукаат за брак и дечко. Од таа енергија што те тера да се чувствуваш како нешто да не е во ред ако си сам. Буквално се лепат за кого било, само да не се „сами“, да имаат со кого да излезат додека не се омажат, еден куп овакви будалетини се дружеле со мене до мажачка и исчезнувале. Бегам од луѓе што постојано кукаат, што се дружат само со агенда, што исчезнуваат штом им ,,тргне". Не ми требаат такви околу мене, доволен ми е мал круг, чисти муабети и мир во глава. Не секој има капацитет за вистинско пријателство.
38 и веќе некое време сингл. Послем долга врска и големо разочарување искрено мислам дека добро е човек да биде некое време сингл, но не предолго. Во последно време се повеќе чувствувам некој притисок и постојано се оптеретувам со тоа дали и кога ќе успеам повторно да сакам, да верувам, да имам доверба, да ја најдам вистинската девојка според мои критериуми. Секако имам и голема желба да имам дете и тоа додатно ми ствара притисок. Поради све што се случи како да имам некој гард поставено со цел да се заштитам себеси и ми треба повеќе време за да стекнам доверба, а истото го забележувам и кај повеќето од девојките со кој сум излегол, има некој гард поставен, очигледно е дека и тие имале некое лошо искуство. Листајќи, читајќи низ темава гледам дека доста не има сингл, читам различни мислења, искуства, па ете и јас да споделам.
А што за луѓе кои цело време биле 30 и сингл и што уствари појма немаат што сакаат? И мене ми е супер, се додека не ми е. Мислам дека тука баланс е клучот. Мое мислење е дека не можеш да си супер ако си сам цело време, и обратно, ако си презависен од партнерот и твојата среќа зависи од него. За останатото горе-долу се сложувам.
Нашиот менталитет и нашата средина е научена да осудува.Се што е различно од средината во која живее се осудуваат. Има многу што сакаат да бидат сами,си уживаат во својот мир, тие се среќни не несреќни, несреќни се оние кои ги осудуваат. Постојат лица што не можат да бидат сами, понекогаш им е тешко да најдат некој спрема нивниот карактер, откако најдат некој кој не е според нивниот вкус се разочарани,некои отпосле воопшто ни не влегуваат во нова врска.
Има и такви што после токсична врска свесно излегле од неа и решиле да застанат.Не за да бегаат од љубов, туку за да се посветат на себе.Да се изградат како посилна и подобра личност, без да влегуваат во нови приказни по инерција. Не се замараат дали некој ќе ги осуди затоа што се сами.Подобро сами и расчистени, отколку во врска што те троши.Самотијата не е пораз — понекогаш е избор.
Самотијата воопшто не е пораз туку избор. Имам доста шанси да не бидам сингл, но после толку лоши обиди посакувам да сум сама, уживам едноставно во слободата. И сега имам шанси да имам некој, ама мене се ме притиска ме боди, ми ослаби вољата. Мразам некој да ме притиска сега морам ова, 10 пати дневно јавување, ајде ајде ајде...
Никој не може да ме убеди да бидам со некој против моја воља а верувале или не директно или индиректно повеќето се со некој ради притисок од другите.
Познавам ваков случај со еден другар. Има веќе 40 години и неговите му вршат толку голем притисок за да најде девојка (а немал одамна, затоа што е затворен тип), што му падна коса и стана анксиозен. Можеби и тој се нервира премногу, но сметам дека родителите не смеат толку силно да влијаат. Секако дека ќе те прашаат и кажат од што си им син, ама ова неговото е дури неподносливо и кога јас сум во нивно присуство.
Самотијата е и пораз и избор. Избор е кога се повлекуваш за мир и размислување, а пораз е кога сакаш блискост, а не ја добиваш и кога се чувствуваш отфрлено, заменето и неразберено. Самотијата некогаш е добра, а некогаш лоша.
Самотијата е скоро секогаш сопствен избор освен ај да кажам депресија и слични психолошки нарушувања тогаш се повлекуваш ради хемиски дисбаланси.
Самотијата не е казна, туку простор. Простор да се слушнеш, да се средиш, да знаеш зашто вредиш.Сè додека те исполнува, а не те празни – имаш сè што ти треба.
Од такви родители не ни може да отиде подалеку од ова што е. Тие претисоци кои му ги вршат не делуваат нормално кај сите.
Родителите му се злато. Многу се фини и многу ме почитуваат. Дечкото ми е другар уште од мал. Заедно израснавме на улица. Фин е, другар во вистинска смисла на зборот. Проблемот е што е повлечен и срамежлив. Притисокот од неговите родители исто така си го зема малку од данокот, бидејќи е склон на нервози. И јас сум го прашувал што прави на тоа поле и ми викал дека работи на случајот, но вака изгледа дека не работи. Не сакам да изигравам стројник, бидејќи се плашам дека ќе згрешам и ќе го носам на душа, а не сакам да го изгубам како другар. Кога бев средно, со соученикот од клас што се дружев му наместив едно девојче од друг клас. Одеа 2-3 месеци и прекинаа. И можеш да замислиш, на крај кривецот испаднав јас. Затоа викам, секој сам треба да си го најде својот пат.