@Компир Манџа не, не во ред е, родителите се фини, супер, ама тој постојан притисок и нивните очекувања што ги имаат притискаат на него. Пушти си слободно да си течат работите, за секое тенџере си има капаче.
Дали може да ми појаснеш што значи ова? Бидејќи јас ги имам пуштено работиве да си течат слободно (whatever that means), ама изгледа капаче за мене нема. Што значи тоа? Од секогаш сум се иритирал на тоа дека за секого има некој. Што за оние цел живот што остануваат сами?
У пракса да има, наизглед, али позади тоа се кријат договори, ако не си тип што сака компромиси поверојатно е сам да останеш.
И да сакаш/сакаме да правиме компромиси, не секогаш излегува според очекуваното. Повеќе би рекла компатибилноста дека е исто мн битна и игра улога, неможе се да се базира на компромиси. Да, ќе правиш компромиси, ама каде е тука природниот тек и до кога ?
Па да, грубо кажано е правење компромиси не дека буквално се прават туку некои личности умеат да размислуваат на тој начин да земат у предвид и други работи а некои личности се поригидни во таа смисла и сакаат по своја замисла да тече ако не подобра опција им е сами да се.
Епа сега, јас давам поддршка дека секој си наога некој, е сега ако ти си негативно гледаш на секоја работа, не е мој проблем тоа.
Ако гледам позитивно а во моите 30 години се докажува обратното, јас би рекол дека сум во заблуда. Песимизам или реализам, што ги дели во случајов?
Мене како да ме следи некое проклетство со мојот љубовен статус, но мислам дека ќе има среќен крај, секој ја наоѓа љубовта, некој порано некој подоцна, само сум по растеретен, искрен и отворен со личноста. Порано пазев да не се повредам себеси, сега сум по отворен во разговорите.
Па според мене подобро така, ништо на сила. Кога тогаш ќе запознаеш/запознаете некој. Некако притисок кога се ствара дека мораш некој да запознаеш мислам дека уште толку не оди. Кога бев помлада 20+ бев интроверт ама не како сега на овие години. Сега да треба допрва некој да запознавам каков интроверт сум станала, и на сила некој пред очи да ми ги донаса нема да се случи. Вие што сте поопуштени, не знам што се има за запознавање и допишување, ама според мене во денешно време гледам многу одат во теретани на вежбање, на трчање. Има многу друштва за планинарење. Секој што е отворен тип мислам дека може и овде да се запознаваат многу нови лица. А кога треба да се случи едноставно може и на улица да се случи. Во поголемите градови повеќе опции има, додуша веќе и во помалите градови гледам има многу акции за младите па и така можат да се шират познанства. Само вие машките немојте преку овде да барате на сила. Преку пораки на секоја втора да и се упикувате. Не велам дека не може од овде да се запознаете ама кога не ви е намерата стриктно тоа. На мое време многу преку Скајп се запознаваме, не знам ни дали уште постои. Сега фб има и инста ама па да со овие апликациите за средување слики, буквално шок да му дојде на човек кога гледаш пред и потоа , многу замаскирани сликите...