Ништо? А не дека баш толку не запознавам, само што искрено не ми дошла желба за озбилно со некој да бидам. Најчесто почнуваат да ме гњават и сфаќам дека ми е сосема добро сама и немам потреба трн во здрава нога да ставам.
Преку работа/колеги или преку другари. Сега на 30+ имам повеќе пријатели откога било кога што е зачудувачки за мене бидејќи отсекогаш сум бил интровертен дечко али изгледа завршив како екстроверт.
Секоја чест. Кај мене затворен круг е, и со тие што излегувам истите сме, нема дополна во составот. Работам remote, а и со тие што се знам не се мое годиште.
Барем најдвите нешто. Ај јас ќе почнам педери да барам, па можда ќе наидам на девојки. Некоја обратна психологија можеби има, ќе се посреќам. Или пак пријатели/ки, сеедно.
Ништо лол. Каков што ми е моментално животот, нема каде да запознам многу. Со пријатели на пријатели не се погодило да се сретниме (сѐ уште барем), а со тие што сум успеала да се сретнам не произлегло ништо. Во маркет, теретана не излегло ништо досега, а работам од дома. За дејтинг апликации да не почнувам да зборувам. Моментално ако на врата ми дојди и ми речи дека ми е сродна душа...или евентуално некој доставувач од Волт да ме бендиса во мојата вистинска форма од по дома. Но тоа е, не форсирам премногу, не знам кога и дали ќе се случи. Ретки се луѓето што сакаат нешто сериозно и не играат игри. А од talking phases што не водат никаде ми е дојдено преку *... глава.
Некако после 30 е се потешко да се најде партнер, бар јас така мислам. Јас не сум сингл ама кога би била мислам дека не би одело баш лесно. Едноставно круговите се стеснуваат. Сите веќе се или во брак или во сериозна врска која води кон тоа. Кога сме на пример во раните дваесети е друго, повеќето се слободни. Дури и за дружба не е тоа тоа. Скоро сите кога ќе се омажат/оженат се оттргнуваат веќе од дружбите а особено од сингл другарите за жал. Гледам пишувале работа, колеги...Прво работата не е најсоодветно место за барање партнер а второ факт е дека повеќето колеги ќе бидат женети и единствено ќе имаат за цел нешто да бркнат на страна.
Мене цел живот ми е тешко а камо ли сега... За работа има една поготоврка, каде што го вадиш лебот, не го вади к****. Освем тоа, сите колешки мажени, а и да не беа, не би си играл со оган. Па ни теретана не е соодветно место за наоѓање, некој е појден да излезе лошото после напорен ден, а не некој шутрак да и се додворува. Дискотеки, барови, не пијам, немам храброст да се нафрлувам да се додворувам така да осуден на пропаст. Тури му пепел.
Озбилно пробај со дејтинг апп, ама среди си го профилот асално. Јас имав многу кратко Бамбл и 99,99% од тие што ме лајкнуваа или имаа тапа профили, или им беа за сексање, или после 2 реда муабет ме прашуваа "и ти шо си праиш?" и ич не знаеа муабет да направат. Едноставно беа досадни. Пробај, ама потруди се, нема што да изгубиш.
Во Охрид не работат дејтинг апликации, од што е мал градов во период кога не е лето, само предмет на исмејување можеш да си.
E зошто така ? Па низ цел свет се користст не сфаќам што е лошо во тоа? Колешка од факултет се запозна со еден дечко преку тиндер и сега и е веќе и маж и имаат дете. Не гледам ништо лошо во тоа.
Ти не си од помал град.Мене чудно ми е што луѓето воопшто се замараат ако некој ги оговара и исмејава.
Се шокирате ли кога на дејтинг апликации разговорот ќе стигне до музика, филм, интереси, политика или нешто што не е секс? Како реагирате кога ќе налетате на некој кој не е ,,zdr, kako si, za sto si" зомби? Дали у тој момент се сомневате у сопствениот разум, дека не халуцинирате, се штипете за образ, истурате чаша вода у фаца, како го поднесувате ова? Благодарам однапред.
Од Скопје сум.Но, за помаливе градови знам дека се замараат тоа што ќе кажел комшијата.Си имаат комплекси.Не само од другиве градови, истото е и во Скопје од помаливе села на периферијата.Многу оговарање, кога немаат работа во своја бавча, па ај во друга ќе чепнат. Не дека не користат, има исклучоци.
сФатиле, не сватиле те молам Gosh, како популарен и влијателен член на форумов, немој вакви основни грешки
Јас ќе се шокирам ако всушност се покрени иницијатива за надвор од дејтинг аппс што не е само за очигледното туку со желба навистина да го запознаеш некого, не е многу тешко да дојде разговорот до музика и филмови но за понатаму штурци. Само во talking phases со гоустинг заглавувам.
Јас подолг период престанав да враќам и на ,,zdr". Дури и таа скратеница почна да ме нервира, како некој задолжителен претходник на она што следи у 90% од случаите. Никаква спонтаност. Сè е механички, неколку скратеници, две-три basic прашања, а многу често и слика од црвот. Никој нема потенцијал за ,,надвор од дејтинг аппс" со такви прашања и начин на комуникација. Јас уствари заглавувам у првата минута, што е уште поочајно.