Ја прочитав цела тема tl;dr Љубов е за тинејџери. Или како што вика Саманта од Сексот и градот: "Listen to me! The right guy is an illusion. Start living your lives." Ок сега ако имаш време навали народе. Јас сум сингл од збир на причини. Да не набројувам многу, таа причина што ми е најинтересна е тоа што јас за разлика од многумина околу мене не сум можел/не сум сакал да се ставам во врска со било кого односно со личност што не ми се допаѓа. Наспроти тоа гледам многумина што ќе фатат девојка па ќе најдат уште една за изневерување или потенцијално за да ја заменат првата, па башка со уште една ќе флертуваат. Претпоставувам како Пријателот. Ова овде закопано во ѕид текст гарант нема да го прочита ама се кладам дека е или фатен или женет и тука си бара некоја за забава и задоволство. Очигледно морам да се прилагодам. Подобро е таков да бидам и јас, да се фаќам ради реда, колку да не сум сам и истовремено да ги разгледувам и другите можности, наместо да ја барам „вистинската“ што можеби никогаш нема ни да ја најдам. Исто и јас сум мислел така ама повеќе не искрено. Сега мислам боље ишта него ништа. Правам паралела со вработување. Дали е подобро да седам невработен и да ја чекам мојата работа од соништата или да ја најдам најдобрата работа што можам и постојано да гледам да најдам подобра? Една работа што дојде со годините кај мене е што не гледам на работите романтично туку едноставно практично. Да, секако, како и сите други, и јас би сакал да најдам личност со која би имал возвратена љубов и на која би и се посветил, но на крајот на краиштата, и без тоа се може. Има и други работи што ги сакам во животот. Сакам да имам семејство. Што треба да правам, да ја пропуштам шансата да имам семејство за да цел живот барам љубов? Да останам неженет, сам и осамен, отфрлен и обележан од општеството, без деца, само за шансата да некогаш најдам љубов? Не вреди ако се прашувам јас. И не се работи за страв туку за внимателно и трезвено ставање на кантар на тоа што се добива и тоа што се губи. Нажалост, мојот заклучок е дека љубов е за тинејџери и young adults. После тоа мислам дека човек треба да практично да гледа на работите. И сигурен сум дека тоа е заклучокот што многумина и пред мене го имаат направено. Сигурен сум дека брак од други причини а не љубов е мотивацијата за брак кај околу 50% од сегашниве бракови. А да не правам муабет како во минатото (пред 50-60 год.) брак од љубов било мислена именка и се дешавало само во најретки случаи (кога девојката одела бегалка). Патем, ако толку многу се сакаат денешниве парови во брак, зошто толку многу се разведуваат и се изневеруваат или остануваат во брак со личност која не ја сакаат заради децата. Башка што и секоја врска во која си дава нешто, некаков позитивен инпут ако може да така да го наречам. Ќе научиш повеќе, ќе искусиш повеќе, сигурно нема да ти биде досадно, а и ми се чини дека женските повеќе ги сакаат машките што се во врска. А башка што ќе имаш повеќе секс со што ќе бидеш посреќен, а со тоа и попривлечен. Боље тоа него да немаш секс со месеци и/или години и тоа да го забележуваат следните потенцијални партнери. А како тоа би се одразило на твојата самодоверба и body image итн. Тоа е тоа нажалост. И не само пред мажење/женење, туку и од мажети/женети имам слушнато нешто во тој стил. Муабетот е дека љубовта е ко поговорката свако чудо за три дана и после сфаќаш дека не живееш во бајка и дека треба да градиш дом и семејство со оваа личност. Звучи супер само што тоа ти го нудиш е depreciating goods. Константно му опаѓа вредноста на пазарот. Еве како гледам јас на тоа. Не сум сигурен ама мислам дека го имам еднаш пишувано ова на форумов... Твојата вредност на пазарот се одредува врз основа на тоа што машките би го купиле. Ти продаваш сливи, тие продаваат краставици. Секој што дошол на пазар сака да продаде зашто ако не продаде производот се расипува. И сега, твојот карактер, твоето образование, изглед, тело, лик итн се ствари што ја одредуваат твојата вредност. Но машките многу повеќе вреднуваат изглед отколку што вреднуваат на пример, дали си образована или паметна или амбициозна. Зборам за повеќето (барем по моја перцепција). Оттука колку повеќе старееш толку повеќе го губиш сето тоа по што најмногу те вреднуваат. Не можеш да се натпреваруваш со оние 22 годишни што таман излегле од факс и едноставно бараат маж зашто се традиционално воспитани и не сакаат да се соочуваат со притисоците од околината во врска со немажењето, кариера не ги интересира, сакаат деца итн. А од друга страна не само што старееш туку колку повеќе страееш поголем е ризикот да имаш проблеми при зачнување, поголем е ризикот за потенцијалниот фетус кога мајката е постара и на крај краева, се приближуваш до крајната возраст до која можеш да имаш деца. И после таа возраст одма отпаѓаат сите потенцијални партнери кои би сакале биолошки деца. И сега секако дека не предлагам да се залетуваме во првиот, туку едноставно да се има предвид дека не оди таа идеја дека вечно се бара љубов туку дека важноста на љубовта за изборот на брачниот партнер, за мене лично, опаѓа како одат годините. Btw, ништо лично, не зборам за тебе, туку општо. Каква штета на пример?
^ Не сите сакаат да се помират со фактот дека треба да се физички и репродуктивно пожелни за да бидат среќни невести/партнери. Она со пазарење, понуда и побарувачка како на сточен пазар не секому му е идеал. Возможно е да се најде личност со која ќе се развие помалку површен однос. Прашањето е дали ние како индивидуи би можеле да го понудиме истото, и.е. да не сме површни самите. Не мора да се оди дај-што-даш, доколку навистина знаеш што сакаш, големи се шансите и да го најдеш, макар за некого тоа претставувало совршенство, не зборам на памет.
Па ако си со некој само за да не те зборат комшиите, ќе дојде време ќе стапиш во брак со тој човек кој не ти одговара. А со сила убавина не бива и ќе направиш поголема штета. Кога тогаш немањето љубов ќе излезе на површина и ќе се јават проблеми.
@Anon па да не се вреџуваме сеа, не сме сите баби 30 годишни со брчки по лице и седа коса па никој да не не сака. Некои од нас грациозно стареат ко виното, колку постари толку подобри стануваме. Бракот не е само лична мома да шетам под рака или убав дечко поред себе. Да не мешаме идеали и совршенство никој од нас не е таков ама за брак потребна е идеја пред се како се гледаш себе си со некоја личност. И не мислам на слика физички дали сме лични или не ами карактерно дали сме на иста бранова должина. А не заборавајте како стареат жените и вие мажите стареете. Вечно млад никој нема да остане.Мене може градите ке ми клапнат за некоја година ама и вас стомакот ке ви висне па ето живи да сме. Бракот за мене е институција мегу маж и жена, и тоа пред се маж без кој знам дека денот не можам да си го замислам а не маж само колку дете да ми направи за да исполнам мојата репродуктивна цел и мајка да станам. Живеачката ја градат многу работи и зависи од многу фактори кои нас би не исполниле и би не усреќиле. Со некого се поврзуваш физички со некого интелектуално а со некого и физички и интелектуално. Џабе Лепи Цане ако не знае една реченица да врзе или ако не знае како да ме утеши во 3 попладне кога ке си дојдам нервозна од работа. Затоа и понапред реков дека како старееш ти се менуваат приоритетите кај партнерот кој го бараш. Ако порано ми било битно само на око да ми е убав и да се шетаме под рака во парк сега и некои други работи ми се битни. Пак ке кажам бракот е за секогаш а не од денес за утре даден. А комшиите? Комшиите слободно нека си гледаат во нивниот двор и нивниот брак, мојот брак и врска се лично интимни само за мене и партнерот мој.
Читам некои девојки со 30 па као прават ретроспектива еееекога имав 20 беше вака или онака, мми се излегуваше, бла, бла, бла...Јас не мислам туку знам дека тоа е субјективно чувство и дека апсолутно нема врска со годините. Тоа што некогаш ти било нешто интересно а сега не е поради тоа што ти е тоа веќе изживеано а не поради годините. Зошто одредени членки кои порано беа хипер активни тука, сега многу слабо постираат? Затоа што ова веќе им е изживеано а не затоа што ги стигнале годините. Зошто велиме дека некој е неизживеан кога прави нешто не соодветно за неговите години. Пр. девојка која е држена строго од родителите нормално е дека на 25 ке прави работи што требало да г прави на 15-16 тоа не значи дека е ретард туку дека е неизживеана. Добро има работи како на пр. сексот кои со ист жар сум го правела на 16 и сега на 24 тоа е нешто кое никогаш нема да ми здосади(мала шала) Искрено границата после која можеме да се чувствуваме постари и да почувствуваме некои поголеми промени е 40 год а метаболизмот и воопшто размислувањата помегу 20-30 се сосема слични без поголеми флуктоации. Единствено што може да не загрижува после 30та е тоа што не ни останува уште многу време за рагање,инаку се останато е исто.
Дали ќе се помират или не, е нивен избор но реалноста е дека сме бирани и дека бираме баш по тие физички и репродуктивни фактори. Ни мене не ми е идеал. Јас само ја препознавам реалноста дека луѓето се претежно водени од интерес. Да знаеш што сакаш е одлична работа и се надевам дека тие што го прочитаа мојот пост ако извлечат нешто од него како вредност дека тоа ќе биде дека се си има своја цена, дури и потрагата по совршениот, по вистинскиот. Човек ризикува многу. Ако знаеш дека покрај љубов сакаш и семејство, правиш ваква анализа: колку луѓе околу мене би можеле да ми бидат маж каков што сакам и испаѓа дека ги има повеќе такви отколку што има такви со кои би можела да бидеш во љубовна врска. Оттука испаѓа дека има две цели на кои би можела да се посветиш. 1. Да најдеш добар маж. 2. Да ја најдеш љубовта на твојот живот. Целите не се взаемно исклучиви, баш се надополнуваат, зашто љубовата на твојот живот веројатно би била добар маж и добриот маж можеш и да го засакаш и да ти стане љубовта на твојот живот (ова не би било прв случај во историјата), но ако потрошиш премногу време на 2. ќе останеш без 1. Работата е врапче в џеп или гулаб на гранка. Тоа што јас го пропагирам како заклучок е боље во секое време имај по едно врапче в џеп, а бркај гулаб на гранка додека можеш но во никој случај не останувај ни без врапче ни без гулаб. Кога ќе дојде време боље пресечи и земи врапче, ако гулабот го нема нигде. Јас лично дојдов до таа точка каде што веќе не си дозволувам на себеси да бидам ставен во ситуација каде секоја година и секој празник роднините ќе ми честитаат со „догодина со невеста“. Фаќањето девојка, како што пишував погоре, сега го гледам како претежно позитивна и корисна работа. А дали ќе стапам во брак со неа ќе видиме. Но едно јас знам за сигурно. Јас ЌЕ стапам во брак. За тоа сум сигурен. Јас сум човек што сака да ги зема работите во свои раце и не дозволувам судбината да ме вее како лист на ветар. Ќе се оженам па макар и да не совршена и макар да испадне да не успее бракот. Зошто едноставно животот е за живеење. Да седиш неженет чекајќи подобра прилика додека животот те одминува е глупаво за мене. Тоа ти е како да седиш со пикадото пред таблата, сите ти викаат ајде гаѓај, ти викаш не можам, што ако не погодам во центар од прва. Па побогу не е катастрофа да згрешиш, катастофа е да не гаѓаш, да не живееш со други зборови, зошто да живееш подразбира да ризикуваш и понекогаш да згрешиш. Ако не успееш од прва ќе пробаш пак. А башка, имаш приметено колку подобро се прифатени во општеството тие што се разведени отколку тие што никогаш не се жениле/мажеле? Колку си покул кога ќе кажеш дека си среќно разведен отколу никогаш неженет? Чисто за перцепциите на народот наш. Можеби тоа потекнува од фактот што сите знаат дека е тешко да се најде компатибилен партнер, но барем некои пробуваат додека некои немаат храброст ни да пробаат. Ок значи за тебе е битно да имаш љубов и ништо друго не е битно. Ок е тоа. Јас не ти викам не го барај тоа. Но биди свесна дека постои ризик да извисиш и да останеш сама. После може да викаш зашто не зедов еден каков таков барем дете ќе родев, да не сум сама сега на старост. Луѓето се менуваат и приоритетите се менеуваат, затоа размислувај и за иднината не само за тоа што ти треба сега. Што ќе ти треба утре?
Безвезе е бракот да се поистоветува со семеjство/деца. Секoja будала може да направи дете, ама не можеш со секого тоа дете да го растеш и правилно воспиташ. И децата кога тогаш тргнуваат по своj пат, а со партнерот треба да коегзистирате до краj на живот. Затоа не се стапува во брак туку така, колку да не си сам. Факт е дека не постои совршенство. Но постоjат слични погледи на светот, морални вредности, ставови и очекувања. Тоа е наjпотребно, компромисот, да се наjде заеднички jaзик. Физичката убавина е минлива. И наjзгодната жена ке ja навасаат годините, ке роди деца, ке качи десетина кила, стрии, брчки итн. Исто и мажите, плус ке окелават. Затоа е побитен карактерот. Да имаш со кого да разговараш и да се разбереш. Заеднички да се грижите за домот и семеjството и да донесувате одлуки за иднината. И не треба да те плаши самотиjата. Многу полошо е да си со некоj, а да се чувстуваш осамено.
@Anon каде реков дека само љубов барам? Љубовта ми е мегу приоритетите ама исклучително само тоа не е . Премногу црно и бело ги претставуваш работите. Оно ако е добар маж нема љубов , ако има љубов не е добар како маж? Што за тебе е добар партнер/ка? Да е лична , млада и полово репродуктивна? Во врските не е само или-или има и измегу нешто. Зошто велиш дека тие што целта им е да се омажат и дете да родат се традиционално воспитувани а останатите као нешто многу модерни? Повекето имаат таква цел ама таа цел не сакаат со првиот кој ке улета да ја исполнат. Што ке ми дете од некој кој не ме цени и почитува , кој не е тука покрај мене кога ми треба, кога повеке сака во кафана да седи и да се пијани наместо со мене да седи? Сама да гледам и да раснам дете или јас да бидам и мајка и татко? На крајот на краиштата ако е само за дете работата не ми треба маж. Кога веке си толку мудар ете сподели со нас простите и неуки како ти ја најде твојата партнерка, што беше пресудно за да се ожениш со нејзе , кои квалитети те освоија. Нас мајка природа толку ни дала да го чекаме задниот воз и да молиме Бога дека некој ке ни даде трошка внимание а ако ни се посреки и да не оплоди со дете.
За жал мудроста во принцип доага кога е прекасно. Се си во право но знаеш ки колку девојки се мажат на финта бременост? Каде им е тогаш мудроста па да кажат, чекај па јас како ќе живеам со овој човек ако уште на почетокот го земам со сила? Што се однесува до правилно воспитување на децата такво нешто не постои, јас може да го воспитувам на еден начин моето, ти на сосема друг твоето и двете да сметаме дека баш нашето е правилниот начин. Не секогаш децата израснати во хармонични семејства исполнети со љубов биваат добри луѓе и обратно. Физичкиот изглед е минлиа категрија но е и те како важен, тргни прво од себе, бираш прво со окото па птоа гледаш душа. Во принцип точно е тоа дека секој будала може да направи дете, но кога ќе го кажеш тоа нели се сметаш и себе за будала, затоа што ако е тој будала, тогаш и ти си будала што си правела дете и воопшто што си била со будала. Многу лесно се обидуваме да ги навредиме бившите не сметајќи дека на тој начин се деградираме и себе.
Пишува јасно дека целите не се взаемно исклучиви туку дека се надополнуваат. Па ни јас не ти викам да го направиш тоа. Да бидеш во брак со таков човек не е идеално, тоа е јасно. Но не одиш до крај со анализата. Тоа не е најлошото сценарио. Најлошото сценарио е да се парализираш од изборот пред себе и да не направиш избор воопшто и да станеш foreveralone. Изборот не е помеѓу добра и лоша опција туку помеѓу лоша и полоша. Пишува дека и јас сум скоро 28 и сингл, погоре. Види, не знам дали не читаш или намерно погрешно разбираш зошто се наоѓаш лично засегната. Не ти давам совет тебе, не ти се мешам во животот, не ти кажувам што да правиш. Не ми е ни гајле. Збориме на тема брак и јас презентирам една теза што можеш да кажеш дека е неточна или точна, да извлечеш поука ако ти се допаѓа, да ја критикуваш ако не ти се допаѓа. Тоа е моето гледиште и го пишувам за да чујам мислење за него од тие што не се согласуваат. Ако некој види корист од него, одлично, ако не, ок. Но ти не ми ни збориш на темата. Наспроти тоа ти земаш ги вадиш од контекст работите што сум ги кажал, правиш strawman па го напаѓаш, па ме ставаш мене on the spot во смисла како се осудувам јас да се правам паметен кога не сум ништо подобар. Ако знаеш да дебатираш на темата, слободно, ако не, не ми го губи времето.
@Strumka 22, се сложувам потполно, а девоjките што ловат мажи на финта бременост не ги разбирам, не знам коja им е мисловната матрица. Вероjaтно дел се плашат да не останат сами, а дел трчаат по нечии пари и им е гаjле за карактерот. Точно, тоа што за едни е правилно, за други е погрешно воспитување, но сепак се знае што е добро домашно воспитување, за кого би рекле дека е воспитан. За убавината, од себе и тргнав. Како што рече и supergirl24, не ми треба лепи цане ако му е празна главата. Последниот дел, дека секоja будала може да направи дете, не си го сфатила.
@Anon, а зошто за тебе foreveralone е наjлошо нешто? Подобро со било коj, по било коja цена, отколку сам?
За мене е подобро да бидам пет пати разведен, шест пати оженет, отколку ниеднаш неоженет. Подобро е да ризикуваш и да пробаш брак отколку да чекаш премногу и да не се ожениш/омажиш.
Така, те разбирам, твоj став, но не мора брак веднаш, може и партнерство, заеднички живот. Тоа ми беше муабетот.
@Anon не се возбудувај непотребно на крајот на краиштата некој не сака 6 пати свадба да праи и иди ми дојди ми у матично да се потпишува. Не го прави тоа кукавица ами промислен . Ја за разлика од тебе вечно немажена би седела отколу 6 пати да се мажам . Мене таквите ми се лабилни личности, ај еден да не ти се погоди па ваљда за вториот ке ти дојде памет, освен ако не си мераклија на свадби и опа цупа. Темава е мегу другото да го споделиме искуството кое го имаме и ставовите а и тоа како се носиме баш со таквите како тебе кои солат памет а за себе не гледаат. Ете ако е така идеално како ти што претстави баш ме интересира зошто на 28 години си кај неженет па и сингл. До толку не најде некоја лична мома од 20 години да ја ожениш пошто нели тебе тоа ти е критериумот? Кој овдека рече дека сме исплашени и парализирани од тоа дека можеби погрешен човек ке избереме? Јас лично не сум исплашена , напротив си ги држам опциите отворени. Да бев исплашена дека ке останам сама немажена ваљда до сеа ке работев многу поактивно на случајот да ме ожени некој. Уште еднаш ке кажам, за мене бракот не е играчка па да се предомислувам 5 пати напротив серииозно партнерство кое сакам да трае до крајот на животот. И те молам очајот и фрустрациите не ги истурај тука, не се секирај за секое лонче има капаче па така и за тебе мома ке се најде.
Но за да видите ти и Supergiriral, што тој тип има во главата прво треба да ве привлече со изгледот, немој да ми кажете дека би оделе со некој грозен па макар тој бил Ајнштајн. Можеме да се правуиме луди и да глумиме лудило овде ама девојка згодна и убава како Supergiral дека ќе оди со грозен тип само затоа што е паметен никој не може да ме убеди.
Струмке ма Да ти го покажам мојот бивш дечко одма ке се разубедиш слушај ме што ти зборам. Али ако ти значи нешто во моите очи немаше поубав човек од него кога ке се насмееше. Никој не рече тука дека убавината не игра улога во тоа да не привлече физички некој , сепак се започнува од окото нели. Ама исто така може и да заврши таму. Знаеш колку стварно значи стварно убави момци има ама ете џабе. Седиш покрај него ама не ти е тоа-тоа, не се осекаш природно, немате комуникација , нема шала и зезање. Едноставно се осекаш ко метла здрвен а пустиот личен е чиниш само да го гледаш пред тебе среќна ќе си. Ама колку ? Ден, два, месец? И кога ке му се јавиш да му кажеш колку си тажен или среќен он само ти климне со глава што ке му правиш? Затоа велам се развиваат врските, се развиваат личностите. И во врска се созрева и сам кога си созреваш. Градиш, градиш постојано градиш. Некој го буди најдоброто во тебе и те прави подобра личност некој напротив ти ја цица енергијата. Сите сами бираме со каков сакаме да бидеме, дали ке градиме или ке рушиме.
Секако дека може. Се што ти помага да направиш правилен избор е добро. Немам намера да навлагам во лична конфронтација со тебе, зашто како што кажав тоа би било губење време. Прочитај го прошлиот пост што ти го пишав зашто очигледно немало ефект. Не се работи за лабилност туку за истрајност и упорност. Човек мора да се бори за среќата, некогаш тоа значи развод. Не предлагам непромислено влегување или излегување од брак, туку спротивното. Ни за мене не е бракот играчка, ама не е ни светиња. Предупредувам за опасностите од предолгото чекање и занесување. Предлагам правење компромис во однос на чувствата ако времето не гази. Давам теза, а не совет. Не паметувам, дебатирам. И имам доволно култура да не провоцирам лично. И ако после сево ова не ти стана сосема јасно еве уште еднаш: ич не ми е гајле што ќе правиш со својот живот.