На 1 месец, или некој ден порано. Ама заради временските услови. Ладно беше и падна снег, иначе да беше потопло и претходно би го изнела. Ама пред првите 2 недели немаше шанса, јас не бев опоравена. Ако се осеќаш дека можеш, изнеси дете слободно кога сакаш. Само глеј да не е во многу жешко. Воздухот ептен им прија на бебињата. Остај бабини деветини Моево скоро 4 месеци уште се комира штом излеземе со количката надвор. 2 мин не му требаат да заспие
Два дена откако излеговме од болница веќе шетавме дете низ маало. Јас се осеќав добро, а и време беше одлично за шетање.
Како што сум со две мали дечиња уште дома да седев само од одма штом дојдовме дома бебе во количка цел ден надвор беше и сеуште е .
Како да објаснам на свркрвата дека нема потреба да седам 40 дена дома затворена бидејќи таков бил адетот
Едноставно не ја слушај, земи бебе и излези. На овие жештини греота е цел ден да седи дома бебето. Па нели треба и на педијатар да се однеси, на мерење тежина или и тоа не може.
Боже свашта. Па ако живееш заедно не си у затвор. Можни одговори: * На куково маде * Леле што убава серка ми дојде, топ * Идам да си ја измијам да не сакаш да ми помогнеш Дупчи малку. Можеш ливчиња да направиш, "Јас *име на свекрва* и дозволувам на Novaaa да оди во ВЦ толку и толку минути. Потпис, датум" "Расположена" сум денеска нели. Хахаха.
@Novaaa јас не би се објаснувала многу-многу. Јас не би враќала во нејзин стил, би ѝ кажала само: "моја работа.." А за бебето иста шема...Мое бебе, мои одлуки, и крај! Со првата ќерка излегов кога имаше две недели, со втората кога имаше 10 дена, и двете се родени во лето. Од една млада мајка во парк дури добив коментар: "Ооо па вие не сте чекале 40 дена." Со такви свекрви и баби може ќе излезете кога бебето ќе направи година дена.
Прозори убаво да се затворат, херметички по можност, спуштени завеси, врата убаво затворена каде што е бебето, да не се отвора често, може да влезе ладен воздух, па да настине бебето, од кај знаеш.... Мајката исто, надвор да не излегува, од уроци и такви работи, сонце никако да се види со око.... Работите што треба и мора да се завршат, ќе стојат, по 40 дена.... Во ова време, на овој век, уште со ова ли? Па иако е бебе, сега бар времево е топло, има свеж воздух, зошто да биде затворено во една просторија каде дишат сите околу него,честички остануваат од нечисто.... 40 дена да, ама да се адаптираат мајката и бебето, околината околу нив, само они сами, без други луѓе околу нив, да се навикнат едни на други и да уживаат. За тоа се 40те дена.
Леле јас оваа мака ја имам со маж ми Човекот пати од промаја Цело време ми затвара врати или прозорци, бебето било на промаја, а тоа надвор воздухот топол како од фен, завеса не мрда Како он затвара јас одам по него и отварам
И јас со сите војна водам. Де дува, под прозор била, и дувало, де се намокрила да ја сушиме со фен.. де чорапи да и облечам. А надвор фен дува.
Не заборавајте ако во случај доите да не давате после зајдисонце нешто со ваша рака на друга личност бидејќи ќе ви секне млекото и до 40 дена никако да не се поздравувате кога си идат гостите дека и млекото ќе ви го однесат ()
Хаха ме потсети на една случка. Од кога си дојдов од болница ме нападнаа со такви муабети. Немој вака, немој така. Никој не слушав и бебе шетав и излегував и се што е "забрането" правев. Инаку јас млеко воопшто немав. По некоја капка само. Некаде кога малата беше месец дена дојде една вујна на мм и на бегање ми вели немој да си ми рекла чао, ќе ти секне млекото. Кое млеко и викам жено знаеш дека не дојам, а и ад да секне ќе купиме не се секирај.
Не ама уште од сега ме тормози со такви муабети до 40 дена излагање да немало никој да не доагал да го види бебето
Не се секирај, си зборуваат старите. Ти ќе кажеш дека поп дозволил, пошто според нив доктори не знаат ништо, спомни поп и ќе се повлечат. Кажи попот ти рекол може да излегуваш пред 40 дена, ама сама со бебето и маж ти. И решен проблем
А да му кажеш на сопругот да си зборне со мајка и да и каже да не го пика носот каде што не му е местото. А исто и ти можеш да и кажеш дека твое дете твои правила.