Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

40 денови по породувањето

Дискусија во 'Бебе' започната од lenkich, 20 ноември 2013.

  1. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.217
    Допаѓања:
    25.781
    Пол:
    Женски
    Јас со првата ќерка слушав свекрва и затоа завршив со пост породилна депресија, по психолози и со антидепресиви се замарав повеќе од 3 месеци. Цело време попуваше, прво за доењето од ко рече мора да го доиш по секоја цена и точка, 300 маки се изнатргав со тоа меретно доење и не фати дете да цица и од нервоза ми прекина млеко, после за 40 те дена пак по нејзин ум точно на 40 дена бевме на молитва и во три куќи по нејзин избор среде јануари го влечкавме детето :@
    Незнам шо ми се случуваше се нервирав а не знаев да и кажам не, ко ќе ми текне ми иде сама да си удрам клоца :@

    Сега со второво еве денес прави 11 недели уште молитва немаме направено, сега пак мајка ми ме побудалуваше, молитва да земиш немој така да го оставаш детето, немој да го шеташ до 6 недели, немој ова немој она, ми скисна и ја подбрав убаво и ми се налути :) за молитвата ја излагал реков дека ја направивме :|
     
    На Abc07 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. *Ench@nted*

    *Ench@nted* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 јануари 2018
    Пораки:
    1.939
    Допаѓања:
    25.379
    Пол:
    Женски
    А како тоа го кажуваш името на бебето кое не е крстено?
    Од религиски аспект прашувам.
     
    На TheSecret и kukla21 им се допаѓа ова.
  3. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Мене не ме праша како се вика бебе :) на крај кажа се гледаме за крштевка :)
     
    На TheSecret и *Ench@nted* им се допаѓа ова.
  4. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.423
    Допаѓања:
    34.140
    Пол:
    Женски
    Молитвата на 40 денови од раѓањето на детето, е посветена на мајката.
    Никаде не се споменува името од бебето.
     
    На karak, TheSecret, Bulka12 и 5 други им се допаѓа ова.
  5. @nchy

    @nchy Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2017
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    127
    Пол:
    Женски
    Мaми дaли требa претхoднo дa се нaјaвиш вo црквa зa гoлемa мoлитвa или сaмo си oдиш денoт кoгa требa?зa вo Скoпјепрaшувaм, фaлa :)
     
  6. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Само одиш.
     
  7. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.964
    Допаѓања:
    219.412
    Пол:
    Женски
    Јас ова тука на форум слушам за во 3 куќи дали дека не сум мк не знам ама овие адетиве ми се некако морбидни и ненормални искрено.
    Иста бев и јас.
    Ако не полошо.
    Само што јас немав никого буквално.
    Отидов на 3 4 ден не се сеќавам во болница и почнав да липам како ненормална и да се тресам докторката ми рече дека е нормално и дека пост породилната депресија е таа кај некого помалку изразена кај некого повеќе.
    Искрено маж ми беше серозно загрижен.
    Јас имав неколку дена кога буквално не правев нормални работи од психа како почна со детево се ново и невидено за мене плус сал сама без никого плус бев во болница на апарати и одеднаш скроз се скршив почнав да липам буквално и пред тоа и после тоа седев и плачев ..
    Хормони се.
    После некоја недела ми помина се и се смеев на истово.

    Добро луѓе ви изгледаат нормални овие нешта што ги кажувате тука?
    На мене не.
    За мене ова не е нормално.
    Нешто добив преку телефон некои глупости ама не ги замарив ич ова тука што слушам никогаш нит би го направила нит сум го слупнала за ова надвор од мк да кажете на народ ќе не напраи ненормални.
     
    На mal.ecka, ane.bella, TeddyGrey и 2 други им се допаѓа ова.
  8. didisi

    didisi Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    1.969
    Допаѓања:
    3.683
    Па само ние сме заостанати замрзнати во 15ти век
     
    На TeddyGrey, vitamina и only44you им се допаѓа ова.
  9. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.408
    Пол:
    Женски
    Јас бев најголем противник на чекање 40 дена... Мислам на седење дома.
    И уште сум против строго држење до овие 40 дена.
    Јас ја шетам во двор. Ако заспие и ја оставам надвор.
    После 6 - 7 не ја вадам зашто мене ме касаат многу комарци, па не би да ризикувам да ја касне и нејзе.
    Е сега, сакам а и мерак ми е да ја прошетам до паркче. Имам парк во близина што ми е на 5мин од врата. Само една улица да преминам.
    Ама многу ми е страв.
    Ќе ме прашате од што?!
    Не знам.
    Ми е страв да не се распишти јако, да не се случи нешто да ми затреба од дома а да немам.
    Неосновани стравови имам.
    Не знам како да се организирам, а сум човек перфекционист и оваа дезориентација со сама себе многу тешко ми паѓа.
    А и како да не си го знам уште детето, не знам што се би можело да ме снајде.
    А и не би била сама на пример, би дошол некој со мене секако.
    Знам дека којзнае како ви звучам ама ја мислам дека никад не 40 ни за 400дена нема да се охрабрам да искочам на прошетка.
    Се чудам дури кога гледам и тука читам како си шетате со бебињата.
    И ја така се замислував, а сега ми е страв подалеку од двор да отидам со бебе.
     
    На Coco31, Leo_29, vitamina и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Abc07

    Abc07 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2018
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    1.407
    Пол:
    Женски
    Ke si se organiziras malku podobro ke si go spakuvas torbenceto na bebus kolickata pred tebe i cao. Hrana i cuce obavezno i nekoja igracka so vas za presoblekuvanje isto. Koga ke vidis kako beba se raduva da seta i da gleda naokolu nema strav da imas . Koga go slusam moevo kako guga koga setame pa kako da ne go setam. Ke se opustis i ke vidis kolku ke vi godi.
     
    На karak и TeddyGrey им се допаѓа ова.
  11. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.348
    Пол:
    Женски
    Malku, po malku. Prvo posle cicanje , koga zanes deka e najadeno i podmireno, na pokratki prosetki. Ke si nositele rezerva pelenka, vlažni. Pa i da se razvristi cudo golemo. Nalevo krug i doma, neli blisku e. I da ne se ustrucavas ako galami ili se rasplace. Na site ni se slucilo, nisto strasno.
     
    На mimiiiii, Abc07, TeddyGrey и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. kiki_riki

    kiki_riki Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    2.010
    Допаѓања:
    16.899
    Пол:
    Женски
    Немој да се плашиш. На крај краева и да плаче не си едиствена. Ќе ја земеш в раце, носи си тропалки, музички играчки па ако и со тоа не се смирува ќе си одиш дома. Јас имам 10 мин одено додека да се вратам дома со неа в раце таа да пишти, ама бебе е нормално дека ќе плаче. Како што нас не ни се сите денови исти така и нив. Немој да си скратуваш прошетки, ќе ти годи и тебе и на бебе.

    Ете мојата иако е година и два месеци, некогаш кога шетаме си седи мирна в количка ќе седнам дури и кафе ќе испијам , некогаш буквално се удира од количка вришти пишти, станува, вика, солзи крокодилски. Ќе ја земам ќе ја извадам од количка ќе се смири. Никогаш не сум помислила да не ја прошетам заради тоа.

    Едит: Инаку за се има решение сега, јас и пелени имам заборавано па трчај во аптека да и купам, и млекото ад ми се имс истурено во ренчето, па трчај до аптека купувај млеко и вода и прави наново. Само смирено и без паника. :)
     
    На mimiiiii, Abc07, TeddyGrey и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.964
    Допаѓања:
    219.412
    Пол:
    Женски
    Забележувам дека кога ти ги читам постовите исто како себе си да се читам пред година ипол ама исто и не само на овој пост туку и на другиве пабреплицирам за да посочам дека секоја втора мајка е иста и со исти стравови.
    И јас бев ваква, си велев себе си кај бе јас да шетам со бебе што ако почне да плаче што ако, што ако ..куп прашалници и стравови огромни секако и така не излегувавме некој период се дур не дојде сонцево кога дојде а мене ми се едноставно смачи дома па дома и ко почнав да се гушам лека полека почнавме да излегуваме од пред двор па во околина па парк па шопинг и почнав да се навикнувам сама со себе.
    Уствари тоа е навика кога се породиш еден месец си у делеириум уствари ти треба време дури научиш некои работи дури се навикнеш на бебе и тоа на тебе дури се научиш дека имаш декој друг до тебе уствари
    Тешко е многу знам како ти е психички е така
    Си викаш до вчера бев сама земи и појди а сега?
    Сега нема спиење нема лежење нема ништо
    АМА верувај дека лека полека ќе се навикнеш на се и на детето ќе научиш да фунционираш како и сите мајки еднаш веќе кога почнеш да капираш и учиш бебе што сака и како сака нема више вака да ти биде
    Верувај ми дека ќе помине
    Бев ист случај како тебе
    Затоа ти пишувам дека после 4 5 месеци ќе се смееш на психата
    Тоа е таа навика
    Треба време за да навинете еден со друг иза да ти се разјаснат потребите на бебе и како со бебе

    Инаку земаш ранец со млеко пелена марамици друга пелена некое алиште количка чаршавче кебе и одиш а бебе ужива
    Барем моето уживаше у количка и спиеше у почеток и сега ужива у количка

    Ќе биде се. Се у свое време не се форсирај и не се мачи ќе видиш дека ќе навикнеш и после ќе викаш како бе јас живеев без бебе :D
     
    На TeddyGrey му/ѝ се допаѓа ова.
  14. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.408
    Пол:
    Женски
    :hug::hug::hug::l:
    Многу ми значи секој одговор од тебе. Се чувствува искреноста и разбирањето и многу ми значи. :hug::hug::hug:
     
    На vitamina му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Leo_29

    Leo_29 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2017
    Пораки:
    1.351
    Допаѓања:
    5.023
    Пол:
    Женски
    Уште сте мали. Тоа значи, најадено, напиено, со чиста пелена, во количка и надвор. Исто како што правиш за во двор. Во торбица памперс, тетра, влажни, боди. Рано наутро, кога не е многу топло, и кога нема многу луѓе раздвижени во паркче. Во моето паркче гужва од баби и внуци се прави после 9:30. Јас секогаш порано излегувам. ;)
    Спремете се, поседете во дворче, штом почувствуваш дека сте спремни, прошетајте. Па макар и да се тоа 50 метри. На таа возраст, толку мали, заспиваат по 10 минути шетња. Не се плаши. Биди внимателна и смирена. После ќе шетате секој ден. ;)
     
    На kukla21 и TeddyGrey им се допаѓа ова.
  16. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.393
    Допаѓања:
    32.816
    Пол:
    Женски
    @TeddyGrey Иста бев..
    И денес прв пат ја изнесов со количка. Сами двете. Страв до небо, што ако се распишти, што ако не би можела да ја смирам.
    Да имав некој со мене можеби немаше да бидам до толку уплашена, не знам. Би ја земала во раце а друг ќе турка количка,нели..

    Цицаше па и дадов дохрана, ја пресоблеков, и ја ставив во количка.
    Најадена,сува,чиста, намирена. Спремив торбица, влажни,памперс,вода и ад за по пат, цуцлата со нас и конечно излеговме. Абе ко на јајца да газев :) преплашена само ко чекав да почне да плаче.. а она напротив, си гледаше цело време де во мене де негде во небо/дрва :D и уживаше! Е веќе пред заспивање малку се расплака, ама цуцлата во уста и заспа.
    Шетавме саат и пол, и еве ја уште спие “изморена” од шетањето.
    Ти можеш да си измолзиш млеко и да носиш со тебе за секој случај. Штом ви е близу паркот, нема зошто да мкнеш алишта,памперси..

    Нормално е да се плашиме од она што ни е непознато.
    Ама ќе се навикнеме со време. :)
     
    На Leo_29 и TeddyGrey им се допаѓа ова.
  17. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.964
    Допаѓања:
    219.412
    Пол:
    Женски
    :hug:

    Ќе дојде ден и кога ручек ќе правиш со бебе и ќе прилегнуваш. Не се секирај се у свое време ќе биде.
    Знам дека сега ти изгледа претешко се и прекомлицирано ама верувај дека ќе биде мнооогу подобро.
    И јас вака исто пишував па ме тешеа. Се чудев ама сватив дека е навистина така и дека навистина со тек на време се прилагодуваш и е полесно.
    Ќе биде се полека..
    ]:):hug:
     
    На TeddyGrey му/ѝ се допаѓа ова.
  18. TheSecret

    TheSecret Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    4.724
    Допаѓања:
    8.794
    Пол:
    Женски
    Me potsetivte koga i jas prv pat go iznesov sama. Bese kraj na septemvri, ladno, sum go zavitkala vo kebe, mislis minus e. Pa deka vo zgrada, jas sama so bebe, kolickata mislis fotelja e, glomazna, golema, prvo osnovata ja simnav pa so brzina na svetlinata nazad po bebe. Okolu zgrada samo kruzev nikako podaleku, celo vreme samo go mestev kebeto, pa mi tekna da ne mu duva na glavceto ajde kapa mu staviv, koga zema da pisti, nekel kapa covekot, dur mi tekna, spremna bev za doma :D Si rekov ajde edno selfi da ovekovecime prvo setanje sami, ama pustata jas mi bese strav rakata da ja trgnam od rackata na kolickata da go zemam telefonot :^)(facepalm)
    Posle toa veke si se opustiv pa sekoj den setavme, kolku pati samo na klupa vo park go imam doeno i kaka menuvano :rofl: A sega nekogas duri i ke se zazboram so nekoja majka na lulaski i go zaboravam a toj ispentaren negde :wasntme:
    Inace, vo moe maalo majkata relaksatorot pred vlez bebe u nego sednato, i si pijat kafe :makeup: si vikam kako ne mi tekna relaksator da izvadam haha nemase kolicka da vlecam :!:
     
    На Meckicja, Ano, Abc07 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Angel.girl

    Angel.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    667
    @TeddyGrey моето мажуле има 2 месеци. Иста бев и јас, а верувам и скоро сите нови мајки. Не знаев како да го облечам за надвор,не знаев што ќе правам ако почне да плаче, ако на сред улица сака да јаде, ако ми затреба нешто...
    Ама јас сум човек што ако е затворен дома и не прошета неможе. Јас се осмелив од десетиот ден да излезам со количка на улица. Првиот пат бевме со маж ми. Го прошетавме 300 м. И го вративме у раце. Вториот пат 500 м, пак со плачки се вративме. После почнав рано сабајле ке станиме, ке цица и ако заспие пак одевме да шетаме. Сама шетав маж ми на работа е тоа време. Така шетавме по 3-4 км. Ако беше буден ми беше страв сама да излезам. Ако се разбудеше у шетња ја вртев количката одма за назад. И јас имав чувство дека не си го знам сеуште детето.
    Еве сега секој ден наутро и приквечер шетаме сами по саат време. Знае да закенка,носам играчки со мене ќе му тропнам и престанува.
    Има денови и кога воопшто не е расположен за шетање па не шетаме, ама сега веќе го знам.
    Немој да се плашиш. Земи бебе и некоја ихраќка покрај торбата со сите работи кои секако ти е за секаде спремна и прошетај се.
    Само пред да излњзош нека биде бебе најадено и пресоблечено.
    И да почне да плаче верувај дека не е толку страшно. Земи го малку во раце, застани, ќе се смире о пак ќе го ставиш.
     
    Последна измена: 3 септември 2018
    На Meckicja, Abc07 и TeddyGrey им се допаѓа ова.
  20. Ti19943

    Ti19943 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2017
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    51
    Пол:
    Женски
    Мајки кажете некој совет 43 дена сме уште на молитва не сме биле сеуште не сум чиста како што треба постојано ми тече кафеав исцедок крварењето ми престана од дамна. Пред два дена ми течеше црвена крв мислев дека е менструација но ништо сега пак кафеаво. Има ли нешто што можам да пијам за побрзо прочистување?