Тргни од тоа дека сестрите и докторките на неонаталогија може да имаат добиено или имале односи, па дошле на работа и ти го прегледувале и чувале бебето. Дали сите бебиња се со осип? Не.
Живи глупости, и додека медицината и науката одат напред, ние сеуште заостануваме со бабините девитини и правење нешто без логика. Уживај си во бременоста и после породувањето, со бебето..не си ја тупи главата со глупости. Порано луѓето се биле неедуцирани и се верувале во работи, кои во денешно време имат научно и медицинско објаснување. Седењето дома 40 дена е глупости, на тоа дете исто му треба чист и свеж воздух, макар 10-15 минути, само нема да го мешаш во гужви. Гости не е добро да доаѓаат поради тоа што бебето е нежно и има послаб имунитет од нас возрасните. Нема причина вечерно време да не излегуваш, од тоа сигурно нема да останеш без млеко. Добивањето на млеко зависи од хормоните, а ти можеш да помогнеш на тој начин што здраво ќе се хранеш и ќе избегнуваш стресови. Големи се шансите детето секако да ти има брунчиња, без разлика дали некој ти дошол претходно "нечист ". Детето на тој начин се чисти од твоите хормони и тоа е нормален процес. Потребно е време и како што се појавуваат, така и исчезнуваат.
Ептен сте адетлии, од секогаш сум се прашувала што ве тера да верувате во вакви работи или навистина е толку силна околината што може да ве набеди овие глупости да ги земете здраво за готово. Тргни од мали и големи молитви чисто да ги дофинансираш криминалците во мантии па и во три куќи да шпарташ, се до 40 дена дома да седиш Од адети за бебе 40 дена поштувам: - никакви гости додека не се освестам јас каде сум и зошто сум, никакви повојници мовојници и слични глупости - никакви вируси и контакт до бебето од никого - период на адаптација бебето на нас, ние на бебето - редовно секој ден на воздух - да најдам сила да бидам смирена и без стрес во првиот период - да најдам време да се наспијам оти веќе 2 месеци не спијам - една мала молитва бебе да не се погоди плачка и голема молитва да биде се во ред и да не паничам - да научам да ја држам, да ја дојам и да ја бањам
Jas seuste nemam 40 dena od poroduvanjeto I osven deverot sestra mi I tetka mi drug nikoj nema dojdeno a I poarno ova e nezno I seuste osetlivo bebce na virusi dodusa Mene mi fali narod ama ke pomine I toa bebeto go iznesuvam nadvor samo za na bolnica koga treba da go noseme so mm posto e ladno
A za odnosi jas so dusa cekam da mi sopre krvarenjeto I da imame odnosi so mm a I sestra mi ednas koga se porodi so prvoto dete I vikam ne doagam imam ciklus I taka se iznasmea ami mi vika tie na oddelenieto sto da nemat voopsto odnosi I menstruacija
А, докторските и сестрите на гинекологија рамазан ли држат, или добиено кога имаат не одат на работа? Ај малку логика и ќе ти текне да беше така сите бебиња нафрлани ќе беа. Пошто од толку жени сигурно некоја се сексала или добиено имала. Ич не се замарај со такви глупости. Кај бебе единствено не се оди ако си настинат или болен од нешто што би можело да се пренесе.
Тие 40 дена се заради опоравување на мајката и на бебето, на матката како орган 40-60 дена и требаат да се врати во првобитна состојба, да се собере... Потоа ќе ги практикувам заради мене и бебето не заради тоа што кажале бабите, има логика да се одржат затоа што бејби е мизофоб, нема никаков имунитет.... Склоноста на инфекции е 100% па така што ќе се меткам по лекари јас со стаклено дете, ќе си седам дома (со излегување надвор кога е убаво да фати дете чист воздух) и никој да не ми доаѓа, и ич немам мака за тоа дали некој ќе ми се налути а и свекрва ми е разумна жена модерна и не сака меткање на еден куп други луѓе околу бебка... А за излегување надвор откако ќе се стемни , еве хипотетички, дете има висока температура и треба преглед од лекар после 20ч. што тогаш? Мораш да одиш на лекар, никому ништо. Нашето вц порано било надвор од куќата и мајка ми морала да оди во вц и ноќе, и ништо не ни се случило нема никаква логика ...
На две недели ја донесов кај мајка на гости и прв пат беше во контакт со друго дете кое ептен се израдува. А на воздух ја шеткав од 6 дена. Предходно не бев ни способна. На месец дена бевме во парк со друштво, сите со бебиња и деца. На два месеца бевме на Водно(после веќе ни го затворија за со кола). У меѓу време тие што сакаа дојдоа да ја видат. На 4 дена кога правеа мекици, дојде другарка, со секс предходната вечер и добиено дента, ми кажа по телефон, викам ај ма не тупи... си ми кажала битно како стојат работите. И толку. На бебе никогаш ништо не му било. Малите бебиња до 40 дена секако се исфрлаат зошто се чистат од хормони. И башка ова само кај нас го има. Да бев сама секој ден ќе имам гости, не сум научена да сум сама ич. У принцип, треба вие да одлучувате како ќе правите, а не старите да ви наредуваат.
Јас исто на 7 дена ја извадив на прошетка....и тска секој ден по малце спрема временските прилики. Нит слушам некој нит ме разуведвит во нешто. Мое дете-моја одговорност и правила. Секој ден дома имав по некој на дружба и муабет. На месец кога имаше секоје сабајле одевме на плажа, па кј моите пошо блиску и поручек опет мама да се капит. Ич ама ич не им се замарам на луѓето шо ќе зборват. Еднаш проба свекрва ми да ми кажвит умој и на фин начин ја заќутив. Нит сум се мешала на други, нит да ми се мешет. Секој си знае за себе и дете како.
Ние сме 20 дена и кај мене имаат дојдено најблиските, неможев да му речам не, ама не седеа многу и не беа настинати. Па сега незнам што да речам сами треба да знаат дека не треба да идат.
најубаво е после 40 дена а кумот кога треба да отиде кај бебушот после 40 дена е најубаво или како ќе се договориш со родителите?
Ај да не ги нарекуваме 40 дена како бабски де туку еве едно два месеци не е пожелно многу многу гости мости такви чуда и ствари.. не од бабини деветини туку од медицински аспект на бебето и мајката. Искрено после пораѓај не знаеме ни самите на кој свет се наоѓаме не па гости да тераме, такви никакви распрталени ненаспиени што се вели додека се навикнуваме на бебе и слично не ќе ми текне да се лицкам пред гости да правам да месам за гости па и дете да ми мљацаат на 2 дена на пример. Самата состојба на мајката и бебето не е за гости и тоа е тоа фактот. Друга работа, мене свекрвата золвата мајка ми сите ми кажуваа да не сум излагала надвор кога ќе се стемнело, јас излагав обавезно на воздух да ме фати, или едно кафе да се напијам едно 5 минути оти првата недела два имав хормоби у вис, ми се лошеше и ме фаќаше саклет жешко ми беше од хормоните се потев ко луда па чат пат излагав надвор да се опуштам некоја минута. Еве ме жива здрава фала богу. Не знам, во мк старите се страшна работа, толку многу одмагаат со овие филозофии тоа чудо. Ете јас на доев и сега рајко и петко од доле ќе ми кажат "ете излегуваше надвор после заоѓајот и немаш млеко" а уствари тоа е најголемата глупост и циркуст и неукост што ја имам слушнато во животот. Ама како ќе и докажеш? Кога се задоени они така, 60.70 години од мали се задоени на глупости и сега јас ќе и објаснувам, аха. Што велат теле се учи крава не. И така. Дојдов да кажам по 100 пати оти вака ве читам дека ми се смешни овие работи и крајно безобразно неуки и глупи. И утре пак да родам сама ќе си го чувам колку год да е тешко и ќе си терам сама без никого да доаѓа да ми врши притисок во тие така тешки моменти. Не сакам со никој да ги делам, мразам некој да ми кажува глупости врз глава. Да ми руши мир.
Јас прв пат овде прочитав за тоа, мала за 3 недели се земало вода од црквата, некој од домашните одел во црквата... А голема оди мајката заедно со бебето и таткото... На големата за прв пат се внесува бебето во црквата и мајката не треба да има крварење... Така ми кажале...
Ни јас појма немам што е мала што голема молитва. Јес да си ја почитувам религијата ама поим немам од ова плус не сум ни правела. Го слушам само вака од вас. И сметам дека верувањето и почитувањето на варата наша е едно а сосема друго се поповите и нивните суми за венчавки.. крштевки.. Верата не се почитува со пари туку со душа.
А што е со криењето на лицето на бебето на слики до 40 дена ? Да не го урочат, а после 40те дена може?